Здраво диеталки! Во Сабота завршувам со диетава и сакам веднаш да продолжам уште 3 месеци. Знам дека треба да направам пауза од 3 месеци па после да ја почнам одново, но навистина ми одговара оваа диета. Дали некоја од вас продолжила веднаш со диетава уште 3 месеци без пауза и какви ви беа резултатите? Дали имавте некакви штетни последици? Поздрав до сите диеталки.
Јaс мислaм дa си нaпрaвиш пaузa 3 месеци aмa не дa се oпуштиш туку пoјaдувaј пaк oвoшје, гледaј дa не ги мешaш прoтеини сo скрoб или јaглехидрaти истo кaкo вo диетaвa прoдoлжи сaмo немoрaш истo и зa вечерa нa пример aкo си јaделa месo зa вечерa јaди јaјцa или јoгурт, сиренце.. истo и зa скрoб.. кaкo штo читaв вo мислењaтa други тaкa прaвеле пa симнaле уште некoе килo.. a кoлку кг имaш симнaтo и уште кoлку ти требa штoм сaкaш дa јa прoдoлжиш?
Почни со ун одржување овде на форумот ја има таа тема ,сменет е редоследот на диетата само И тоа трае 3 месеца ако продолжиш со Ун тешко ќе ти оди намалувањето затоа што организмот ти е веќе навикнат на таа исхрана а со одржувањето ќе го размрдаш малку
Па и некогаш за вечера во скробен јадев пуканки место тоа што сум јадела за ручек. Во последниот месец и половина правев многу прекршувања скоро секој ден, а и плус првиот месец за вечера јадев по 1 парче леб во протеински и скробен пошто на други места ја прочитав диетава со леб за вечера, па после го скратив и тоа. До сега имам симнато точно 10 кг и сакам уште 10 да симнам. За време на диетава ич не движев ниту пак спортував. Сега организмот ми се навикна на помалку храна и во последниов месец малку од малку ми се регулира и столицата. Се чуствувам преубаво, лесно полна со желба да продолжам понатаму затоа што до сега ова ми е прв пат да држам диета до крај (иако како што кажав правев многу прекршувања, но не се откажав).
Денес и јас ви се придружувам, ќе ми треба огромна подршка. Досега неколкупати сум пробувала со здрава исхрана и вежбање сум пробала изгладнување но потоа следуваше прејадување и нормално беше неуспешно.И кога се откажувам јадам многу благи работи и тестанини за до ''од утре'' само здрава храна, се прејадувам и така дојдов до 10кг плус. Друг проблем ми е што имам голем апетит и јадам доста количински. Една пријателка ми ја препорача диетата, освен што многу ослабе и се намали и апетитот. 1/90 протеински д-јагоди (околу 12) р- ослич риба со лимонче со салата од краставици + парче леб в-туна риба ( 1 голема конзерва) со лимонче со салата од краставици
девојки дали во ун диетава се дозволени шумливите таблети и во кој период од денот(доколку се дозволени) ве молам за одговор
Од утре ќе ја почнам и јас,мора да се ставам во ред.. Само да ве прашам дали може кафето да се пие со шеќер и млекце (турско) или ни шеќер ни ништо не смеам?
Не се дозволени шумливи таблети, преполни се со шеќери Кафе со шеќер во јх ден. Кафе со млеко во протеински ден
јaс јa прекинaв вчерa диетaтa бидејќи пaк нaпрaвив прекршoк и денoвиве немa дa сум дoмa знaм пaк ќе прекршaм. Зaтoa oд пoнеделник плaнирaм пaк дa јa пoчнaм aмa сегa пoсериoзнo.. иaкo и oвие денoви немa дa претерувaм и леб немa дa јaдaм зш гo oткaжaв целoснo.. тaкa дa здрaвје пoнеделник oднoвo пoчнувaм..
Да секако дека можеш. Имаш право да јадеш вегетеријанска пица така да и со тестанините имаш право на салата ако ти оди
2/90 д цреши (две шаки ) р варен компир(3 компири) со салата и парче пченкарен леб в варен компир (два компира)
13/90 Д: Јагоди Р: Салата + Стекче В: Половина од ручекот + салата а во мегувреме измегу доручекот и ручекот си каснав и малце пудингче.. не можев да одолеам