УН Диета

Дискусија во 'Диети' започната од mKdevojce, 7 јануари 2010.

  1. tamarce.j

    tamarce.j Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2012
    Пораки:
    282
    Допаѓања:
    331
    Јас сум при крај со диетата, уште четири дена имам за 91 ден, со тоа што последниот месец ја држам убрзаната УН.. Ама планирам да ја држам до 30 Декември. Иначе, 10кг до сега ослабени, ама очекував повеке, имам уште десет за симнуванје, така да да поминат празнициве и пак си се вракам на УН .. :) Позз до сите :*
     
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.933
    Допаѓања:
    110.271
    Пол:
    Женски
    Мислам дека подобро ти е прво да почнеш со Одржување, мислам дека многу малку си ослабнала за 91 ден, не знам колку си се држела до правилата, ама јас очекувам сите 20 да ги симнам за 91 ден, со оглед на тоа што се придржувам и досега за речиси еден месец не сум направила поголема грешка. Ама ти си знаеш.
    Денот отиде што отиде, јас се прелажав дека нема да јадам ништо повеќе кога вечерата ми беше во 4, ама тоа е што е, ќе морам да ги натемпирам уште малку оброците. Нејсе, каснав лепче и џем, не ја утнав, ама сакав да останам на само едното парче чоколадна торта. Како и да е, утре крај на 6ти циклус, овошен, си се имам опремено со киви, мандарини, банани и цитрони, лесно ќе биде, и некое бадемче и нема фрке ;)
     
  3. megy24

    megy24 Активен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    9
    Успешно помина и мојот 25 ден со оглед на тоа дека после вечерата поцувствував малку глад но си испив 1 шумача таблета и се среди се вака денес на менито имав...
    Доручек 2 јаболка
    Ручек компир салата со малку кромидче и кисели краставички
    Вечерата не можев да јадам компир салата па си направив пире со салата
    толку за денес и уште еден поминат ден.
    До сега се немам мерено едвај издржувам чекам да се мерам точно на денот кога ке правам 1 месец. но имам доста резултати ;)
     
  4. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    8/90 овошен
    на мени денес 2портокали, 3мали мандарини, 2банани,суво грозје, 2јаболка..
    нескафе, и многууу многу вода :)
     
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.933
    Допаѓања:
    110.271
    Пол:
    Женски
    Денес 24ти, овошен ден, крај на 6ти циклус, уште само еден до воден ден. На работа понесов 2 банани, 4 киви, 4 мандарини и 2 цитрони, цел ден на работа, си ги поделив во два оброка и едниот ќе го изедам сега, другиот пред крај на работно време ;)
    Меги мислам дека денес треба да ти биде 26ти ако ти е скробен ;) Ама ве поправам :D
     
  6. Ramante

    Ramante Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    60
    2/91 вчера 2 ден и супер ми помина доручек 3 мандарини ама мали беа за ручек ориз и зелка салата и за вечера 3 посни сарми .во петок ќе се мерам да видам дали сум ослабела некој грам а денес ке се јаде благоо јеее :clap: поздрав
     
  7. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    1.347
    6/91
    Скробен
    Појадок - две зелени јаболка
    Ручек - варен компир со кечап и салата од цвекло
    Вечера - исто

    П.С. Почнав да добивам комплименти за изгледот ,веќе се забележува дека сум ослабена :D
    Се немам мерено 2-3 дена ама по облеката се чувствувам дека имам намалено.
     
  8. shangri-la

    shangri-la Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2012
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    31
    Се согласувам со Ангел, 10 кила за 3 месеци се премалку.. јас 8-9 симнав за 29 дена. И забрзаната ун се држи 12 пред вториот воден ден и 12 дена пред третиот. Не си требала цел месец, таа е наменета само да ти го разбуди метаболизмот кој се навикнал на еднилична исхрана. Не е наменета за забрзано губење на тежина ако така ја имаш разбрано. Кога ќе поминат празниците премини си на 3 месечно одржување.. би требало да симнеш уште некое килце додека си на тоа.

    Одржувањето е исто со овошје за доручек, и без леб за вечера.
    Деновите одат: протеински, скробен, скробен, протеински, јаглехидратен, па овошен.
    На крајот од 29 дена исто имаш воден.
    Разликата е само во тоа што можеш да си дозволиш да измешаш врсти храна, да јадеш поголеми количини, и ручекот и вечерата може да ти бидат различни. Немој да си го измачуваш телото со диетата уште цели три месеци. Кога ќе ти помине одржувањето ако се уште имаш потреба од диета, тогаш може да ја почнеш повторно. Има тема за одржување на форумов,

    Среќно :)
     
  9. Red-lipstick

    Red-lipstick Активен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    4
    прв ден- протеински д-две мандарини р-туна риба со салата в-туна риба , бидејки легнав многу касно си дозволив 2 мали чаши јогурт (баланс со 1% масленост)

    втор ден-скробен д-две мандарини р-пченка од конзерва и в-малку грашок и ајвар

    трети ден- јх д две мандарини и една банана, р- мусли со млекце ( знам дека млекото е грешка ама тоа ми се пријаде ) една чинија и за вечера 4 мали чоколатца од виталија

    четврти ден-овошен и си земав индиски оревчиња(грешка ли е ?)

