Фала ти на убавите зборови Упорна бев и мотивирана, ама сега е поразлично. Сега се омажив, па сами живееме со мажулето и морам и на него да мислам. Плус и во фаза сме на деца правење, па малку ми е страв да гладувам многу....инаку како бииии А лебот не ти е ни потребен. Јас и кога не сум на диета не јадам леб (освен со ајвар ). А за трчање можеш да почекаш и 1 недела бар да помине од диетата, додека ти се навикне телото на ваквата исхрана. Јас се зезнав првите 3 дена со вежбањето. Толку многу се осеќав исцрпено, што мислев ќе се онесвестам.
melanie27 фала ти ке го послушам твојот совет во врска со трчањето . девојки планирам утре за јх ден да јадам кус кус што мислите ,мислам спаѓа во тестенини
ммммм кус кус, добра идеја. Салата од кус кус можеш да направиш. Кус кусот измешај го со ситно сецкан домат, пиперче, маслинки, сув или свеж босилок (јас ставам и рукола) и малку лимонов сок. Одличен оброк. Ова ќе да е мени за мојот нареден оброк, а за овој јх ден планирав шпагети со сос од спанаќ
Сакам да почнам да ја држам оваа диета само да прашам дали секој ден може да се пие чај?Затоа што секој ден пијам по 2-3 чаши,и не би сакала да се откажам затоа што многу поволно ми влијае на организмот и на здравјето.
Може и тоа колку повеќе толку подобро. Само единствено белиот шеќер е проблем. Ако е една до 2 лажички, не е проблем, ама ако е повеќе, тогаш гледај да користиш или вештачки засладувачи или да го користиш шеќерот од сувото овошје (во топлата вода ќе додадеш суво овошје)
42 - протеински појадок овошје, ручек гулаш со телешко и моркови и марула салата, вечера јогурт 43 денес (веќе поминало полноќ) скробен појадок овошје, ручек печен компир со рузмарин и марула со кромидче, вечера врска немам....може пире да си направам... и да малку стагнирам, ама ке биде, кога ги видов фотките што ги направив пред 40 дена се почувствував слаба ко манекенка каква разлика
Не сум многу активна на форумов но чат пат знам да си прочитам по нешто што имате напишано Диетава посебно ми привлече внимание пошто една моја пријателка за два месеца ослабе 24 кг Од утре официјално ќе ја почнам и јас па ќе ве дружам повеќе оти гледам дека повеќето кои што сте активни на темава ја држите диетава па ќе ми треба нешто да ме мотивира
Вчера овошниот ден помина со 2-3 грешки ... shame on me . Ама се тешам дека денеска почнува нов циклус и дека ќе бидам попослушна од минатиот Денеска 9/90-Протеински Бидејќи не си спремив јадење за денеска, додека сум на работа ќе јадам овошје па после кога ќе стигнам дома ќе јадам пилешки филети и салата. Знам дека не е исправно вака да бидам на овошје до 17h ама морам... Инаку стандардно дневно пијам по 1-2 кафиња, 1-2 шољи чај и обавезно 1,5-2л вода
добро утро вчеера ми беше јх ден и убаво си почнав 2 портокала ручек како што си писшав зелник 1 парче со мноогу кечап и буковец и супер се најадов и си легнав малце е тука згрешив спиев 2 саата може и станав ми се јаде благо и реков ајде 1 парче торта сува па уште едно па ајде крем бананче па уште едно и уште едно и за нигде сум се најадов благо па после цацко ми е крив што стагнирам едино добро е што јдама тоа што треба ама претерувам ....од утре турбо УН а денес овошен .е вањда нема да го зезнам овошниов до сега не ми беше проблем поздрав
Морам да те исправам . Бидејќи ручекот ти е подоцна, секако дека можеш до ручек да јадеш овошје...и тоа и 1 кило можеш да изедеш. Единствено треба да престанеш да го јадеш мин. 2 часа пред ручекот. Најважно е да не се прегладнуваш
66 ден, да не заборавам кој ден сум прво да напишам па ќе ве прочитам Супер поминати денови во однос на сите оние грешки кои ги имав направено, па и ПМС ме дрма, топ Денес Овошен ден, овошје, зеленчук, јаткасти плодови. Си купив малку бадеми, си имам доста киви на располагање, еден портокал и еден цитрон. Денес ќе се обидам и овие намирници да ги намалам, мислам дека претходно доста си јадев од витаминиве на овошен ден На диетава и се гледа крајот, уште нецел месец, само еден воден ден, не е лошо.
Едно прашање имам. Една девојка поназад постираше линк за кои пијалоци може да се пијат во одреден ден од диетата, ама никаде не можам да го најдам. Да не знаете вие, да ми помогнете?
Значи нема да ја грешам денеска, а??? Супеееер . Фала многу за информацијава, инаку имам 1 банана 2 јаболка и 3 портокали до 16h. Таман додека стигнам дома и да го спремам јадењето ќе ме фати 18h што значи дека ќе се држам до твоето . Фала многу уште еднаш
Здраво дечки, значи невидени мотиватори сте, ве читам може година дена =) ама сега решив да се приклучам кон дискусијава за да ми биде полесно, и плус цел живот држам некои диети ама ништо =))) Оваа прв пат ја почнувам па ми требаше друштво, а очигледно подобро друштво од вас не можам да најдам =) Трет ден ми е денес, ќе јадам макарони со томатело. Не можам да издржам до 17ч па затоа јадам на работа во 14ч или 15ч, па дома вечерам околу 19ч. Се трудам после 19ч да не внесувам храна. За мерење не ни помислувам уште, ама многу сакам да си купам дигитална вага =))) Поззззз и убав ден, среда = среќен нека е =)
Вода мин. 1.5л на ден. Чаеви и кафе, цеден лимон или грејпфрут без шеќер( со засладувач), во овошните денови може и по некој компот и тоа. Не смее никакви сокови за жал. Дозволено е понекогаш и по некоја чашка вино. Искрено, јас понекогаш пијам и по некоја чаша кока кола лајт
9/90 протеински уште ми е рано на сабајле немам ништо јадено ама знам што ќе јадам,но пишувам олку рано од што сум среќна,вчера имав за малце успешен воден ден,цел ден издржав ама вечерта во 8 ја утнав многу ми се јадеше па изедов 1 тањир салата . сега се мерев до сега имам изгубено 5кг. за 8 дена СУПЕР само Господ сила да ми даде да издржам 90 дена и да имам поголеми резултати.И ММ да престане со неговите специјалитети што си ги спрема секој ден и само ме стрви,ми иди да го акнам од земја
ane.bella ние сме ја почнале диетата во исто време, и мене денеска ми е 9ти ден .... Таман ќе си се дружиме
Од денес ви се придружувам 1/90 Протеински за доручек две јаболки ручек 3 јајца и салата и вецера половина од ручекот Е сега сакам да прашам нешто на пр.ако во 3-4 часот изедеш три јајца дали може салата подоцна оклу пет така нешто илии... затоа што ништо не смее да се јаде помеѓу ручекот и вечерата затоа прашувам Ако може некој да одговори