УН Диета

Дискусија во 'Диети' започната од mKdevojce, 7 јануари 2010.

  1. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Тоа не е класичната руска салата...руска салата е со краставици(корнишони),карфиол,зелка,морков најлесто конзервирана во тегла нешто како туршија :))
    Уште тоа фали,мајонез во оваа диета и ќе има поправање а не слабеење :D
     
  2. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Палентата е повеќетоо....онака ВЕШТАЧКА да се изразам.Содржи предмногу адитиви и слични работи емулгатори,па најдобро е качамак...или со пченично брашно.Палентата содржи кристали кои бргу се разложуваат во организмот и после 2 часа си гладен откако си јадле палента :))
     
  3. Liljana15

    Liljana15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    11
    Мислам дека палента може да се јаде третиот, односно јагленохидратниот ден, и тоа како главен оброк. Инаку без млеко, јогурт или сирење не знам каква палента би излегла :D
     
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.613
    Од утре се дружиме повторно, полни 12 денови. ;)
    ТУРБО УН, која има да ја истерам максимално и без грешка, барем ќе се потрудам и се надевам.
    Ми требаат 2 килограми за до свадбата, и малку затегнување.
    Распоредот на работа и буџетот за храна овојпат се на моја страна (и рима има ова бре) :D и не планирам да ја испуштам оваа шанса, во превод - марула салата и портокали за појадок, ќорав портокал не видов низ цела регуларна УН , цели 3 месеци.
    Епа дечки, од утре.
    ;)
     
    На Angel.Heart и pamelche им се допаѓа ова.
  5. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Планирам да ја довршам до крај до 91от ден, па после тоа ослабела-не ослабела доволно одам на Турбо едно 12 дена, па после некаде ќе му дојде од 20 и некој Јануари ќе се фрлам на одржување.
    А, ако не го добијам посакуваниот изглед, пред одржувањето, ако треба ќе манам уште еден турбо :emo: .
    За вчера:
    Појадок: две мандарини
    Ручек: две парчиња стек со малку печурки + малку сирење + една чаша јогурт +салата од краставици(уште еднаш кажувам, на количина не пазам многу во протеински, зошто ептен се изгладнувам на овошен
    Вечера: едно парче стек + салата од свежо цвекло
    + после сат од вечерата една чаша млеко
    (да го искориста максимално денот)
    Денес ми е скробен, ама ручекот и вечерата нема да ми бидат исти од причина што ручав во село(малку порано ми беше ручекот, а вечерата ќе ми биде покасно).
    Појадок: една мандарина
    Ручек: пире од компири без ништо (сите си јадеа месо, колбаси и пеглана, супа, пире, мене од пегланата в уста не ми се ставаше)
    Вечера: ќе јадам манџа грашок еден тањир со салата од марула.
     
  6. Liljana15

    Liljana15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    11
    Денес 4ти овошен ден, ама се зафркнав, направив мафини за гостите и лапнав еден залак колку да ми помине меракот, ама сега грижа на совест имам :D изедов од сабајле една банана, едно јапонско јаболко и цеден сок од лимон и грејпфрут :)
     
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.888
    Допаѓања:
    110.056
    Пол:
    Женски
    Шангри-ла, не пишувај посто под пост, прво, второ, од кај баш мене ме запна, овде сите мешаат ти мене баш ме најде. Ајде, нека е, не е битно, сигурно овој коментар се однесува на сите. Трето а најбитно, темава ја пратам може година дена уназад пред да ја започнам, ги знам скоро сите и знам и дека и покрај мешањето на оброците постигнувале резултати. Да јас мешам, ама после 3 циклуса јас имам изгубено 3 килограми и се осеќам феноменално, изгледам ко да сум изгубила најмалку 7, очигледно дека сум имала многу масти наталожено кои се разградиле веднаш.
    Да си кажам јас за вчерашниот ден, протеински, си имав на ум да си испечам две стекчиња и да си ги јадам едното на ручек другото на вечера, ама пусто стекчињата се смалија ко ќебапчиња се сторија, па си ги изедов и двете, реално дали имаше 150 грама месо, со нив супа и салата. За вечера јадев пиперки со урда и јајце, изедов прилично малку, колку една лажица дали имаше и се разбира салата.
    Денес, 14 ден, Скробен, не знам зошто ама многу ми иде на нерви денов, ич немам идеа што да јадам.