    Од поискусните сакам да прашам и дали е грешка после вечерата доколку се седи до покасно да се јаде 1-2 парчиња овошје?Инаку лебот го исклучив во диетата.
     
  10. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    13.019
    Пол:
    Женски
    Би ти советувала зеленчук навечер ако веќе мораш да јадеш, затоа што шеќерите во овошјето се потешко разградливи. Пример една свежа краставица има околу 30 до 40 калории, а заситува.
     
  11. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Зошто викате дека -10кг за 3 месеци е премалку? За тој што има помалку за симнување се таман.
    Па ако некој има помалку за симнување треба да се прави кожа и коски да стане анорексичен? :fubar:
    А, и 10кг за 3 месеци се идеални, зошто ни едно кило од тие симнати нема да се врати назад, за разлика од она кое е симнато многу побрзо.
    Немојте да ја обесхрабрувате на ваков начин, јас ќе ги симнам толку за 3 месеци и што, за мене ќе бидат таман, па можеби и отповеќе. :|
    Ако се сака, т.е ако сакав можев да имам симнато -10 уште во средината на вториот месец, ама тоа значеше дека: треба да ги ограничувам оброците да јадам стрикно 250г, да ставам по 10г масло во секоја салата, да си кратам на сирење и млеко во протеински, да држам водени денови(што не е лошо да се држат), да јадам само варено, барено и цело време да бидам гладно и зошто - само за да ослабам побрзо за да имам побрз јо-јо ефект?
    Мислам бидете пореални малку, 10 кг за 3 месеци не е бројка за потценување, ако се земе во предвид целиот труд и сите прекршоци што се прават во текот на диетата.
    Поарно минус толку, него ли ич за тој период? :!:
     
    На barbie28, kate21 и alisa222 им се допаѓа ова.
  12. shangri-la

    shangri-la Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2012
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    31
    Може секакво јаткасто овошје во овошен ден. Мене најмногу ме заситуваа бадеми.

    Вечерата треба да ти биде минимум 3 саати пред легнување, е сега доколку навистина седиш до многу покасно се препорачува само вода и чаеви. Но ако си на почеток и не можеш да изржиш, нека биде тоа зеленчук. Но не го практикувај секој ден. Овошка можеш само како ужинка меѓу доручек и ручек(два саати пред ручекот) ако тие две од утрото не ти се доволно. Среќно ;)



    Лукс, јас имав само 7-8 килограми вишок и ги зимнав во првиот месец придружувајки се на правилата. Затоа одлучив да ја прекинам диетата и да продолжам со одржување наредниов месец со што постепено би се вратила на нормална разновидна исхрана. Не се согласувам дека тие што имаат помалку да симнат не треба да се придржуваат до правилата за побавно да слабеат. Затоа е наведено ако имаш помалку да симнеш порано да ја прекинеш. Е сега, не знам каков е случајот со девојката погоре, но чим спомна дека веднаш после празниците планира одново да ја почне со режимот иако го држела 90 дена значи не бил случајот дека станува збор за помалку килограми за симнување. Напротив. Од таа причина и сè што прочитав за диетава се согласив со Ангел и го дадов тој одговор. Најмалку ми е целта некого да обесхрабрам.
     
  13. Ivi.milo.mi.e

    Ivi.milo.mi.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2012
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    39
    31ден-скробен
    доручек:2 банани
    ручек: пире со кечап
    вечера: пола од ручекот
     
  14. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Браво за тебе што си постигнала успех, ама не реков дека не треба според правилата да се држи, туку ако се сака да се слабее побавно тогаш не е потребно СТРИКНО придржување(10г масло, скратување на оброци, само варено да се јаде итн).
    Значи добро е и побрзо да се симнат килограмите, ама секој организам е различен и му треба различно време за симнување, ако кај тебе се симнале побрзо, кај неа или кај некој друг симнувањето оди поспоро.
    Кај мене знам од кои причини оди побавно, иако вежбам.
    Од тоа што си пијам нескафиња - реков дека не можам да ги оставам и што не кратам многу количински, не јадам многу, ама не ни мерам колку јадам. Ама :!: никогаш немам направено во текот на овие денови додека ја држам пропуст во храната, секогаш сум ја држела до ден како што е пропишано!
    Од време на време знам да се напијам и газиран сок - роденден, гости, густи и со растворање не пијам, газиран може зошто иако на други форуми прочитав дека една чаша сок заменувала еден оброк, во диетата што ми ја дадоа во Афродита С, а беше истава УН диета, пишуваше доколку се пие сок, тој да биде газиран.
    И тоа е тоа, не ме сфаќајте погрешно како да ве напаѓам, ама во врска со ова прашање има многу да се дискутира зошто пак ќе кажам РАЗЛИЧНИ ОРГАНИЗМИ и различен ПРИСТАП т.е ОДНОС т.е начин на држење кон диетата има. ;)
    Некој планира да си ја држи цела, некој планира да си ја прекине побрзо, како и да е, битно да се слабее, на крајот, ИЗГЛЕДОТ е многу поважен, неголи килограмите, кои не се НИКАКВА МЕРКА за изгледот, се надевам се согласувате со мене.
     
