Извинете јас малку ќе бидам надвор од темата, но имам едно прашање во врска со диетата. Гледам дека сите сте задоволни, слабеете по 10-20 кила па дури и повеќе, во максимум 3 месеци ? Па зарем немате несакани последици од тоа? Како на пример стриите.Се јавуваат по нагло слабеење-дебелеење.Еднаш ко ќе излезат,тешко дека после можи да се врати здравата кожа.Подобро е килата да се скинат постепено, пример 2-3 кила во месецот, а со оваа диета шок му правите на телото.Како и да е ваш избор
Ослабив со диетата 15кг и се појавија ситни бели стрии, ама да ти кажам право не ми пречат воопшто. Не се познаваат многу.
Честитам на успехот, супер што си постигнала да изгубиш голема килажа...ако се ситни и ако не ти сметаат супер.Јас наеднаш ослабев 5-6 кила и ми се направија еден тон стрии... затоа и сум против брзото слабеење, барем кај мене имаше веднаш негативни реакции. Но не е кај сите исто, ви посакувам среќа на сите во диетата
Вчера супер го издржав овошниот ден Првпат каснав банана во овие 8дена јадев лубеница цела ден ,некоја праска ,3-4оревчиња и 30гр бадеми. Обично навечер ме фаќа некоја криза за јадење па си направив салата од домати Денеска 9ден протеински п:лубеница 2парчиња р:3варени јајца + парче црн леб + салата шопска в:шопска (со малку сирење)
Да знам, ги имав и порано. Порано дури ми беа повпечатливи и црвени, а сега ми се како вдлабнати. Какви што сака нека се, мене не ми пречат.
Значи стриите наеднаш ми излегоја после нагло СЛАБЕЊЕ. Претходно имав ептен малку на нозете, килажата цело време ми беше иста, кога ослабев следуваше шокот, така да од искуство кажвам дека од слабеење излегуваат стрии, за твоја информација не е само од дебелеење.
Јас се извинувам што отсуствував неколку дена поради оправдани причини морав да ја прекинам диетата но сега си ја продолжувам од каде што застанав За петокот: 3/90 јаглерохидратен Појадок: 2 праски со 1 банана Ручек: тестенини со домати Вечера: црн леб со домашен мармалад и банана Прекршоци: 1 чаша јогурт
да ти кажам стрии се појавуваат, но со оваа диета немаж негло слабеење, напротив, половина килограм на недела, во зависност од тоа колку имаш за слабеење, во почеток се слабее побрзо, потоа помалце, половина до 1 килограм на недела, еве јас ја држам веќе 17 ден, а немам ослабнато повеке од 1,5 кг, затоа што и немам многу за слабеење, ама планирам да ја држам до - 5 кг, а ако сакаш да немаш стрии треба додека слабееш и да вежбаш, за да се затегне кожата. понеделник ЈХ ден, во комбинација со еднонеделен пост појадок 2 праски, ручек геврек, вечера кифла со мармалад, вторник цел ден овошје : една банана, неколку праски, 1 цитрон, 1 портокал пола кило цреши, 1 тегла домашен компот од вишни ( со малку шекер внатре) и 100 грама индиски ореви денес17, протеински појадок 2 праски, за ручек си правам супа од печурки, морков и тиквичка, сега ке ставам една лажица брашно, магданоз и лимон, незнам дали да ставам една лажица соино млеко во прав, за вкус, дека нема зејтин вечера истото, може со домат за утре 18 протеински имам на менито посно гравче Се надевам на добри резултати, заборавив да кажам дека пијам и 1-2 турски без шекер, а наутро 2 лажици јаболков оцет во 1 чаша млака вода
Еве ме мене пак, ми недостасуваше режимот, а ми треба и уште малку да ослабнам .Почнувам од протеински ден денес за појадок две мали крушки со нес кафе 3во1 (ја прифаќам сугестијата и ќе пробам да го пијам само во протеински ден ) за ручек варено телешко месо зачинето само со вегета и едно големо доматче и 2 парчиња леб, после ручекот пак пиев 3во 1 , за вечера пак телешко месо со домат , пола од ручекот и без леб. Спојлер Овојпат решив и да вежбам па денес ги пробав вежбите http://www.femina.mk/%D0%B4%D0%B8%D0%B5 ... -instagram не успеав сите да ги направам и со толку повторувања но важно е што почнав
После месеци мачење со секакви комбинации на исхрана,откако се вратив на Ун симнав уште еден килограм. До сега минус 18 кг. сум. Уште 5 ми се цел. Сега со летното овошје,овошните денови ми се песна.
denes jх ден, кајсии, геврек со маслинки и блага кифла со мармалад. утре овошен овошје и печени тиквички така вака поминаа 20 дена
Здраво феминки јас диетат ја завршив на 12 јуни и сакам сега да ви го кажам моето искуство! Се започна кога дојдов од германија кога имав качено добри 8кг кои беа досега најголемите мои килограми, изледав како топка, да ме фатиш и да ме шутираш! Почнав на фитнес, но сфатив дека само со вежбање нема да можам ништо да постигнам и така се решив на диетава да ја почнам! Кој ден ја почнав не се сеќавам, само знам дека имав огромна подршка од мајка ми и цел живот ќе и сум благодарна за тоа...Со оглед на тоа дека бев студенкта и немав време за готвење мајка ми беше таа што ми го готвење јадењето и внимаше на секој мој детал да не згрешам! Да не должам- со диетава од 64кг стигнав на 57кг, за некој малце ама за мене сосема доволно се! Она сите што ве интересира, јас се придржував скроз до диетата не направив ниту еден прекршок, освен во овошен каде наместо овошје јас јадев салати! Во периодот кога ја држев искрено не вежбав не бев воопшто актовна, ама затоа од кога ја прекинав сум активна секој ден гледам да си ја одржам тежинава. Водениот ден никогаш не го практикував, едноставно тоа е мачење за мене плус колоквиу ми имав и искрено многу ме исцрпува тој ден мене. Она што сакам да ви го кажам на сите, да сте многу упорни и да не подпаѓате под туѓи влијаниа, да не се опуштате и да не барате причини зошто сте згрешиле некој ден. И јас имав момент на слабости ама никогаш не попуштив зошто свесна бев дека ќе дојде ден каде што сите ќе ми се диват како сум слаба, убава,насмена, полна со само доверба и пред се моемнатлно си ги купувам сите парчиња облека со си ги сакам да си ги носам, сега не се срамам да бидам и со разголени нозе ниту да се мислам како ќе се слечам за на плажа! Девојки бидете многу трпеливи, резултатите од диетата кај мене се појавиа после две недели Ви посакувам многу среќа на сите и дај боже сите да ја постигните посакувана цел
Изминативе неколку дена не бев во можност да се придржувам на диетата но не претерав со јадење кое нетреба да го јадам,бев повеќе на салати и овошје.Нема да бројам денови затоа што секако не планирам до крај да ја држам туку до кај 10ти јули па после тоа пак денеска скробен ден п:/ р:варен компир со сол в:компир или пуканки