Абе во принцип си има саатница како треба да бидат распоредени оброците, но не треба во секој случа да поминува повеќе од 4 часа, тоа ни без диета не е во ред, но јас понекогаш, читај сега во ПМС, не можам да издржам ни 3 часа а камоли повеќе, ми свират цревата. Мислам дека може да си каснеш уште малку, пример малку краставичка, туршија или некоја салатка. Инаку не знам дали ти е грешка ама во протеинскиот не мора да ја преполовуваш количината, само супата треба да се изостави, но 6 јајца на ден се премногу во секој случај , јас искрено никогаш не би можела да изедам 3 јајца, тоа е ептен многу в еден оброк па така најчесто си комбинирам со сиренце или нешто друго протеинско, иако не сум јадела многу јајца во диетава
80/90 Овошен 1 мандарина. 1 потокал, лешници и малку салата Сакав да ве прашам дали јаде некој пуканки во овошниот ден позз
Ако не си ја напраила више глупоста немој ни да се обидуваш. Пуканките се скроб. Луѓе бе Хемија слабо а? Ај од Земјоделие што си немате абер, ама Хемија барем Немој стварно, скроб се и ќе си ја утнеш диетава пред крај. Ангел ви се накани денес да јаде помалку а? Шипинки варени, коа се напукав, бадеми, па немаше непечени печени одозгора, ама ми се усладија, па банани, па ананаси суви.... Ама ПМС бе диеталки, ме сфаќате нели, ај Нутриционист не го прашувам, ама вие сигурно ме сфаќате Си поткоснав, што би рекла мојата нова фамилија, малку салата од кинеска зелка и сум си среќна, иако желудникот кај и да е ќе почне да свири, јас сум среќна, сега ќе стегнам и едно какао и ќе му ја легнам порано денес, ако успеам воопшто Инаку запознав во козметичкиот салон една девојка која година дена ја држи диетава и ослабела скоро 20 кила, но не држела овошен ден никогаш и не држела воден ден никогаш, си јадела и повеќе но вика дека се раководи на некој начин спрема УН, си јаде по овие денови и не меша врсти, според мене тоа е ОК, но после диетата, или пак ако се има симнато веќе доста кила па да се продолжи симнувањето, што на некој начин и јас планирам да направам после диетата.
мене ми свири од 5 сатот ама си трпам некако се мотивирав повеќе од кога се мерев вчера а какво како пиеш???можи да си сварам јас несквик???? читав јас некаде по интернетот дека јадењето во текот на денот тренба да биди 8 часа. ако поручаш во 9ч вечерата треба да ти биди во 16ч. јас и со диетата така правам па ќе видам што ќе се случи!!!
Е како несквик бе мила, какао, обично, сварено исто ко кафе, иначе несквикот се праи со млеко, и какото со млеко ама во ваков ден може и обично, нема да биде лошо малку да се дигне инсулинот кој ползи на долна граница од што организмот работи триста на саат. Значи еден фикџан вода, малку шеќер или натрен, јас ставам од второво, две лажичиња какао обично на краш или на алпико и чекаш да зоврие како и кафето
да бе знам како се вари како ама во моментот немам обично туку само несквик и си имам варено со вода друк пат убо е!!!! ама ко неможи ок. оти некако ми се каснува нешто а си вечерав во 16ч. е сега ќе си гладвам
заврши успешно и 3 ден јх денес на менито: за појадок:2 јаболки и кафе без шеќер за ручек:кус кус сонего си направив и сос од домати,печурки,магданос,маслинки,мелено лукче со малку маслиново масло и кафе со една лажичка шеќер и чај со лажичка мед(ова си го дозволив по шо ми е јх ден во дрѓите ѓи пијам без за вечера:6 бисквити малецки без јајца и млеко (во составот така и пишувасе9 и еден ред горко чоколадо,а сега си пијам па чајче со една лажичка мед па наздравје и со среќа нека ми е утрешниот прв овошен ден
6 ден - скробен доручек- 3 ситни, најситни мандаринки ручек- варен ориз со спанаќ и моркови вечера- пола Епосле вечерата напраив утка....неможев да се воздржам на крем бананката што ми се врткаше по шкафчето. Ако нема везе...барем ми е убаво на душичката
Повели линкот: http://www.femina.mk/out/?id=b213ae...0f5&safeurl=http://dijeta.in/dijete/un-dijeta Зависно кога легнуваш. Најбитно во диетата е да не се изгладуваш. Ако ти е последен оброк во 4.. веројатноста дека ќе посегнеш по нешто додека да легнеш е голема, а тоа е оброк плус од пропишаното. Вечерата треба да е не подоцна од 3 саати пред легнување. Јас доручкував околу 10 максимум гледав до 12 да го имам изедено овошјето, ретко земав уште една овошка за ужина ако огладнам а е рано за ручек. Последната овошка треба да ти најдоцна биде 2 саати пред ручекот. И потоа си се водев по правилото од ручек до вечера во протеински 4 саати. А во скробен и јх 3 саати. Во овошниот на секои 2 саати можеш да каснеш по нешто. И да бидам искрена некои денови ме фаќаше 6 саат додека да ручам и 10 додека да вечерам. Земајки предвид дека подоцна легнувам. Важно е да поминат барем три саати од вечера до сон. Само на тоа гледав да пазам.