    На SkarletOHara и alisa222 им се допаѓа ова.
  15. shangri-la

    shangri-la Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2012
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    31
    Aпсолутно се согласувам со тебе, не може некој со 30 кила вишок и со 10 кила вишок исто да слабее.
    Но во случајот што го коментиравме погоре, станува збор за некој кој смета дека има повеќе да изгуби а во три месеци не го постигнал тоа. Е сега дали станува збор за непридржување правилно или што е не знам. Во секој случај мојот совет за девојката е да премине на одржување а не повторно на диета бидејки и со одржувањето се симнуваат килограми.

    Не знам зошто си го сфати лично ова со бројкава, индивидуално е да. Доколку си одлучила да симнеш помалку во подолго време и ти успева тогаш одлично. Keep it up :) Ние за нешто друго зборувавме.
     
  16. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Е така, да нема недоразбирања, не го сфатив јас лично и не пишав за да ја бранам девојката или да застанувам на нечија страна, или да се оправдам себе си за нешто, него тоа баш што го зборуваш, не се слабее исто при различна тежина, на тоа алудирав, дека не е можно некој со вишок 20 и вишок 30 исто да слабее, секако дека во вториот случај слабеењето ќе оди побрзо, а во вториот ќе има побавно слабеење иако и од други фактори зависи, не само од тежината - физичка активност.
    Може да се направи дури и експеримент на пример, две лица од исти пол, со иста тежина и две лица со различна тежина, да започнат да држат иста диета во исти услови и се исто да јадат и исто да вежбаат, да прават се синхронизирано, пак ќе се појават разлики во однос на намалување на тежина. :)
    За вчера:
    60/91 Скроб
    Појадок: две мандарини
    Ручек: салата од компири, грашок, пченка и моркови со масло и киселина
    Вечера: исто + 100г печени костени
    Не се правдам, ама ова со вечерата е причина поради која не слабеам брзо, количински што не пазам вечерата да ми биде помала.
    Денес:
    61/91 ЈХ - уште точно 30 дена до крајот на диетата и се надевам на уште - 4кг, а во текот на одржувањето ако се симнат дополнителни кг нема да биде лошо.
    Појадок: еден портокал
    Ручек: јуфки со лут и благ кечап
    Вечера: 2 велнес кукис со суво грозје и 5 мали "славски" колаченца со црно чоколадо.
    П.С во прилог моето календарче залепено на фрижидер:
     

    Прикачени фајлови:

    • tabela.jpg
      tabela.jpg
      Големина на фајлот:
      90,5 KB
      Прегледи:
      244
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  17. si.exs

    si.exs Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    140
    9 ден

    појадок- едно големо јаболко
    ручек-2 јајца,салатка и 2 домати со малку кромидче,само посолени..една кисела краставичка и малку цвекло...супа една неполна чинија без резанци + едно тенко лепче за тост
    вечера планирам јајце со малку салата и 1 домат


    Иначе си сварив и кафенце морам оваа вечер да учам до касно а веќе ми се приспива,само се мислам дали да го пијам така горко без зрно шеќер. :puke:
     
  18. alisa222

    alisa222 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    46
    66 ден овошен
    доручек: 2 јаболки
    ручек: непечен сончоглед и 1 портокал
    вечера: лешници, 1 јаболко и 1 портокал
    Денес испив 1 цедевита, 1 чај, 1 нескафе без шекер.
     
  19. A.n.g.e.l.a.V

    A.n.g.e.l.a.V Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.402
    Пол:
    Женски
    Денес ми е јх 11ти ден
    доручек- 2 јаболки
    ручек- плетенка ( баничка)
    вечера- 30 грама чоколадо еуро крем има околу 300 калории :worried:
    се надевам не е многу
     
  20. Regenbogen

    Regenbogen Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    175
    Пол:
    Женски
    3/91
    два портокала и 2 јаболки, чај и кафе и к.вода
    пита со зелка, и зелка салата
    малку пуканки без сол, пингви од виталија и 3 бомбици домашни