Јас намерно си задавам вакви цели на потешкиот начин хахахаха Е сега да видам дали ќе гнетам како што знам Баш ми е мило што имам некој да си бидеме поддршка Ќе успееме.. Поздрав се читаме
Јас веќе 15 ден, ТурбоУН, -6 кг. Денеска протеински ден, за појадок два цедени портокала, ручек и вечера ќе си правам Цезар салата. И така..
Супер dulce, одлично ти оди Еве јас да се пријавам, тука сум не забегувам Втор ден скроб Доручек :2 јаболка Ручек 5 мали сармички и кришка леб Вечера исто, само без леб и 4 сармички ќе бидат место 5
Тиквата е овошје и може да се јаде секој ден, вклучувајќи го и овошниот. Мене ми е одлична замена за десерт кога ми се јаде нешто благо
Диеталки еве мене ми е 19ти ден денес и бев принудена да ја прекршам за прв пат. Не се мерам не знам дали сум ослабена, но добивам коментари дека сум. И покрај прекршувањето не се откажувам. Од утре продолжувам со овошен ден да се исчистам. Ме интересира дали има поента да се продолжи со диета по еден ден прекршување? Ќе влијае на понатамошниот тек?
Девојки треба да ослабнам 15-16 кг. Според вашите искуства дали мислите дека можам да ослабнам со оваа диета, за колку време може да ги симнам вишокот килограми и дали е потребно повеќе физичка активнист и вежбање? Сакам да почнам од утре па ме интересира дали вреди да ја започнам
4 oвошно/витамински јаболки мандарини и банана....попладне и салата ке каснам, цвекло морков нешто така.... не се мерам ама чувствувам по облеката...веќе..во секој случај пријатно изненадена сум. како податок: Бев минатата недела на хроно, но многу ми е скапа како прво, а второ мислам дека калориите што ги внесувам за појадок не успевам да ги потрошам па воопшто не ослабев...добрата стара ун пак си има резултати кај мене
Здраво женски Јас се вратив на дружбата. Ги завршив сите 90 дена со околу минус 9кг. Една недела паузирав ама катастрофа ми беше. Постојано ми беше лошо. И си реков дека овој режим на исхрана апсолутно ми одговара (бидејќи имам проблем со желудникот полипи и диспепсија) и ќе си го применувам како начин на здрава исхрана а не како диета. Задоволна сум што во овие три месеци немав ниту еден напад (ужасна болка што ми поминува само со инфузија или тродон). Само незнам колку е здраво да го правам ова. Добро се чувствувам, само некогаш ретко имам вртоглавица.
Денес ми е 3 ден. доручек: 2 мандарини, ручек: шпагети со сос и вечера: 4 слатки и 1 ред чоколадо за готвење . За сега е добро но ме загрижува тоа што накачив 1кг дали е тоа нормално со оглег дека ми е 3ти ден или џабе ја држам диетава? и ме интересира од кој ден веќе може да се забележат првите резултати.
devojki i jas ja drzam UN, 2 den mi e. Ama nekako mnogu gladno se chuvstvuvam megju obroci..smeam nesto da jadam izmegju?