УН Диета

Дискусија во 'Диети' започната од mKdevojce, 7 јануари 2010.

  1. Anuska0307

    Anuska0307 Активен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    9
    Еве денес 17/90 - Протеински, на мени: доручек 2 јаболка, ручек 2 јајца пржени на тефлон со магдонос, малку салата со патлиџан и праз и малку сиренце, 1 лепче, за вечера пола од ручекот без леб

    Сабајлево се мерев пак 68 кг :( , овој циклус стагнирав, ама се надевам дека ќе продолжам да слабеам
    Од искуство, отприлика како оди слабеењето и стагнирањето? Знам дека е индивидуално, ама сепак барам ваше искуство - thank you

    Инаку супер се чувствувам, пред да го почнам режимов, имав многу често главоболки, а сега - пу,пу,пу да не се урочам, овие 17 дена ама ич ништо не ме заболело :D

    Во текот на денот пијам вода отприлика 1 - 1,5 л. и околу 1 л. чај од камилица и нане
     
  2. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    480
    Ден 8/90 овошен ден промената полека полека се забележува.
    Се чувствувам супер,немам никакви тешкотии додека ја држам диетава и ретко осеќам глад.
    Уште 4 дена па ќе се мерам и ќе известам колку имам изгубено ... Поздрав
     
  3. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Јас ја утнав овие два дена :wasntme: ќе ја почнувам од почеток :D
     
  4. Vanesi4ka

    Vanesi4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Нати не ја почнувај пак од почеток :) Продолжи од кај што си застанала
     
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.855
    Допаѓања:
    109.961
    Пол:
    Женски
    Анушка, стагнирањето е некаде вториот месец и затоа се прави Турбо Ун 12 дена пред Воден, исто е и со третиот месец, пред третиот Воден се праи Турбо Ун 12 дена исто така порано. Е сеа, со колку повеќе килажа започнуваш толку е полесно, ти ако сакаш да стопиш само некои мали салца околу мешето, малку на нозе, на газе, тоа не иде така лесно, оваа диета многу повеќе се забележува на повеќе килажа. Всушност мислам и дека секоја диета исто реагира. Вчера имав прилика да запознаам две девојки, и двете на УН, едната симнала за една година некои си 20 кила, другата многу тешко и идело пошто требало да симне само меше трудничко после пороѓај, не ми оди вика никако. Јас симнав првите месец дена околу 5 кила до 7, а после во една недела, во екот на најголемите прекршоци симнав уште 3 кила. Инаку покрај килограмите и намалените болки низ телото, мене оваа диета ми го исчисти многу и лицето, не ми се појавуваат веќе црнки, за бубулици да не праиме муабет, целулитот ми се намали, не ми исчезна но ми е значително намален, дури и градите кои ми беа најголема мака ми се намалија. Денес облекував чизми кои ги немав доста време облечено и замислете, во листовите ми влегоа сосем нормално, а иначе ги набирав кај листовите дека ми беа мали. Мене оваа диета многу ми помогна, деновиве ги перам фармерките кои ги немам облечено месец дена, ако пливам во нив дефинитивно ставам слика да видите колку ќе бидам среќна, а сигурна сум дека ќе пливам :!:
     
    На Regenbogen, Anuska0307 и anabel-a им се допаѓа ова.
  6. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    леле денес овошен ден......
    леле умрев за јадење.
    минатите пати полесно ми било шо е сега работата????
     
  7. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Ок, ти благодарам на советот :D ќе ја почнам од таму кај што застанав, еве од утре ветувам, ја продолжувам :D
     
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.855
    Допаѓања:
    109.961
    Пол:
    Женски
    Нати а ти кој ден си? Ако стагнираш повеќе од два дена, пример 4-5, една недела, подобро да си ја почнеш од ново, се разбира зависи кој ден си, пошто вака ти скоро цел циклус од 4 дена си јадела свашта и наеднаш го бришеш. Јас никогаш не сум направила утка повеќе од 2 дена, и тие ми биле некако до пола ок, пример со појадок и ручек по УН, ама за вечера или нешто слично сум каснувала нешто по грешка. Види си ти како ти одговара, но немојте да потклекнувате, секој пат може ;)
     
