Геврекот ти е јх, сланината валјда протеински заедно во ниедна диета. Ако немаш многу за симнување број калории и таму некаде смести го ! Оваа диета е наменета за луѓе кои имаат да симнат повеќе од 10кг, со овошни со водни денови избегнуваат слави родендени да не ја прекршат и ве молам немојте да ги стрвите со такви нездрави храни.Ако веќе си решила другите денови да ја почитуваш само со тоа да ја кршиш јх денот е најкалоричен, смести го за ручек и за вечера салата и не го спомнувај овде во пост за некој да не прави прекршоци.Поздрав
12/90 овошен ден д: јагоди р: овошна салата в: шопска салата без сирење Инаку да се пофалам напредувам, го мерев струкот и ми е за -5 см помал килажа не знам дали имам намалено немам кај да се измерам ама мислам според гардеробата имам смалено за овие 12 дена едно 2, 3 кила најверојатно по мене. Се надевам ќе го постигнам замисленото. Да не заборавам денес направив и мал прекршок, на работа каснав една плочка банжи и тоа веќе нема да ми се деси сигурно. Стрвна сум тоа ми е проблемот...
Како сте диеталки? Мене супер ми оди диетава,се навикнав да јадам по малце и некако сите алишта широки ми стануваат Денес ми беше 26/90 јадев 2 портокали за доручек, а за ручек и вечера ориз со печурки со краставичка без леб. Утре - ЈХ д- јагоди р- макарони со кечап в- 2 парченца овошна торта, ред чоколадо за готвење. Имајте најубав викенд со што помалце прекршоци
5/90 протеински но денеска мислам дека кикснав за доручек 2 праски ручекот ни беше премногу доцна поради тоа што сите бефме 1 на работа така да ручавме кај 17 часот џиггерчина со кромидче и доматче мх мх и 2 интегрални лепчина морав затоа што бев прегладнета но тоа сето во ред вечерта бевме поканети во кафана пијавме кисела вода но имаше најпрво шопска потоа вечерата ни се фати некаде кај 9 и пол и тоа многу многу месо нормално не го изедов сето но знам и дека целосно претерав де вакво месо де онакво де сирење 300 вида на протеини внесов мислам дека многу згрешивме што измешавме протеини па така да се надевам од утре на построго позз женски
Здраво диеталки. Дали смеат пржени јајца да се јадат во протеински? Не ми се баш вкуснк варени а слабо сум по месо???
По правило ништо пржено. Варени јајца со парче сирење, мимоза салата, варени со малку оцет и вегета имаш повеќе избор. Се зависи колку кг сакаш да симнеш и за колку време.Ако веќе не можеш нека се пржени не ја јади кришката леб и за вечера гледај само салата ( шопска пример)
Добро утро феминки. Како иде со диетата? Мене ми е 14/90 ден, скробен. Сабајлево доручав две праски, за ручек планирам да варам ориз со златна мешавина, салата и кришка нутри леб и за вечера само салата. Имајте убав ден.
@Pinklips сепак не испржив јајца. Ручав половина туна која претходно ја исцедив од зејтинот , 1 кришка црн леб и пола краставица и ептен се заситив. Што мислиш дали ми е грешка туната ? Инаку сакам да симнам 5 кг. Особено во струкот. Од 60 на 55 кг сакам да бидам. Пд бременоста ми остана малце салце иако не бев ептен попраена. За колку време точно си немам зацртано, ама не би било лошо за 1 месец Скоро секој ден скокам јаже (кога имам мпжност ). Поздрав и ти благодарам за одг.
Туната во никој случај не ти е грешка, а за салцето мораш да комбинираш со вежби.Немаш многу за слабеење па затоа држи ја строго диетата за да ослабнеш побрзо.Гледај правилно да ги држиш овошните и јаглехидратниот ден чоколадата со житарки ти ги препорачувам, а ако каснуваш сладолед нека биде овошен.Поздрав
Феминки денес ми беше 28/90, изедов чиниче малини, чиниче јагоди и неколку праски, а преска каснав парче проја (после тоа се изнервирав) ама ајде утре ми е воден ден, со тоа се тешам, ќе дадам се од себе да го издржам (само вода и кафе ќе пијам) ќе ви пишам како сум поминала
Обиди се да не пиеш кафе. Мене кафето ми е најголем прекршок шо за жал го правам прилично често. Но, за воден ден успеав да издржам само на вода. Секогаш кога ќе осетиш мал глад, напиј се по една чаша вода. Знам дека си мислиш како ќе издржам, ама додека трепнеш ќе дојде 3-4 часот и скоро си го издржала цел ден. Не се предавај Јас сум денес на 47-ми ден, овошен. На пола пат сум со диетава и некако како да ми здосадува но, ќе издржам уште толку. Таман кога ќе ја завршам, ќе почнам со шиење на венчаницата
33/90 овошен ден на менито 2 банани круши, кајсии , праски , мали јаболчиња(петровки мислам ги викаа) .Денес планирам многу строго со оглед на тоа што претходните 2 дена ги утнав целосно. Инаку добив комплименти дека сум ослабната. Но ми треба уште, па со нови сили продолжувам. @SaNJaAaaAaa отвори ја првата стана и ќе го прочиташ ова кафе и чај може да пиете но без шеќер, ако мислиш за водениот ден само се препорачува само вода и чај без шеќер но јас лично без кафе немаше да го издржам (кафето има мн малку калории).
DOBAR DEN DO SITE FEMIKI denes mi e 17/90 den proteinski den i se mislam sto da jadam denes )) dali meso dali jajca so pecurki dajte vie nekoj predlog sto mislite
Ќе пробам барем со само две кафиња (помалце не можам ради работата, до касно ќе сум вечер и да ме држи).Инаку до сега е добро, едно кафе и литар и нешто вода
знам дека може да се пие кафе, но јас не пијам турско, а нес кафе без млеко не можам да пијам, затоа и го рачунам како прекршок. Секогаш кога пијам кафе, тоа е со млеко. а погоре кога спомнав за не пиење кафе, тоа се однесуваше за воден ден.
Оља феминки. Денеска ми е 15/90 ден, јх. Си доручкав праски две, ручек макарони со домашен сос од домати варени и сега ќе си каснам 3 плочки банжи и ред чоколадо за готвење. Морам да нагласам дека во теков на диетава пијам многу големо количество на вода посебно кога осеќам глад, а тоа се дешава често и ми годи. Една грешка мала направив денес, после ручекот каснав кајсии мали три мислам дека не е нешто штетно. И да ви се пофалам се мерев во струкот денеска сум -7 см помалку од што бев . Не ми се свиѓа тоа што малку и газето ми се намали ама со вежбите си го регулирам. Поздрав до сите диеталки и само напред. Имајте убав ден.