Неможев повеке, заборавам и да посегнам по овошјето. Фокусирана сум на работата, сабајлето брзав за на работа па не стигнав ни да земам 2 овошки. Знам дека треба повеке овошки, ама тоа е. еве само што си зедов 2 киви и готово. за денеска завршив. Јас овошниот ден не го мешам со зеленчук. кога е овошен само овошје и толку. едит: јас мислам Не за јајцата. Значи во протеинскиот имаш милион рецепти што можеш да ги применеш и исто да уживаш во јадењето, зошто би јајца па уште пржени?
akо се во тефлонско тавче за палачинки пржени да бидејќи малку зејтин им треба јас така ги правам или во делимано тавче
да имам јас делимано тавче... во него ке подготвам незнам дали јајца или туна уште сега се мислам а колку грама туна за ручек смеам и има веза од која фирма или?
ааа ти ептен си решила да не победиш сите на натпреваров,мене да не ми е за подрек како слатко си јадам пу пу ќе се урочам денес од овие погачициве со спанаќ си кркнав 3 и за вечера пица имав направено од истото посно тесто од сабајле со растителен кашкавал,маслинки и оригано...сега сакам еден ред црно чоко да мснам,утре цел ден само овошје морам Поздрав до сите диеталки,убава вечер
мислам дека фирмата нема врска која е ни па грамажа само туната да биде со вода не во масло,тоа е правило кое јас го прекршив јадев туна во масло не во вода еднаш.
Мама, да ти кажам ептен сум решена После тоа сите ве збирам на купче, ке пиеме кафенце и по една салата цезар. Ако се има желба да се почастиме со еден сладолед за успехот океј, ако не, ке останеме со цезар и кафе И да ти кажам по алиштата вака сигурно имам намалено 6-8 кг до сега. Ајде уште 20тина и посреќен одмене нема а заедно ке ја поделиме среќата да да, ви држам среќа да успеете и посакувани резултати.
ааа јас колку сакам цезар салата.... ама незнам кога смеам да ја јадам... кој ден нели во неа има златна мешавина варено пилешко итн.. еее утре смеам во протеински ? Бони знаеш зошто викам јајца оти утре дома нема месо да се приготвува ни пак има за правење и ми останува само јајца или туна.. а бидејки ми здосадија варените јајца мислам ако може пржени. или туна а инаку 1мама благодарам што ме предупреди за малку ке купев со масло утре.. сега утре смеам цезар салата?
Девојче, можеш да си земеш стек. Се продава на кг , делат, колку сакаш - толку. Ако не сакаш туна. Пржени јајца, ем ке јадеш, ем гладна ке бидеш. Што држе тоа. еве ти едно рецептче за стек. Јас го имам применето и навистина посебен.
Здраво на сите диеталки, Ја држев диетата пред еден месец ама не бев истрајна кај 20 ден се откажав, нешто многу патувања и полесно ми беше да си ја баталам. Иначе имав супер резултати 3 кг за 20 дена ТОП. Сега сум решена прописно и од почеток до крај да ја држам, често ќе известувам како напредувам и се надевам ќе си бидеме подршка. старт 81 кг (висока 173) цел 68 кг...
Celestin добредојде! Ти посакувам многу успех и многу стопени килограми! Вчера 32/90-ЈХ! појадок - 2 јаболка ручек - макарони, потпечени во рерна со малку растителен кашкавал( првпат го користам во диетата, гледам многу го користат) и зачини вечера - црно чоколадо, половина парче торта и половина колаченце. Денес овошен ден! за сега само 1 јаболко, и сега пијам кафенце без шеќер, до после имам суви кајсии, јаболка, портокали, цитрони, лимони. Само да ослабнеме и ќе има частење и славење...
