6 ден - Скробен Појадок - 2 јаболка и кафе Ручек - Компир манџа со кромид и зелена салата @Marie.m исто сме ја почнале диетата се надевам и исто ќе ја завршиме Иначе ме мотивира што пишувате што јадете секој ден оти често без инспирација останувам.
Вчера овошниот со портокали помина....тешко.Денес пак за доручек портокали а за ручек поради условите морам сирење(и тоа во протеини спаѓа?) за вечер веројатно исто П.С:со 77 почнав утре ќе се мерам
Здраво дечки јас сум нова на форумов,одамна ги читам сите теми но сега решив да се зачленам.Навистина ме интересира оваа диета и сакам да ослабам после празнициве,но имам неколку прашања се надевам дека некој кој има искуство со диетава ќе ми ги одговори J Дали во протеинскиот ден мора да се јадат 3 парчиња месо и дали мора да бидат од ист вид и дали мора со месото да се јади 1 парче леб и салата? Ако не месо значи треба да се јади 3 јајца со леб и салата?Дали за вечера исто треба,т.е иста количина на месо,јајца,леб,салата ? Потоа,дали салатата и компирите можат да се јадат со масло и сол или не? Дали мора за вечера да се изедат 2 парчиња торта? Лебот може да биде печен?Дали може да се изостави водениот ден и дали тоа има некакво влијание,бидејќи одам на училиште и ако не сум цел ден јадена би можело да ми штети на концентрација и да бидам уморна..И да,без кафе неможам да живеам,безразлика дали е турско или нескафе со шеќер и млеко,морам барем 1 во денот..се надевам не е голем проблем.. И уште да прашам дали има некој проблем со саатот,т.е дали има одредено време да се внесува доручекот,вечерата,ручекот? Бидејќи кога сум 1 смена на училиште,ќе мора да доручкувам во 9 часот,па дома да ручам во 3 часот и да вечерам во 8? А кога сум 2 смена доручкувам во 10,ручам во 8 кога ќе си дојдам од школо,па учам и вечерата ми е кај 11 часот...Тоа сакам да знам и дали меѓу оброци не смее ништо да се консумуира,ни вода?
и јас да најавам. и овој Леси се враќа дома. после Водици, значи вторник е денот. Почнувам и јас. Овој пат помотивирано, и посериозно.
Добредојде меѓу нас Што се однесува до месото би ти препорачала да биде ист вид на месо. Значи пилешко за ручек, пилешко за вечера. Подобро е и поедноставно за готвење. За вечера се јаде половина од ручекот. Или ако не си гладна можеш само салата. Лебот можеш да го избегнеш. Се зависи колку кг сакаш да намалиш. Компирите како и салатата е пожелно да ги јадеш со маслиново масло, ама ако немаш може и обично само ќе пазиш на количината за поголеми резултати. Сол може, секако и зачини. Благото исто можеш да го одбегнеш доколку сакаш. Јас преферирам да јадам овошно јогуртче отколку чоколадо или торта. Кафето и јас не можам да одолеам и го пијам со засладувач и малку млеко (полумасно 1,5 %) Пред се, знај дека ова е здрав режим на исхрана. Нема стриктни правила. Најважно е повеќе овошје и зеленчук да внесуваш во организмот. Најдобро е до одреден степен да ја адаптираш на она што тебе ти одговара за да можеш да издржиш 90 дена. (секако без претерувања) Водниот ден исто ако сакаш можеш да го скокниш. Резултати на крајот ќе има посекако, ама за нијанса помалку доколку би го држела. Кога си прва смена носи си овошје на училиште и пиј вода. Колку повеќе, толку подобро. Втора смена ќе ручаш во 12 пред да одиш на училиште и потоа накај 7 ќе си вечераш. Помеѓу оброци можеш вода, чај да пиеш. Само немој со шеќер. Или без ништо или со засладувач. Исто можеш морковче , краставица, салата да јадеш доколку си гладна поручекта. Гледај овошје со салата да не мешаш. Значи наутро овошје, навечер салата. Ако нешто не ти е јасно тука сме ние "поискусните"
и јас се придружувам, ќе ја почнам од утре, па ќе видиме како ќе ми оди.. се здебелив зимава па си реков ајде баш да ја пробам, денот со благото ми влева малку надеж дека ќе успеам да ја издржам
Ја само да се пријавам на рецепција. 60ти ден, изгубени 12 килограми. Пранициве ги издржав без прекршоци и отстапки, освен во поглед на алкохолот,пошто си дозволував да пивнам малку повеќе винце или коњак. Од утре почнувам со последната третина од диетава
Е фала ти многу,ајде од нареднава недела ќе ја почнам па се надевам ќе имам резултати,многу ме мотивирате вие што пишувате дека сте изгубиле многу килограми.
