Вчера овошниот ми помина ептен супер, со јаболчиња, портокали, мандарини, шолја чајче од јаболко и цимет и многу вода. Денеска сум 4/12 - протеински ден, сега само што испив свежо направен сок од 3 портокали. За 2 да правев, не ми се исплатеше само да го вадам и мијам соковникот. За ручече на репертоар денеска имам соја шницли печени на фолија во рерна без масло и зелка салата со рендан морков и ќе видам ако има цвекло низ дома, и тоа ќе ставам. Тоа би било тоа за денеска.
54ти ден од 91, Овошен, почнав убаво да цапам во втората половина, 9ти ден од УН, уште три па Воден, искрено не ми беше толку лесен минатиот пат се плашам по малку, ама тоа е што е, ќе се издржи бидејќи навистина се грешеше доста во теков на празнициве и славјево. Си понесов на работа 3 мандарини, банана и една кива, се мислам на некое бадемче после од Тинекс и некое суво овошје, некако сум скептична за денес дека не изобилувам со многу овошје и зеленчук во мојата кујна па ќе треба да се снаоѓам спартански денес Вода и чаеви ќе бидат добредојдени, во тоа име идам еден да направам сеа, а замислете уште не сум испила кафе, па се чудам зошто ми се затвараат очите
4 Ден Витамински И мене во овој период денешниов ден некако ми е омилен и наједноставен, нема што да му ја мислам што како, јаболка, портокал на работа, зеленчук дома, има од зимнициве доста избор, туршија, зелка од расол, салати.
Скарлет ти ја немаше завршено диетата? И Одржување исто? Дај кажуј како што, сакаш уште да напалиш или?
AngelOfArh kolku imas oslabeno do sega Gledam ti veke dolgo ja drzis dietata jas samo sto ja pocnav po vtor pat sega sum5/90
Се мерев минатиот викенд, после серија од неколку опуштања, мешање на видови храна и отповеќе блачко, 8 кила минус и веќе 20 см во обем Целта ми е 20 кила и уште најмалку толку колку што имам ослабено во обем, нормално за подолг период, колку што треба само да не се вратат веќе овие грди перничиња низ моето тело
Bravo jas lani ja drzev 80 dena i oslabev 13 kg posle toa ne pojaduvav ovosje no nemav rateno ni 1 kg + denot so voda ne go drzev sega imam kaceno 2 + od praznicive i zatoa sega ja drzam i jas sakam da oslabam barem uste 15 zosto se na mene mi tezi ))))
Jас после ке дадам поопширен рапорт,сега ме интересира ова. Mоже да се јаде кус кус во скробен ден,претпоставувам дека може нели е како оризот или не? Mора да се јаде супа? Kаква ја јадете,само вода или рендате морков нешто брокула додавате?
Да минатава зима се поправив мнооогу, не знам како и зошто не дека барам оправдување но периодот пред тоа имав повеќе стресови(период од 1година-1,5), и кога помина се почнав да се дувам се повеќе се до летото кога почнав со УН. Не се мерев искрено и во огледало не се гледав. Со Ун се вратив во нормала, не знам колку симнав многумина што не ме виделе во период додека слбеев, не можеа да ме познаат и велат дека имам 20 кг ослабнато,така од око, јас не знам не сум сигурна за бројаката, може дека не сакам да поверувам колку сум била ако сега имам -20. Одржувањето помина ок, си се одржав богами се плашев да не почнам да се враќам на старо, и ако намалив нешто на почетокот на оддржувањето сигурно го вратив за празниците ама не с е жалам. Е сега сум веќе нормална јас, но нормална јас секогаш била со малку вишок, кој сега ќе се обидам да го намалам, плус оваа година сакам бебе па морам уште малку да намалма за да имам фора после да качувам. Живот, еднаш си доле после си горе.
Wolf4e, за кус кусот би требало да може во скробен, затоа што сепак е пченкарен гриз - па по некоја логика пченката е добар извор на скробни јаглехидрати, а и јас во скробен многу често јадев и од онаа златната мешавина ( компир, пченка, морковче, грашак... ) така да.. А што се однесува до супата, јас минатиот пат кога ја држев диетава ниту еднаш не ја конзумирав во протеински ден, па пак намалив значително на килажа. Значи ако не сакаш - не мораш да ја јадеш, не е задолжителна. А ако веќе планираш да ја правиш, стави и морковче, вегета, брокула ете ако сакаш или некој друг зеленчук - како си преферираш, затоа што зелечукот нема да има некоја голема калориска вредност, тој и така нема, а не пак варен/обарен.
