Јас забегав со јадењево, (не по моја вина, ама еден куп родендени се собраа се водолии околу мене, не дека не можам да одолеам на убавите торти ама не сакам да ги навредам славениците ) малку да си ја удрам главата од зид и од денес построго.
1/90 протеински речено сторено од денес на диета заедно со мм . Уште од синоќа си го направив ручекот пилешко ситно сецкано динстано со многу кромид и морков малку сенф и многу зачини и салата планирам да направам со кинеска зелка и некоја маслинка. Овошјето уште не ми е изедено на мени 2јаболки. За утре планирам да правам пиперки полнети со ориз во сос од патлиџани ,па незнам дали соја можам да ставам или печурки .?
Кажете ми каков е тој ТУРБО УН режим не ми е јасно? Читам кај што го спомнувате Можеби јадите минимални количини храна по истиот редослед или ? По што се разликува од стандарднава УН диета?
Леонтина, немој со сојата да си играш, не чини да ја ставаш а и немаш никаква придобивка, башка не сум сигурна ама мислам дека спаѓа во протеин, да не те излажам нека се јави некој друг диеталец нека каже Инаку со лесно почетоков, и јади ги овошките порано, не се оставај толку долго без појадок. Анка, Турбо Ун ти служи да се забрза метаболизмот во подоцнежните фази од диетата, ти си на самиот почеток и тоа не важи за тебе , но кога ќе стигнеш некаде пред крајот на втората односно третата фаза, односно пред вториот и третиот воден ден, 12 дена претходно го воведуваш Турбо УН, односно наместо пред водениот да имаш три циклуси од по 4 дена, воведуваш 4 цилуси од по 3 дена и иде вака, Протеини-Скроб-Овопшје-Протеини-ЈХ-Овошје и уште еднаш, вкупно 12 дена, па идеш со вториот односно третиот Воден ден. Но тебе ти е сеуште рано, твојот организам тек се привикнува на диетата, ова се практикува таму каде што организмот затаил малку па стагнира, се навикнал на стандардните денови и сега му треба малку размрдување, ова се постигнува со Турбо УН.
Добро утро девојки =) 8ми ден - овошен на мени се знае, овошје=) Вчера малку се опуштив со тестенините, имав макарони со зеленчук за ручек, а после си каснав ужинка 2 парчиња штрудла и вечерта две парченца зелник со спанаќ =((( Мислите ова ќе ми поремети се и ќе ми го смени текот на диетата ко од почеток да почињам???
Ивана, не мора да значи дека ќе ти го забави слабеењето, но во почетокот гледај да бидеш построга од типот јади стрикно од храната која е препорачана, па макар и троа повеќе, не мора да биде баш две парчиња торта или 4 колачи, ете нека е чоколадо, јас познавам девојче кое за 45 дена ослабе 10 кила а во секој ЈХ ден за вечера јадеше по една милка. Муабетот ми е, не мора а значи дека ќе го забави или ќе поремети нешто, но гледај на почеток да се придржуваш, да му дадеш ред на организмот. Искрено овие грешки кои ги правев околу празниците да ги правев на почетокот многу потешко ќе ми беше да намалам, ама му дадов старт на метаболизмот прилично добар, се придржував до се и успеав, за 20 дена се ближи крајот и јас навистина сум задоволна од она што го постигнав
За вчера доручек две мандарини ручек месо и салата вечера исто Денес доручек 3 мали киви ручек варен ориз и салата и вечера на пола
21/90 Протеински д. 3 киви р. ќофтиња во сос од домати, морков, печурки, многу магдонос (го обожавам) и лукче, 1 мало лепче, салата од патлиџан и кромид, малку луто пиперче - преубаво беше в. пола од ручекот, помалку ќофтиња, повеќе салата Сабајлево се мерев, пак 68 кг, а целта ми е да ќе стигнам до 61-62, па што сака нека е, ехе имам уште 69 дена Упорна сум, да не речам инат Е за утре, барам некој рецепт интересен за скробен ден, да видиме што предлагате?
Има ли врска колку овошје ќе се изеде во овошниот ден? И дали треба да се распредели јаденјето како доручек ручек вечера? Бидејки јас сум цел ден дома и само се врткам во кујната и си јадам овошје цело време ...
12/90 OВОШЕН ДЕН - ЦЕЛ ДЕН До сега 16:00 h. на менито се најде следново : цеден портокал со цедена кива,портокал,зелен чај со лимон,вода,вода,вода....две црвени јаболки. Прашањево е следново:дали смее салата да се јаде - марула и кој ден смееме да јадеме ајвар?
Здраво девојки, Јас ви се придружувам од денес, целта ми се 12-13 кг.Инаку jа имам држено диетава неколку пати, но само по 10тина дена, па имало ефект.Имам точно 70 кг.До сега броев калории цели 2 недели, па ефектот е 0 кг за 14 дена.
Денес 1/90 Д: 2 јаболки Р: 2 варени јајца,салата и кришка црн леб В:Варено јајце и салата Толку за денеска
27ден-јагленохидратен омилениот доручек: 2 киви ручек: шпагети вечера: сникерс чоколатце и за два дена ве напуптам,ги намалив килограмите што ги качив и плус уште некое килце така да задоволна после водениот идам на ун одржување и овој пат нема да ја повторам истата грешка!
Соја, тофу и сите преработки од соја според диетава се јадат во протеинскиот ден иако нутритивната вредност во однос на јх и протеини покажува дека има некој мг. повеќе протеини. Мислам дега полнетите пиперки ќе бидат многу повкусни со печурки
Да, во овошниот е дури и препорачливо вечерата да биде зеленчук. А за ајварот... да пиперка е, но спржена. Јас не го љубам па немав ваква дилема, кога сакаш можеш да го додадеш во јадењето. Со сиренце во протеински. Со леб или кифличка во јаглехидратен. Но нека не биде секој ден.
Од денес и јас ви се приклучувам во клубот Иако Аткинсот ми е проверен начин за слабеење,нешто не ми дејствува во последно време и имам вртоглавици, па решив да се ставам на УН.Немам многу за симнување,сакам некои 4-5 кила,иако сите ми велат дека нема потреба,ама мене ми се увртело во глава.Знам дека потешко ќе ми оди зошто не се многу килограми во прашање,ама ако ништо друго ќе јадам здрава храна.Денес ми е прв ден,протеински и јадев : Доручек : 2 мандарини Ручек : стек со салата Вечера :само салата,зошто не сум многу гладна ,а и месото тешко ми паѓа навечер