Денес протеински 16 ден мислам доаѓа. За доручек цреши, за ручек телешко варено месо како што може да видите на сликата со ептен малку таратор и многу свежа салата.Планирав да го изедам целото но се заситив од помалку што е добро организмот ми се навикнал на помалку храна за вечер тоа што ми остана и многууу од салатата . Редактирам планирам и супата без резанци еден филџан со лимонче само да си ја изедам (испијам) сега после ручекот
Во право си @Риханна990 Денес 18 скробен и јас.За доручек цреши за ручек грав малку ориз и салата, за вечер обрнати количините на гравчето и салата
Јас женски денес имам овошен ден 28/90 Но ја утнав од по сабалјечки сношти бев излезена и сабалјево веднаш со обврски каснав половина пакетче смоки и два ишлери, а за ручек тајлатели со печурки и брокула.. За вечера ке јадам само салата нешо така.. Од утре ке држам овошен ден ако можам два со ред..
После прекршокот се продолжува со денот кој следува, кај тебе со протеински.На секој може да му се случи но наместо смоки и ишлери (празни калории) си требала бадеми лешници некој таков микс да си купиш во овошниот ден и така се дозволени немало да ти биде прекршок и немало да ти биде криво. Тајлатели втор прекршок. Од сево ова само брокулата ти е добра Не е страшно да се прекрши но внимавајте постојано да не ја прекршувате.Значи план уште претходниот ден само така нема да правите прекршоци.Поздрав
абе и свежите печурки јас мислам дека не се прекршок.. иначе сакам овошен ден пошо наместо воден сакам да држам овошен .. а сеа како шо знам на 29-ти се држи воден ден..
Не повторувај ден нема потреба да се казнуваш посебно не со два овошни едно по друго Си згрешила океј,се случува на секој од утре продолжи си со ред,протеински ден Ти предлагам да бидеш за ручек и вечера на шопска салата по казна за денешната грешка Јас денеска испомешав се па утре ќе си праам детоксикација,овошје и зеленчук со многу вода.Но јас не сум на ун
хехе абе не јадам шопска салата, само обична мешана или цезар ) ама пак така како на овошен ден со овошје и салати после 17 часот ) ти си ја држела претходно ун диета па сеа само одржуваш килажа или..
Или не има време додека стигнам до оджавање Веганска храна,сурово,овошје ,зеленчук некој мој вид диета
супер и како ти оди? Има ли резултати? Вежбаш? Јас еве кај да е ке се спремам и на трчкање да го потршам тоа што сум го изела пошо грижа на совест имам..
Денес јх ден 19 по ред .Доручек цреши 9 две шаки, ручек пица со готово тесто ( од малите од кам ) со томатело 2-3 лажички и печурки и сусам за вечера планирам 3чоколадца едно е 30г и има 128 калории таман се со црно чоколадо па никаков прекршок нема да има. Поздрав
Зошто да не се скока доручекот- овошјето 1. Овошје за појадок е совршен начин да се разбудите,затоа што дигестивниот систем и метаболизмот се “будат”, без остри удари на кафе или масна храна. 2. Ако јадете доволно овошје за појадок, нема да барате кафе, затоа што природните овошни шеќери го чуваат мозокот остар и полн со енергија. 3. Помеѓу 7-11 часот сабајле телото прави најтешка детоксикација, затоа јадење на овошје (особено во ова време) ја обезбедува потребната енергија која се користи за детоксикација, наместо залудно трошење на варење на тешка и масна храна. 4. Овошје за појадок ги регулира движењата во дебелото црево. Влакната од овошјето го чистат дебелото црево, оставајќи ви вам, чувство на олеснетост, освеженост и подготвени за работните обврски. 5. Луѓето кои јадат само овошје за појадок се покажа дека се потенки и поздрави, а секако и повеќе продуктивни во текот на денот.
"После циклусот од 7x4 дена, односно 29 дена (три пати во текот на диетата) се држи воден ден." Водениот ден е после овошниот, т.е.29ти.
30/90 Д: 4 малечки праски Р: Стек + салата + мешан зеленчук + парче леб В: Салата + половина од ручекот т.е само стекче за вечера
Девојки мене денеска ќе ми биде втор ден, оптимист сум и мислам дека ќе издржам. Сакав да ве прашам за овошјето сабајле што се јае дали може да правам комбинации на пример јагоди и јаболко да јадам? Јас ги блендирам со лимун и ленено семе. Има ли врска тоа или треба строго да се придржувам како што е?
здраво на сите ун диеталки вчера(бидејќи е 2 и пол на утро ) ))) ми беше 3 ден јх ден -поручек една шака зелени сливи, ручек- пица со печурки и кечап и вечера 3 топки сладолед и 1 ред темно чоколадо. Денес ми е 4/90 овошен ден и си купив портокали и банани но се двоумам за бананите. Дали во овошниот ден ни се дозволени да ги јадеме бананите? Поздрав и пријатно слабеење )))