Забранет е алкохолот, ама ако ептен сега не можеш да непиеш, една чашка до две еднаш во месецот или два пати зошто да не се напиеш. Уште поубаво ако можеш да издржиш да не пиеш, јес да го успорува слабеењето, па треба да поминат два дена после тоа за да се вратиш во процес на слабеење, ама па скроз ако се лишиш од се, после кога ќе ја завршиш диетата, ќе сакаш од се да пробаш само затоа што си се лишувал. Мој совет: во текот на еден месец, слободно кога е таква пригодата можеш од една до две чашки да се напиеш.
Lux до кај си со одржувањето и како оди мене денес ми е 4 ден ама за сега супер освен вагатра ама со неа сум скарана не и праам муабет веќе на метрото повеќе му верувам поздрав
24_тиот ден мене ми се фати скробен! На репертоар имав: Ручек - варен ориз на кој при крајот на варењето му додадов печурки од тегла, бибер, маслиново капка, вагета и солце. А и кришка двопек и млад кромид. И марула салата секако ама таа ми се фати меѓу ручекот и вечерата. Вечера - печурки запржени со нивната водичка од теглата во која беа. Значи ги уклучив прво ептен малку на тројка и после ми се крчкаа на тивко. Им додадов оригано, сенф и кари. Превкусни беа. И бидејќи мирисаа толку вкусно дури и дечко ми сакаше од нив, а беа премалку. Ама ајде ги поделив и ми се фати ептен оскудна вечера. А на дечко ми плус му додадов во сето тоа топена зденка. Спомна дека вкусот бил прва лига па јас мислам дека тоа како оброк може да се искористи во протеински ден (може мојот омилен поради можноста да конзумирам млечни производи). Вчера касното си купив лимони и си направив цело огромно канче лимонада за денеска. Денес ми е 25 јх ден и највероватно ќе јадам тестенини. А вечер дечко ми има да ми направи најубави палачинки. Мислам дека со две нема да претерам или?
Уф, супер оди, 38 ден ми е, ама со повеќе грешки, малку се опуштив дека одржување, па си стангирам со килажата - битно да нема покачување.
Ти благодарам Раманте. Значи утре на мени ке има Туна со кромидче. :geek: И уште нешто да прашам, на марулата може ли да и изрендам едно јајце? знам дека може јајца во протеински ден. него прашувам бидејки мешам протеини? и плус супа без резанци. Инаку морам да кажам дека денеска денот ми тргна. Влегувам во продавница да купам 2-3 јаболки и 2 мандаринки и АКЦИЈА гледам КИВИ ммммм за 40 ден кило ипол си земав па денеска ке има гозба. Досега си каснав 4 киви, планирам уште две киви и 2 јаболки до вечер и толку. Ке оставам овошје и за следните два дена.
4/90 овошен ете како за прв пат ќе се обидам денес да бидам баш на витамински ден....досега 2 јаболки и 2 портокали, 2 парчиња варена тиква, едно кафе и 2 чаши вода....после дефинитивно правам салата - цвекло морков марула кромид - и до вечер некоја смоква со овошка...
Здраво денес ми е 4 ден/овошен/ со Ун знам дека е рано за ова прасајне ама дали со турбо ун се слабе повеке или замо заради промена со храната? И патем кој се васитте постигнати резултати со Ун ?
