Абе девојки, ќе се караме, ќе кажете оваа Ангел само на карање, ама ќе ми простите во осетливи денови сум Иначе, разлистајте ја диетава, башка вметнете во пребарувачот некој поим сигурно ќе ви даде нешто, само се повторуваат прашањата и се трупаат мислења. Стрикно оризов, вчера ми се чини е спомнат, погледнете малку наназад, прочитајте, заинтересирајте се, така многу повеќе се дознава и многу полесно е. Иви, мислам дека не ти е паметно што така бргу ја напушташ диетава, еве веќе втор пат, мислам дека многу малку ја држиш, обиди се бар пола диета да издржиш, уште пола одржување и ќе се стокмиш таман. Вака само го лажеш метаболизмот според мене.
ете ме добро вечер на сите јаглехидратен убав ден 2 портокала за доручек арно ама ми се пријаде благо и си изедов 1 ред чоколадо од швајцарија со 80% како па место за вечера јас за доручек за ручек си јадев од зелникот и да ви кажам доста добар беше да не биде сега фали ме усто да не те расчепам ама наредно ве викам на зелник со праз вечера 1 парче сува торта доста е сега ќе си варам чај поздрав
Ima li kandidatka za drustvo od utre zaedno da ja pocneme dietava,pred 5 meseci se porodiv i imam visok 12 kila nikako da se resam za dieta mnogu mi e tesko
да ама ја отидов многу во минус,висока сум и 1,64 а иам сега 50 кила,со диетава од ден на ден се смалуваат килата,но веќе немам никаква потреба од тоа,така после водниот идам на ун оджување
27/90 Скробен ден појадок:1банана ручек:2тањира леќа, пиперки кисели вечера:1јаболко и една рака кикирики
9/90 Протеински Доручек - Цеден лимон, два портокали, вода, чај. Ручек - Пилешко печено и пинџур од модри патлиџани и пиперки и супа. Вечера- Исто на пола без супата. Вчера втор овошен ден откако ја почнав диетава и втор пат без грешка, јухуууууууууу =) Невидени мотиватори сте =)
да се пофалам пак 56 кг имам јееееееееееееееееее абе пресреќна сум го сакам турбово поздрав денес овошен на мени ооо убавини 56 јееееееееееееее
72ри ден, Скробен, и пак појма немам што за ручек Појадок - 2 портокала, зелен чај со лимон и нане Ручек - појма немам, најверојатно ќе земам пекарски компир од долу од сендвичара, појма немам што да јадам жими све, ми иде да се треснам од земја од што не знам што да јадам во овој ден Вечера - е завечера знам, ама никако не ми идеше да си земам за на работа посна сарма, башка од фрижидер беше, требаше да ја греам па да ја пакувам, вака ќе пројдам некако до вечера, а за вечера ќе си каснам од сармичките на свекрва ми Инаку одамна не сум мерена, т.е. се мерев ама според таа вага сум ги вратила сите 10 кои ги симнав а на мене не се гледа тоа воопшто така да не ми е валидна, изглеа теоријата на Дузи има логика Искрено не делувам како да имам накачено воопшто, а дека имам симнато многу е веројатно, прслучето кое ми беше таман можам да го пополнам со бар по еден пар чорапи замислете, јас и чорапи во прслуче, на млади години никад не сум го правела тоа сега веројатно ќе го правам Се шегувам, сакам д кажам спласнуваат отоците од ПМС и сега сум подобра, се гледа пак моето струкче на кое почнав да се навикнувам
20/90 поручек сок од портокали ручек и вечера телешка чорба ( сега се готви ммммм одвај чека прегладнев вчера) и + некое салатиче и малку лепче охххооооо
успешно заврши и вчерашниот 8 ден овошен на менито имав :2 протокала ,1 мандарина ,3 банани,10 урми ,60 гр бадеми и 1 зелена салата за вечера,а денес 9 ден протеински :за појадок 1 рака бадеми,за ручек сирење ајверче и салата исто планирам и за вецера само на пола поздравче
Во протеинскиот не се преполовува ручекот, само се исфрла супата ако се јаде за ручек супа Гледај за појадок да јадеш овошки а не бадеми по една шака, значи две еднородни овошки, и да ги размешаш не е проблем, остави ги бадемите за овошниот ден
angel леле стваро еве сега пак прочитав а незнам зошто сум јадела до сега на пола ем лебот го исфрлив а за појадокот нели пишува или две овошки или еден грст суво овошје фала ти
Да, но овошјето помага за исфрлање на токсините, помага и тоа многу, поготово цитрусите. Е сеа, суво овошје со јаткасти плодови нема врска, а и сувото овошје само по себе е доста слатко, останува само шеќерот во него, сета вода е испарена па јадеме само малку од мевцето на овошката што останало и шеќер, а искрено потребна ни е течноста на овошките токму заради прочистување на организмот
Денес 22/90 Скробен, д. каснав две јаболка р. се крчка гравчето, ќе биде на тавче и цвекло салата в. ручекот на пола
Мене ме немаше овие денови...... ама покрај сите прекршоци што ги направив, срам ми беше да ви пишам . Шала на страна, имав прекршоци да.... но имав и повод - веридба- . Како и да е си го запазив редоследот на деновите. Денеска 15/90-ЈХ Појадок: 1 јаболко Ручек: 3 мали празни кифлички Вечера: 1 парче торта
Zdravo devojki, Moze li nekoj da mi kaze so koj intenzitet gi namaluvate kilogramite?Mene denes mi e vtori den i veke imam izgubeno 1 kg Dali e vozmozno???ili samo vodata od organizmot mi e istisnata, ili sto i da e.... kolku kila imate i za kolku vreme ste gi izgubile(mi treba dopolnitena motivacija) pozdravce
13/90 протеински ден На денешното мени се најде следново: Доручек:цеден сок од портокал,лимон и мандарина и подоцна зелен чај со лимон.Исто така мн.вода Ручек: супа од зеленчукова коцка + свеж карфиол и морков,марула салата и риба. Вечера : само овошје ќе биде. Има резултати има...
2/90 скробен Денес овошје две јаболки,ручек ориз варен со златна мешавина со кари зачин и салата морков ,цвекло,зелка. Вечерава ја одложувам до 19 ,а ми се јаде ми се плаче само вода пијам . Вчера немаше за мене од ручекот му го оставив на мм бидејќи беше ноќна смена на работа па вечерав само малку салата,можеби затоа сум денес многу гладна. Е сега јас што јадам за ручек тоа и за вечера ,незнам колку е исправно ако ручам месо а вечерам јајца или пак сирење или јогурт. Еве како вчера немав од истата вечера и да не ризикувам јадев само салата. Значи можам да мешам еден протеин ручек друг вечера или строго забрането.?