Денес овошен ден, 8ми ден појадок една средно голема праска и една мала праска ручек две јаболка и парче лубеница вечера една слива и цитрон
Веќе 11-ти ден ја држам турбо ун . Сакам да прашам тие што стигнале до тука дали почнале побрзо да ги губат килограмите или побавно . ( Досега имам изгубено 9 килограми,но сега сум 11 дена турбо ун ,а само 1кг. минус) . Би сакала некој да каже искуство. ден 01/12 - Протеински ден ден 02/12 - Скробен ден ден 03/12 - Витамински ден ден 04/12 - Протеински ден ден 05/12 - Јагленохидратен ден ден 06/12 - Витамински ден ден 07/12 - Протеински ден ден 08/12 - Скробен ден ден 09/12 - Витамински ден ден 10/12 - Протеински ден ден 11/12 - Јагленохидратен ден ден 12/12 - Витамински ден Дали ќе може некој да сподели искуство.....благодарам !
9ти ден и досега најомилен Бидејќи досега ниту еднаш во протеински не јадев месо, денеска за ручек јадев пилешки стек на скара. Уф колку ми се услади па дури тие 250 гр. неможев да ги изедам па остана малку. Сакам да ве прашам дали има врска ако пилешкиот стек е во саламура или не? Ова јас што го јадев изгледа беше во саламура, дали тоа е грешка? Инаку појадок 1 средно голема јаболка и една мала јаболка Ручек бистра супа, салата од домати краставица пиперка и малку кромид, пилешки стек на скара. Вечера салата со пилешки стек на скара но помалку.
Дали јас сум единствената која ја држи ун диета? -.- Инаку денес скробен ден, 10ти ден Појадок едно големо јаболко Ручек 4 или 5 мали варени компири со салата од домати, краставица, кромид и морков зачинето со малку сол. Вечера 2 или 3 мали варени компири со салата. Сакам да прашам ако има воопшто некој што ќе ми одговори дали количински јадам премногу? Пример дали би било многу ако изедам 5 мали компири?
"befit" не си единствена,и јас ја дрзам ун диета.Денес ми е 15 ден За доручек 2 праски Ручек грашок ,без запршка,и салата од домати и краставици Вечера грашок, во помала количина, и салата од домати и краставици......инаку 4 кг помалку
Епа вака. Здраво се хранев последниов месец и вежбав секако и изгубив 3-4 килограми. Но веќе извесно време се мислев да ја почнам и ете ме, денеска се решив за УН. Ја почнувам со 65.4kg, а висока сум 168cm. Не сум опседната со килограмите колку со моето тело и обемот, а најголем проблем имам во пределот на стомакот, па се надевам ќе намалам со УН. Ако не, ќе си продолжам со здрава исхрана. Ден 1-Протеински Доручек: две праски( е сега додадов малце мед се надевам не е грешка, ако е, нема да практикувам ) Ручек: ќе јадам краток копан(варен или печен со малце маслиново) и салата. Вечера: салата сигурно и ако има може малце од копанчето Епа со среќа да ни е.
Без мед ! Медот е предвиден за јаглехидратниот ден, и на сите им предлагам наместо вечера да јадете торти, сладоледи земете 4-5 бисквити и ставете по малце мед
Бидејќи правев грешки од утре ќе почнам од почеток Сакам уште 3-4 кг да симнам и се надевам дека ќе успејам.Распоред ќе направам уште сега. Утре протеински Д:1 Јаболко(неможам 2 глеми се) Р:1 парче месо,салата,една лажичка павлака и ногуу салата од краставици и патлиџани) В:Истата салата 2.Скробен Д:Лубеница Р:Качамак и салатка од краставици В:Пола од ручекот(ако ми е ногу само салата) 3.ЈХ Д:1 јаболка Р:макарони со доматно пире или 2-3 кифлички со салатка В:Едно парче торта,и некоја слатка. 4.Овошен -Вода,јаболка,сливи,лубеница. Имам направено од сега распоред ќе се мерам на 10 ти ден ако бидам задоволна ќе продолжам ако не ќе кратам од оброците.Морам уште тие 3-4 кг да ги симнам и сега сум цврсто решена од утре нов почеток
11/91 јаглехидратен појадок: една банана ручек: шпагети со две супени лажици кечап и неколку чешниња лук вечера: еден ред чоколадо за готвење и три топки сладолед
Се немам мерено можеби 3 недели значи тоа е некое време пред да ја почнам диетава тогаш бев 68 кг и одтогаш се немам мерено бидејќи немам вага дома. Исто така за сега ми нема никој кажано дека сум ослабната, можеби само јас самата си приметив дека многу малку ми е намален стомакот, но незнам можеби само ми се причинува. Па незнам за бананата, но сметам дека не треба да има ограничувања за неа бидејќи и таа е овошје и не јадам по две банани како што е случајот со другите овошки туку по една. Се надевам наскоро на резултати
12/91 овошен ден појадок една голема јаболка ручек еден цитрон а потоа јадев и две нектарини вечера една јаболка