добро вечер на сите ете ме пред легнување да си кажам за денес успешен овошен паааа не баш доручек ананс сув на виталиа тоа беше во 9 ручек салата селка и 1 јаболко во 17 вечера бадеми ама печени 50 гр и 1 портокал во 20 и пред 1 саат 3 кисели краставички многу ми се јадеше од утре сум на турбо УН се надевам на подобро и нормално јас да бидам поистрајна сама си ја ставам храната во уста никој не ми пика со сила ве поздравувам и лека ноќ на сите
Друштво, се враќам на диетчево повторно... ми треба да се исцедам скроз.. Што значи почнувам од сабајле со протеински...!
Како за прв ден па добра сум Појадок 2 портокала, ручек салата од марула црвена зелка и рендан морков и едно и пол јајце и вечерата јајце со краставици и малку сирење... Во принцип јас сум карактерна личност но денеска коа седнав на маса со дечко ми и јас со јајценцето а он цела порција ориз (а страшно сум слаба на ориз) ми идеше од газот да си каснам али ај си викам сум се фатила за орото ќе си го играм
Вчера денот супер помина, без прекршоци . Денеска 10/90-Скробен Појадок: јаболка и портокал (знам дека треба исти овошки, ама немам моментално ) Ручек и Вечера: варен компир и цвекло од тегла Орбитрек: 40-50 мин Барем ќе се бодриме во кризните моменти . Инаку мене супер ми оди, лесна ми е диетава и не чувствувам глад воопшто. Се немам мерено, сакам да се мерам после Воден ден па ќе видиме резултати.... ама секако се чуствувам поубаво и полесно. Кај тебе како оди?
Стефи стварно не контам како вариш Несквик, тоа не се раствара во млеко? Ако не го правиш во млеко ОК, со водичка само можеш, само не со млеко значи. Инаку ништо од моето какао вчера, имаше само за една шоља а го набуцкав либето и него па немаше смисла да пијам сама, па не сварив ни за мене, идење сега во продавница и купување куп какао, многу ми помага во диетава, а и добро е за оние кои се слабокрвни, ќе си имаат малку бекап. Иначе не ви кажав дека започнав да јадам насабајле по пола мало лажиче млеч, може не треба ама тоа е многу добро за имунитет а јас сум слаба со него во зима, па така по малку нема да биде страшно ако каснам, секако тоа се јаде по малку и пополека, на крајот на краиштата не го јадам од што ми е ќеф, лек си е, па и коа е вкусен, што да правам Иначе денес 67ми ден, Протеини Појадок - две банани, ми останаа од вчера па си ги изедов нив, решив да не купува друго овошје додека онаа вреќа со киви дома не се изеде, нема смисла да купувам портокали и банани а дома златни киви нели? Инаку го допив и кафенцето Ручек - стандард дека сум на работа од сендвичето со кашкавал, може ќе си комбинирам со некое какао или чајче. Вечера - ќе гледам да јадам исто кашкавалче ама не ветувам, ако има од манџичето од вчера ќе каснам, ми посака душичкава манџичка, онака цел тањир да си изедам а не само да прибирам од мевцињата ли, од компирчињата ли, ова ли било она ли било. ПМСов уште ме дрма, дај нека добијам више оти ќе го изедам бирово Само нешто да ти работел желудников бре
Дечкииии денес ми е прв овошен ден =) Пуштајте среќа, сега за сега внесов: Цеден лимон без шеќер. Кафе, Чај без шеќер, Мандарина... ќе видиме до вечер, ќе ви пишам само ми е криво што не се измерив дента пред да почнам =) Иако сигурно не сум се стопила за 4 дена #Champions win, losers QUIT! Убав ден убави