деновиве заборавив да ви пишам па денеска ми е 10ден-скробен доручек: 2банани ручек: пире вечера: на пола
Jас сабајлево се мерев и имав 66.8. Kасно станав и затоа не јадев појадок,плус немав овошје дома. 1\90 Протеински Појадок-Tурско кафе без шекер Pучек-Mарула со пилешко и малку фета сирење,ептен малку јадев и супа(процедена) со рендан морков. Bечера-Mарула со пиперка и пилешко печено. Eдвај го чекам JX
здраво на сите, ме немаше подолго време, но решив повторно да ве дружам инаку лани ја држев оваа диета, и за неполни 3 месеци ослабнав 7 кг, од 60 до 53 кг, а сум висока 162 см, и бев многу задоволна, не ги повратив килограмите, но ах тие празници... до 15 декември некако се држев, околу 54кг бев, но околу нова год секоја вечер седење во ресторант, и после боќиќ се мерам, гледам 56... неможев да си поверувам, и решив да се вратам еден период, да симнам околу 3-4 кг...малку тешко ми оди, се одвикнав од едноличната исхрана, но морам да бидам силна... денес ја утнав првите 3те дена ги издржав, и денес прв овошен ден, сабајле јаболков оцет со вода (почнав да го комбинирам со диетата) после јапонско јаболко, портокалче, јаболко... и околу 17.00 си зимам уште еден портокал, кога гледам свариле макарони со сос... и неможев да не јадам, диетата ја почнувам од утре, се надевам ќе бидам поупорна Анабел-а колку што знам ја држеше диетата долго време, и многу ослабна, зошто сега ја држиш повторно? поздрав на сите
Не пишував извештај за последнава недела, се си одеше според планот, само што место воден си дозволив дека за Божиќ ми се падна, си дозволив да си јадам се што ќе има на маса, од се по малку, после си продолжив со диетата. Денеска ми е последниот 91/91 и ете така, решив да го пишам се што сум јадела за да го обележам крајот на диетата и почетокот на Турбо УН 12х2. Исто пак ќе пишувам што како од турбото и после ако имам време после 24 дена ќе пишувам и во темата за одржување. За денес ова би било се: една мандарина сабајле, после тоа салата од марула и краставици и салата од цвекло + едно јаболко + една банана И толку + еден чај од нане со мед. П.С се немам мерено, ама и да немам ослабено, сега очекувам со турбово да симнам уште минимум 3.
Вчера овошен ден претежно киви и јаболчиња, витаминизирана до максимум и кикиритки Денес протеински ден доручек кафенце ручек баланс јогурт со малку геврече вечера 2 кришки пржено лепче со јајца
Јас изгледа и чипот во глава сум си го сменила, откога почнав со режимов.... Денес витамински ден, а бре не ми се јаде, душата не ми сака ништо, едвај едно јаболче и портокал каснав да не припаднам, а вчера се замарав што ако не издржам Утре прво мерење по 4 дена од диетава, да видиме дали нешто се дешава или не
Јас од утре планирам да почнам со диетава.долго време и се мислев ама мислам редно е.сега незнам дали ќе успеам да издржам 90 дена ама ќе се пробам.е сега на почеток знам не е лесно,па дури да се навикни организмот што правите кога ве фати криза?дали е ОК измеѓу ручек и вечера да се јаде салата? Или треба ептен строго да се придржувам
10/90 Протеински ден Појадок:сливи Ручек:3јајца и салта од зелка Вечера: салата од зелка и везени огин лути пипрки Спојлер за протерување се махер и тие слабеат ама ми се слабост не можам ни едно јадење без лути пиперки уфкам туфкам од луто ама си ги јадам како чоколади
ете ме и мене во гужва деновиве значи вчера ми беше јх ден и макаронки и баклава за вечера а денес овошен и сега ме фати криза за солено па си напраев салата со зелка нее грев голем мислам нели? ми е страв да се мерам дека за празнициве мнооогу алкохол се пиеше а тоа ти се калории охооо ама сега што е тука е во недела мерење ме чека поздрав до сите
Лелеее, за 4 дена, - 2,5 кг, колку сум среќна Па за 90 дена, ќе ме снема Ќе си се мерам секогаш по витамински ден Добро, знам дека можда ќе има и некоја стагнација, ама супер е за почеток, нека продолжи вака Плус енергија имам ептен, денес физичка активност - ЧИСТЕЊЕ Денес 5/90 протеински, немам уште мени, ама според планот нели, мевце или млечни производи, ќе се одлучам подоцна