    Појадок - малку салата и чај од нане, бев со дечко ми и двајца другари у кафана и они си јадеа чорба некоја, па јас каснав од салатата, колку една лажица, а на идење накај дечко ми изедов и две мандарини и една банана, троа од повеќе денес, ама само што добив и некако не ми се ризикуваше да испијам Кафетин менструал на празен желудник, испив и кафе едно турско, така да до ручекот си бев таман.
    Ручек - оривче, ете го се пече во рерна, морам да кажам, откако ја започнав диетава сум станала многу економична, зачувувам храна во замрзнивач, ја реупотребувам во други прилики... пример оние пиперки и урда од вчера ми беа смрзнати од претходниот протински ден, денес оривчето наместо зачин му ставив од зеленчуковата супа од вчера што не ми се свиѓање, се тоа да се употреби, да не се фрли, а се разбира ќе си направам и салатка сега.
    Вечера - исто оривче и салатка, нема утка денес бидејќи е веќе готово јадењето.

    И уште нешто морам да кажам, коа сум веќе тука де, кој вика дека диета во Зима е скапа работа, како да не, еднаш неделно отприлика полнам намирници за цела диета за по 200 денари од пазарче, зеленчуковци, овошковци, се што ми треба, тие што траат ги купувам преку една недела и така излегува дека навистина е ефтино. Завчера на пазарче наполнив еден куп овошје и зеленчук и си дојдов дома едвај, за 250 денари, башка има се, сезонско овошје кое е ефтино, зеленчук кој е исто така сезонски, дури и несезонскиот не е скап, како марулата или патлиџаните, е сеа краставички купувам од овие за туршија, тие ми се поефтини пошто поголемките не ги продаваат за туршија.

    И уште само ова, ветувам толку само, Нутриционист, добредојде назад, ни недостигаше на темава, погледни страна две наназад, ќе видиш дека те спомнавме со Анабелка :D
     
  8. shangri-la

    shangri-la Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2012
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    31
    Да знам дека е онаа од туршија :) само ние по дома не ја викаме така и затоа одма ми оди паметов кај другата. :D

    Ангел, се обидов да ги ставам и цитатите во ист пост, но од таблет пишував и не ми успеа иако 3 пати го редактирав мислењето.

    Добронамерен беше коментарот, во книгата и на секој блог за диетава пишува дека не треба да ги мешаш протеините односно што јадеш за ручек тоа и за вечера. Затоа пишав, сепак мојата логика е ако правиш нешто да го правиш како што треба.
    И ова со „и други мешале па пак ослабнале“ ми е малку излишно да се сподели, но ок нема да навлагам во тоа. Кој колку изгубил е индивидуално, после 4 циклуси имав 6 кила помалку. Станува збор за режим на исхрана кој треба да те научи да ја комбинираш храната правилно и да ти го забрза метаболизмот за кога ќе го прекинеш режимот да не ги вратиш килограмите. Сигурно постои причина што е така конструирана. Нели сите тука се решивме за undiet, не е поентата само да се симнат килограмите. Но, гледам дека сите имаат проблем кога некој ќе им посочи дека згрешиле така што ова ми е последна критика упатена кон било кој. Што се однесува до мене слободно мешајте си ги оброците.

    Критика или сугестија доколку јас некаде погрешам со храната е добредојдена. Фала.
     
  9. milaaaaa

    milaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2010
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Здраво диеталци, од утре и јас официјално почнувам со ТУРБО УН. :D
    Коклу за потсетување на распоредот: протеински - скробен - овошен, протеински - јаглехидратен - овошен и пак така по ред. :D (правилно ги напишав мислам)

    Се надевам на добра дружба и секако успешно симнати задоволителен број на килограми! 8) Со лесно нека ни е на сите! :D
     
  10. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    протеински - скробен - овошен, протеински - скробен - овошен, протеински - скробен - овошен, протеински - скробен - овошен. :)



    7/12 Протеински ден - Турбо УН.

    Доручек: 2 банани.
    Ручек: 2 јајца, салата со 2 кисели, 2 обични краставици и урда.
    Вечера: туна со кечап, салата од една краставица.

    Знам дека е пожелно 1 банана, ама си кснав 2. Вака кога ќе видиш, јас повеќе јадам од тоа што треба, ама барем не прекршувам. :wasntme:
    И знам дека е пожелно тоа што е за ручек, истото за вечера. Ама сакам малце да сменам, со туна.
     