  9. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Не бе AngelOfArh два дена само ја држев :D третиот утнав :D
     
  10. ancii

    ancii Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    11
    10 ден -скробен
    Денеска прилично добро поминав.
    За доручек 3 мандарини (малечки беа де :D)
    Ручек имав спанаќ со ориз 1 парче интегрален леб и салата од морков
    За вечера изгледа пола од ручекот ќе биде :D
     
  11. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.227
    Допаѓања:
    25.837
    Пол:
    Женски
    оди оди и кај мене :D да не се заречам,имам по некој мали кризи ама ништо страшно.јас напрајв утка сега ја препрочитувам диетава по кој знај кој пат,значи секој 29 се држи воден ден :^) а јас вејќе еден издржав :lol: хахаха,ако ако не беше на одмет :!:
     
    На Sweetheart87 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Monique995

    Monique995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    201
    1/90

    1 Портокал, полна шолја нес (со вода без шеќер)
    Салата марула со 2 варени јајца + цедевита :lol:
    чаша јогурт + сирење
     
  13. melanie27

    melanie27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    255
    7 ден - јх.

    доручек- 1 банана малечка
    ручек- макарони со пропржен зеленчук во вок и соја сос ( нешто како кинеска паста ) мммммм....и салата од марула и сув магдонос.
    ручав околу 3ч. па уште немам желба за храна. може подоцна нешто благичко, минијатурно да каснам, само колку да немам желба за благо до наредниот јх ден.
     
    На Regenbogen му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Sexy-Lady

    Sexy-Lady Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2012
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    16
    2/90

    доручек : 2 мандарини
    ручек и вечера варен компири со кечап и салата :)

    Со вас диетите полесно се идржуватт инаку бргу би се откажала :)
     
  15. Maria.mar

    Maria.mar Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    4
    Првите 3 дена поминаа супер без ниту една грешка :) Денес ја „оплескав“работата на почеток јадев овошје и салата(зелка) ама вечерва имав гости и згрешив малце отповеќе (изедов 3 малечки парчиња лиснато и 2 малечки колбавчиња по 1 cm беа (и сега не се осеќам убаво ,како да имам грижа на совеста
    :(
     
    На Vanesi4ka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ivi.milo.mi.e

    Ivi.milo.mi.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2012
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    39
    23ден-јагленохидратен
    доручек: банана
    ручек: баничка
    вечера: две парчиња обланда и ред чоколадо за готвење
     
  17. Vanesi4ka

    Vanesi4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Дечки денеска ми е втор ден скробен и да не се пожалам арно поминав :) појадов две киви пиев чај... за ручек имав спремено ориз со зеленчук и цвекло,а за вечера пола од тоа што ми остана од ручекот... каснав малку домат и тоа е се.... Иначе живеам заедно со дечко ми а он по професија е кувар и прееска седнуваме заедно да ручаме и јас со моето скромно оривче а он си спремил порција една голема мислиш за цела војска спремал и само ме стрви види јас што имам гледај јас што ќе јадам... Ќе поулавам од него !!! :D Утре ЈХ ден одвај чекам благо да ставам у уста... ко некоја наркоманка на тешки дроги се тресам по благо :D
     
  18. Vanesi4ka

    Vanesi4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Прочитав некаде нагоре во постовите Турбо УН диета каква е таа???
     
  19. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.298
    Допаѓања:
    16.347
    :D :D оф леле
     
  20. barbie28

    barbie28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2012
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    76
    venesi4ka знам дека се држи во вториот и третиот месец пред водниот ден и дека има денови по редослед како иде имасе линк ама неможам да го најдам еве по искусните нека ти одговорат а и јас да се исповедам за денес :D ,ми приврcува 4 ден овошен ,уф ми олеснува многу ми беше тешко најискрено незнам зошто ја имам и други пати и по повеке денови само овошни денови имам држено ама ваков глад никогаш,инаку на менито ми беше за појадок 1јаболка и една банана,за ручек 60гр бадеми,1јаболка и 2 протокала а за вечера 10 суви урми и 2 јаболки.се надевам дека следниот овошен нема да ми биде така поздравче и со среќичка диеталки :*
     
    На Vanesi4ka му/ѝ се допаѓа ова.