Станав више досадна на оваа тема, стално ја почнувам диетата и по 1 недела прекинувам, не сум упорна :/ Сега сакам пак да ја почнам. 1 ден протеински ( не бев во можност точно да се придржам, но вака јадев) доручек; 1 праска ручек; 3 полнети пиперки (малечки, но пиперката не ја јадев само месото) 1 парче леб вечера; /
Денес ја почнувам. Чекав да дојде 1 јули и таман да си пишувам тука. Планирам да ја држам 90 дена. Висока сум 168, тешка 69 кила. Имам и овојпат друштво, мајка ми ќе ја држи заедно со мене. Исто е висока колку мене а тежи 76 кила. За доручек мајка ми јадеше две кајсии, јас 1 парче лубеница За ручек јадевме салата со краставици и риба печена ослич. За вечера имавме исто салата краставици и риба. Знам дека нема да биде лесно, но овојпат стварно се заинатив и ќе ја истерам до крај. Со среќа на сите што почнуваат понеделнички и од 1 јули како мене
Пиперките ти беа полнети само со месо? Затоа што ориз не се јаде во протеинскиот ден, пиперката воопшто не смета, може да ја јадеш слободно, јас би ти препорачала полнети пиперки ( само со ориз и зеленчук, без месо ) да јадеш во скробен ден, а не во протеинскиот, во протеинскиот ден има толку многу што да се јаде... месо, јајца, сирење, млеко, риба, соја, печурки... одбери си
2/90 Доручек - јас го прескокнав, мајка ми изеде две праски. Ручек - тавче гравче и салата со патлиџани, кромид и пиперка лута. Вечера - истото од ручекот би требало да биде. Сега за сега супер ни оди. Сакавме секој понеделник да се мериме, ама пусто срце не издржува. Имаме таква навика, секој ден се качуваме по 100 пати Се чудевме, јас имам сега 68, мајка ми 74 Уште точно 10 кила сакам да ослабам. Сакав денес да вежбам ама добив и немам воопшто енергија. Ќе се активирам после неколку дена за да го забрзам процесот.
Ден 3-Најубавиот П-3 кајсии од оние малите Р-панцерота,и 2 лиснати пупки празни В-Црно чоколадо,сладолед и едно колаче Сега и ужина си додадов уште две лиснати Да не е ногу?
Кога диетава би добила мали модификации би имала побрз, поголем и поздрав ефект. Потрудете се да правите подобри избори за време на јаглехидратен ден. Стефи, мислам дека многу се лиснатите. Отвори табела на калории и шокирај се од калориската вредност на сто грама. Размислувам во спојлер да ја ставам бројката од што е шокантна. Поарно да си каснеше нешто друго
Панцероти (претпоставувам дека се пица состав внатре) ужина никако несмееш да си каснуваш тоа што ти било ручек. Јас обично во овој ден јадев ѓеврек или баник со (праз, кромид,спанаќ со готови кори) Како што ти кажаа пред мене истото ти го кажувам подобро да рагледаш што можеш да касниш со помалку калории а да си бидеш заситена
Значи тотално е утнат денот.Готово жива ќе се изедам. Утре значи нема шанси да правам прекршоци.Фала ви многу!
Здраво феминки ! Еве јас да го кажам моето досегашно искуство со УН диетата. Денес ми е 23 ден од диетата. Досега имам симнато 4 килограми ( малку, но добро сепак има време, полека, но сигурно ) . Вообичаено во протеински ден јадам месо (варено или малку потпечено), салата, едно парче леб, некогаш во некој од протеинските денови додавам јогурт или сиренце. Скробен ден - досега јадев само компири варени со салата и едно парче леб. Јаглехидратен ден - шпагети варени, зачинети само со сол и кечап, или понекогаш јадам едно до две помали парчиња пица (која сама ја подготвувам и многу е вкусна ) - печурки, црни маслинки и растителен кашкавал, а вечерта јадам еден сладолед или кроасана . Овошен ден - овошје и зеленчук . Досега немам ништо настрана изедено, па се надевам во наредните денови ќе симнам повеќе килограми. Ме интересира , тие што ја држите диетата и поискусните , дали понекогаш ви се јавува подуеност на стомакот . Кај мене да. Пијам по малку зелен чај , но многу не ми помага, се чувствувам како да сум прејадена некогаш, а немам ништо јадено. Ве молам за некој совет, сугестија
Кога ја почнав бев 72.6 и тоа на шорцеви и маичка...сега на тренерки и маицса сум 70.9...Вага уште каде не а испреместив да проверам...Мислам дека не се познава намене оти имам баѓи да симнувам....Можно е за 4ти дена кило и 700 грама да симнам?
Во ред тоа, но и метаболизмот многу ми е бавен (а незнам што да превземам во врска со тоа, но се надевам дека за некое време ќе се среди малку ), можеби поради тоа е така, а штом е метаболизмот бавен и слабеењето оди бавно , нели?
Метаболизмот не ти е бавен,туку не внесуваш доволно диетални влакна и не знаеш колку калории внесуваш и дали си во калориски дефицит. И нормално дека иде бавно,така и треба. Освен ако сакаш да добиеш брзо слабеење и брзо да ги вратиш назад.
Нормално дека несакам да ги вратам брзо, туку да си создадам еден балансиран начин на исхрана. и да не комбинирам се и сешто. А мусли во кој ден би можела да јадам, нели имаат диетали влакна, гледам најмногу имаат јаглехидрати во нив, а протеини и масти многу помалку. На 100 грама - 400 калории пишува на паковањето ??