  11. shangri-la

    shangri-la Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2012
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    31
    Дечки, читам за турбо ун-ов. Планирав да поминам циклус од 29 дена па после водениот да почнам со тие 12 бидејки 91 ми е навистина премногу, имам уште само 2 кила за симнување а на 20ти ден сум. Но тука пишува дека се препорачува да се почне 46ти или 75ти ден од режимот односно 12 дена пред водениот. Па ме интересираат вашите искуства?
     
  12. Angel.Heart

    Angel.Heart Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2012
    Пораки:
    593
    Допаѓања:
    2.053
    Еве ви за турбо ун :hai:

    http://www.dijeta.net/phpBB/viewtopic.php?f=1&t=2384
     
  13. alisa222

    alisa222 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    46
    56 ден ЈХ
    доручек: 2 киви
    ручек: 2 парчиња пица
    вечера: 1 парче торта ,1 ред чоколада, 1 ред црна чоколада :)
     
  14. amnezija

    amnezija Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    3
    Неможев да го издржам 29ти- Воден ден :( каснав салата .......тоа е
     
  15. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Добро е шо е салата.... xD
     
  16. amnezija

    amnezija Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    3
    Ооо не ни планирав нешто друго :D Здравје наредниот воден :D
     
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.888
    Допаѓања:
    110.056
    Пол:
    Женски
    Значи луѓе србиве се трупци за разбирање на диетава, едно па исто прашуваат по сто пати. Си ја најдов и Лукс на форумче српско за диетава :rofl: Имаат многу убава табела за следење која што е направена така да ви ги следи деновите и ако си ја гледате често нема шанси да утнете ни ден ни ништо. Инаку тие се особено ЗА воден ден и речиси сите го почитуваат, има еден дечко кој многу убаво ја разбрал диетава и ги корегира, слично како наша Лукс, и ослабел навистина многу. Инаку според него Турбо Ун може да се практикува 12 дена пред вториот воден и пред третиот воден, всушност според книгата, а тоа значи наместо 3 циклуса по 4 дена регулар УН диета, идат 4 циклуса по 3 дена Турбо УН диета. Доколку некој е за нека ми испрати меил во ЛП ќе му ја испратам табелата за да се ориентира според неа, не е воопшто тешко.
    Инаку денес, привршува мојот скробен ден, прв досега кој не ми бил досаден, навистина ми помага многу тоа што денес го јадев моето омилено јадење, оривче, салатките си ги погодив и мора да кажам пак, диетава, воопшто не е диета, ми претставува релаксација да ја држам, воопшто не е тешка. Мој план е да ја издржам 91 дена, без ни еден ден пауза да ја започнам одржување, дотогаш убаво ќе ги прегледам сите можни варијации и комбинации, со и без Турбо УН измеѓу. Решена сум, со сите можни водни денови, со сите можни варијации, само конечно да ослабам и да се откачам од овие проблеми. Искрено, многу сум исплашена што понатаму, да не ги вратам килограмите назад, да не биде се залудно, но мое е да се обидам ;)
     
    На Mrs.Bass му/ѝ се допаѓа ова.
  18. milaaaaa

    milaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2010
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Сепак јас сум во право, во тие 12 дена турбо ун има и два јаглехидратни кои се менуваат со скробниот. Информирај се убаво за редоследот. Поздрав :)
     
  19. Ivi.milo.mi.e

    Ivi.milo.mi.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2012
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    39
    21ден-протеински.
    доручек:две банани
    ручек:туна со кечап и кришка интрегрален леб
    вечера:исто како и ручекот
     
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.888
    Допаѓања:
    110.056
    Пол:
    Женски
    Мила е во право, значи иде:
    Протеински
    Скробен
    Овошен

    Протеински
    ЈХ
    Овошен

    Протеински
    Скробен
    Овошен

    Протеински
    ЈХ
    Овошен

    Значи трае 4 по 3 дена, вкупно 12 и според книгата може да се држи 12 дена пред водниот, исклучиво во вториот и третиот месец, и се разбира по завршувањето ако ви е потребно. Мада основната функција на Турбо Ун е да го промени метаболизмот, да го измести малку од секојдневието, да го збуни а со тоа да дојде до губење на кила во периодот кога организмот стагнира, а тоа е најчесто при крајот на вториот и третиот месец.
     
    На DAngel и milaaaaa им се допаѓа ова.