еве ти едно линкче за книгата со диетава. тука ке прочиташ се. има и рецепти. http://www.filestube.com/u/un+dijeta+90+dana+pdf Ако во случај не ти ја симнува прогуглај ( ун дијета 90 дана) и со сигурност ќе најдеш информации колку ти душа сака
Дечки мене денеска ми беше 3/90 ЈХ Појадокот ми беше 2 јаболка, ручекот кифличка една таква празна... Помеѓу ручекот и вечерата каснав 3 чоколадни бананчинја од малечките и ѕа вечера уште една кифличка празна и салата од марула само со оцет... и сеа каснав еден ред чоколадо за готвење и ми се згади животот -.- се надевам нема запек да фатам Ангел фала за просветлувањето за турбо ун ќе те послушам малку и јас да смкнам нешто ко прасе на батерии се имам направено
вчера 5 ден протеински појадок:една рака бадеми ручек:250гр риба конзерва со сос од домати и зелена салата вачера:125гр пиба конзерва со кромид и зелена салата денес мојот омилен скробен ден
Добро утро диеталки.... Како сте ми денеска ? Јас стандард на рапорт: Денеска 12/90-Овошен Цел ден на мени јаболка и портокали.... вечер може и некоја салатка . Инаку сеуште се немам мерено. Издржувам машки да не стапнам на вагата до воден ден
Добро утро на сите како сте ми јас си го терам турбово и како што гледам за сега ми е супер завчера ми беше прв ден протеински и супер ми помина ручек мевце вечера краставички кисели вчера скробен гравче на мени за за вечера зелка салата и малце подварок хахах 2 вида на зелка е сега плус глеавме филмче и малце пуканки си грицнав ок не малце малце повеќе ама мислам дека може во скробен нели? денес овошен на мени урми ананас сув 2 портокала и 2 мандарини ништо повеќе ве поздравувам
Добро утро и од мене...Синоќа направив мала грешка.Значи ми беше протеински ден и со убаво си тргнав за доручек цеден сок,овошје,за ручек пикантно пилешко се додека не искочив синоќа и каснав едно малечко парче пица . Сеа што да правам ??? Да почнам од почеток или .... да си терам скробен денеска ... Инаку денес ми е 11 ден Спојлер Зошто ми е скробен може пржени компирчиња и со похован карфиол или ?
Не ја почнувај од почеток, терај си кој ден ти е на ред. Сите правиме грешки, немој да мислиш дека ние сме совршени . Само гледај во иднина избегнувај такви "ситни" грешки кои не ти носат ништо добро, само ти го успоруваат слабеењето. Пржените компири, да скроб се... но се мнооогу калорични. Па сега ти избери дали сакаш слабеењето да оди побрзо или поспоро
Okej ФАЛА ќе ги печам во тефлонска тава заедно со морков и кромид. Секоја идеја за рецепт во овој скробем ден е добредојдена.
Не ми се верува, денеска ми е само трет ден, а веќе сум послаба за еден килограм. Еден цел килограм за два дена. ЈЕС! И да строго се придржувам до правилата на диетава и баш лесно ми оди. Да не се зарекнам. Потежок ми се гледа утрешниот ден, поточно овошниот, ама ќе го издржам.
69ти ден, ЈХ, омилен Појадок - 3 мали киви Ручек - макарони со сос од печурки, одвратни, омилениот ден си го зезнав, подобро да јадев најобични макарони со кечап, подобро ќе беше Вечера - појма немам, во фрижидер има некоја торта ама баш ќе видиме, во секој случај имам бомбоњери на претек и можам да бирам слободно, засега сме со либето нафрлени на Мерси, си ја поделивме по пола и чека мојата половина.
4 ден Денеска ми е овошен ден и на мени имам мандарини и банани (две) и подоцна може некоја салата А инаку навистина се изненадив бидејќи за овие 3-4 дена имам ослабнато 2,5 кг
Овде пишува компирот варен треба да биде, а може ли печен? И во кој ден да го сместам оризот во исхраната? И уште нешто, кечап и сенф со тестенините може?
И уште едно прашање , дали пиете нес кафе? Јас го пијам со малку млеко и една лажичка шекер? бидејки јас нема ден а да не се напијам, а сега ја почнав диетава .. И количински колку компир си приготвувате ? Фала многу
Денес 19/90, ЈХ, сабајле си каснав две јаболчиња едвај ги изедов, се презаситив, ама затоа на ручек пита со праз си каснав троа појќе, да не речам скоро две четвртини , па плус и салата патлиџан и краставица Сега за вечера ќе преполовам, наместо две парчиња торта, едно ќе биде и ред црно чоколадо обавезно Задутре, после овошниот ден ќе се мерам, ако не сум задоволна, ќе внимавам повеќе следниот циклус
Јас секој ден, навечер си пијам нес, со малку млекце ама без шеќер. До сега немало проблем, а и на крај краева малку млекце неможе се да поремети. Единствен проблем ти е шеќерот. Користи натрен наместо шеќер, иако е грд ќе се навикнеш Иначе рапорт...9 ден- протеини Доручек- ананас Ручек- варено пилешко со кари и соја сос и кратко пропржен зеленчук и кисели краставички. Убаво си се најадов и не верувам дека ќе ми се јаде вечерва, а ако осетам глад ќе си направам салата
Оф, Господе дај ми сила да ја издржам вечерва. Покрај сите овие убави јадења што ќе ги јадат, јас кутрата само неколку колачиња. Како ќе издржам без пуканки, како ?
4 ден Овошен -.- појадов 3 мандарини за ручек бевме со либето во ресторан и он нормално гурман невиден пилешко јадеше и тоа пола пиле со компири и руска салата а јас сиротка со едно чичиче салатичка мислиш посвоена сум ... салатата беше 250гр а содржеше цвекло,патлиџан,печурки,пиперки,зелка,црвена и зелена марула... од се помалку колку да си ги потполнам дупките во забиве и после тоа каснав уште 80гр салата од ананас јаболко и киви сеа ќе изедам една круша и за мене доста ќе биде за денеска... ако не е и превише... Шоо да се прави гладна година -.-
Здраво здраво, пу пу да не те урочам далеку си стигнала со диетчево, само така, па и ние обичните смртници да се мотивираме =))) Ако не е тајна колку кг ослабна за овие денови? Праќам поздрав и позитива =)
Јас веќе 2 недели се обидувам да ја почнам оваа диета, а дали може некој поискусен да ми кажи пример како да ја терам оваа диета без лукзусии ) Во моментов немам доволно средства да одделувам само за мене за диетава да купувам храна... поззз