Ден 9 - Протеински Доручек - скокнат денес немав време за ништо. Ручек - варено јајце со домат и зелена салата Вечера - истото Веќе имам намалено некој (кило) грам, додуша вода е ова почетното, ама сепак полесно се чувствувам.
сестра ми пред неколку години ја држеше диетава таа баш се придржуваше на неа и ослабна многу преку 20кг сигурно ама таа беше ептен полна ( да не речам многу дебела) вистина е дека првиот месец се ослабнува повеќе а после има еден период на стагнација па пак се ослабува .таа плус и вежбаше дома си правеше некои вежби и на секои два дена наголемуваше во вежбањето идеше да трча а и скокаше јаже но пред се според мене пред се беше многу упорна (посебно со вежбањето и двете сме далеку од спортски типови и не сакаме баш да вежбаме) ако не си упорен нема да успееш од лично искуство милион пати сум ја почнувала и не сум можела да издржам повеке од 1-2 недели секогаш се заборавам и си каснувам нешто надвор од дневното мени. но сеа со празнициве си се опуштив и си накачив килца така да планирам да ја почнам ама овој пат сериозно но мора и малку поише физичка активност и без тоа ништо. се надевам дека овој пат ќе бидам дисциплинирана и дека ќе се придржувам до диетава .инаку да не ја подречам сестра ми еве неколку години откако ја држеше диетава се има здебелено само 2-3 кг што не и се ни приметуваат .
и уште нешто мислам дека има вистина во тоа дека колку повеќе вишок килограми имаш толку полесно ќе ги симнеш затоа најверојатно првиот месец се ослабнува повеќе а после не толку ама се ослабнува
здраво феминки Јас денес почнувам со диетава , денес ке јадам јајца и малку сирење, јас ја имам држено пред 10 години и ослабев првиот месец околу 10-12кг , но гледам овде држете со банана јас во диетата ми беше напишано дека банана е забранета од овошје а исто така и грозјето сега дали нема врска тоа нз , но се надевам дека овој пат ке ја издржам 90 дена , ми е страв дан ме фати криза . Ајде со лесно
12 ден - Овошен Трет по ред овошен Денес си купив манго Како дете мало си се радувам, ама па ми се смачи од јаболките секој ден.
Порано ја држев диетава без физичка активност, и стварно имаше убави резултати. Си се враќам повторно, овој пат и со физичка активност. Ми останаа уште 4 месеци за да ги стопам овие 15 килограми вишок. Ме интересира дали диетава ќе има ист ефект ако за доручек јадам јаглехидрати, а јаглехидратниот ден да го исфрлам?
Ти предлагам сама да не си менуваш ништо туку да тераш така како што е напишано. Ако веќе си се одлучила за УН оди по редослед а доколку додаваш и одземаш нешто од пропиштаното тоа нема да е Ун туку некоја друга диета
Ако си во калориси дефицит ќе имаш позитивен исход. Но, како што кажа Викторија ,нема да биде Ун диета, туку твоја верзија, друг начин на исхрана.
Zdravo Dietalki kako ste Eve i jas zapocnav so Un veke 10 dena no dosega samo -1 kg Inaku visoka 153 cm, i 52kg sakam barem da stignam do 45-47 ama tesko. Ve molam poiskusnite za nekoj sovet
Pa da ti kazam i jas deneeska pocnav so nea....I sakam da baram sovetiii ....jas sum 155cm,i 52 kila.....a za godinite to mi e mnoguu....baram poddrshka od vass <3