Поздрав диеталки ајде јас пак да се истажам.Ова веќе не е нормално знаци со сите пропсиси и вебанје и 2 воден имав пред 2 дена ...денес се премерив замислете показа уште 1 кг плус не ми се верува ....зошто ,како, од што??дали е мозно дека имав мала килажа да почнав да накачувам....(нели втор циклус )..се избезумив сега повеке незнам што...мислев на турбо ун или да почнам одржуванје...а еве го раситнив јас последнио месец....ах диеталки во паника сум...совети искуства се е добредојдено...некако да се утешам...би благодарам однапред
Женски од понеделник планирам здрави и живи и јас да постам паралелно со УН, па дајте кажете во првата недела кога е без масло што да се јаде во протеински и за вечера во јх од благо, а без масло. Тие денови нема да бидам дома цел ден ќе сум излезена, па што би можела да јадам? Инаку после кога е со масло е лесно има што да се јаде ама без масло кога е? И што мислите за оваа печена соја на виталија, колку е добро да ја конзумирам во протеински? Поздрав Едит: Sonne и кај мене се случи исто од каде и јас незнам плус 1,5 кг
Едит: Sonne и кај мене се случи исто од каде и јас незнам плус 1,5 кг Јас сум во паника готово..ако продолзи вака...незнам да речеме варираат килограмите ама не ми е тоа утеха мора да има решение..а јас инаку и сега јадам соја варена па пецена во протеински..а во јх па можеби слатко (што го имаме сите од зимница),мармалад..локум исто мислам....и јас сум на тој ум да ги поврзам...ама здравје... оххх маки,неможам јас вака да се помирам...во првиот круг немав вакви ситуации незнам што се случи
Здраво диеталки! Денес 20ти ден Јухуууу! Овошен ден. До сега само 2 јаболки си ги изрендав и со цимет и околу 50/60 гр. суво грозје многу убаво, вода и кафе турско без шеќер. Супер сега за сега, ама планирам да учам сега па може ќе ми се отвори апетит ама ќе пијам вода со лимон, тоа многу ми помага и ме заситува. За постите и јас планирам да постам макар 1 и последната недела (да не се зарекувам ама тешко да ги издржам сите 40 дена). За протеински нз што би можело да се јаде, освен салата без зејтин, за скробен може компир варен ко пире ама без зејтин, за јх може варен ѓеврек, и за вечерта има босни колачиња а и мислам има посна црна чоколада. Поздрав
Здраво! уф помина скоро и денешниов ден, цел ден прегладнев, сабајле каснав 2 портокали кај 9h и ручек дури сега кај 6, цел ден бев на факс, и не можев да ручам. затоа сега 1 ипол туна си каснав а со килажава пак стангирано се уште ... од понеделник планирам со турбово да почнам, па да видиме како ќе оди. можи ќе се освести организмот дека треба уште да се слабее xaxa поздравче
Шкорпионче, почни со Турбо, сега стагнираш. Си изгубила чинам 6 кг. Можеби немаш уште многу вишок па затоа. Не се откажувај, продолжи. Ке видеш како вагата ке оде повторно во минус. Јас за денеска завршив. Успешно поминат овошен ден. Го поминав со 5 киви и едно јаболко. Ми остана овошје и за цел четврт циклус. А вчера се туфкав дека немам ни за денеска. Кога сака да биде - ке биде. Едвај чекам утре Туна да кснам.. во мисли ми е и готово. Денеска правев баклава и триаголници со мајка ми... И морам да се пофалам дека иако јас ја правев смесата за триаголницити не каснав нити малце, немав нити желба. На диета сум бре! Ке се доведам во ред јас... :geek:
Здраво на сите. најпрво да ви кажам дека до пред една недела ја држев 20-дневната диета и ослабев цели 9 килограми. Правев 2-3 дена пауза со контрола во исхраната и од вчера ја почнав УН-диетата. Незнам дали е тоа најдобриот начин се плашам да не ги вратам назад килограмите, ако имате некој совет пишете . И во врска со ун диетата ме интересира дали можам да јадам помфрит пошто денес немав друга опција изедов една мала порција помфрит со многу салата. Дали ја прекршив диетата? И ве молам да ми кажете вечерата до колку часот нај касно треба да биде завршена? Би благодарам
Angel.Heart - Во јаглехидратен ден можеш оваа торта без масло е - http://sitnoseckano.blogspot.com/2010/0 ... -cake.html За во протеински ништо не ми текнува освен соино млеко, соја, растителен кашкавал/сирење...
Јас секој викенд пијам алкохол, знам дека е забранет и се тоа тоа =)) и пак за 40 дена имам ослабено 5 кила.