59/90 јх Сонце гледам убав ден ке имаме па ако е и јх милина. Денес ке се руча пита со праз,печурки и ореви а за вечера од синоќа направив баклава со суви сливи,смокви,суво грозје и ореви направив да имам за цели пости и за многу гости . Никогаш не сум смрзнувала баклава некои ја ставаат во замрзнувач,ќе пробам бидејќи и така нема да се изеде да не се суши,а и да си вадам за јх да не правам секој пат сега со постиве морам да се снаоѓам .
добро утро добар ден на кој како ме нема ама ве читкам редовно не ве заборавив инаку да ви кажам се откажав од одржување со неколку правила што си ги практикувам значи доручекот останува ист (ќе избегавам суво овошје когга видов колку калории има) за ручек си јадам ручек што има ама умерено и за вечера салата или евентуално од ручекот малце сабота ми е ден за овошје и 1 месечно ќе си терам воден ама по месечева диета.Инаку деф викам чао на благото не се умира за благо зш немам наситувачка Вагата ја мрзам сум качила 3 кг ама па метѕрото вика дека сум иста може дека вежбам не знам ве поздравувам сите
Вчера цел ден јадев само овошје за доручек и ручек а за вечера салата марула, многу вода и зелен чај и чај од ѓумбир за да се прочистам од токсини и денес веднаш многу поубаво се чувствувам Значи по втор пат почнувам, ај со лесно нека ми е 63 кг\165цм... цел:55кг 1\90 протеински д-2 портокали и чај од ѓумбир р- 3 јајца, пола павлака(180г од здравје радово, 15%масленост), марула салата в-истото како и ручекот ќе биде Спојлер ќе се обидам овојпат лебот целосно да го исфрлам, до сега црн јадев ама сфатив дека ни тој не е здрав и дебелее исто како и белиот.
Јас не пишувам редовно поради обврски ама тука сум и сеуште ја држам диетава- и не планирам да се откажам , 10 ден ми е денес и сега за сега супер ми оди . Поздрав до сите
Јас со ун диетата го изгубив апетитот, во состојба сум да ги готвам моите омилени јадења за моите дома, да седам на богата трпеза без желба да посегнам да пробам. Не се воздржувам туку ич не ни погледнувам на маса, како програмирана сум, мислам дека ако каснам благо во овошен ден пример ќе ме отруе или нешто слично Вака дисциплинирана никогаш не сум била, а не сум ни гладна нит ми фали енергија како што беше случај на почеток на диетата. Ми одговара овој начин на исхрана па веројатно ќе си терам долго време, не верувам дека ќе слабеам стално, доволно ќе биде да се одржавам...
25/90 Протеински ден Не сум горда на ова денеска што го направив. За појадок не јадев ништо, ајде ова да завршам, ај ова. Дојде ручек време, чек уште ова, ај вамо ме викнале и Бонни си остана нејадена се до 19 часот. Значи прв пат јадев во 19 часот. Се мислам дека со ова ја прекшувам диетата , нема, од утре во џеб по 2 јаболки и јадам набрзинка, морам да се снајдам. Ако не, тешко мене..
Денес 17/90 протеински појадок 2 јаболка ручек 2 јајца кајгана со една лажица маслиново масло, салата зелка и моркови(само со оцет) и 3 лажици кисело млеко ии супа вечера исто 2 јајца кајгана со 1 мажица маслиново масло и салата зелка и моркови (само со оцет) денес се чувствувам предувано!!! незнам ми стои на совеста 4 пржени јајца ама со маслиново беа...
Прв ден од вториот пат За почеток, еден портокал и една чаша зелен чај. Ручек, една мала полнета пиперка со месо и едно интегрално лепче. Кај 5 и нешто ме фати пак стрв и изедов уште една мезе . Пред пола саат испив чаша јогурт, и сега сум сита, немам проблем да си легнам на раат Сега ќе вртам назад по темиве(еех да беше трчање во прашање, шо брзо ќе се направевме шланг ) да видам што е финтата со ѓумбирот, и кај можам да го најдам, пошто сите пиете, белким ќе биде нешто