И вчера и денес испив многу вода. По 3-4 литри. Денес добро поминав со мали отстапки. За доручек појадував грозје, но многу малку. За ручек макарони со кечап. За вечера еден сладолед на стапче и два реда чоколадо. Отстапка ми беше тоа што пред негде пола саат изедов уште еден ред чколадо и една цела и пола погачица (не знам како вие ги викате). Тоа се јх ама сега е сто сатот, затоа сметам дека е грешка. И утрово на гости испив една чаша густи сок од портокал. Утре овошен. Имам дома сливи, праски, смокви, грозје. Ќе видам што ќе изедам.
Денес скробен ден,ич не го сакам. П:диња Р:печени компири,печурки, салата со две кифли (да се не фрлат) В:Помфрит и печурки(знам дека не треба пржени ама не ми останаа од печените) За утре веќе си пропжив лситови од праз и блитва(ми донесе другарака и ме прерадува),па утре ќе правам зелник и мислам дека ќе ставам најмалку + 1 кг
Денес овошен ден. Доручекот ми беше смуди со 2 банани, 3 модри сливи, 2 супени лажици аронија и еден морков, а и мелено ленено семе и мелен сончоглед. Е сега за остатокот од денот како ке го поминам не знам, уште од сега осеќам глад. Ама пак ке вртам тоа смудиња нешто
@*Amethyst* И мене ми е овошен за жал. И ко за беља, смоквите се ужасни, не се ни јадат, сливите ми се некако тужни. Еве сега јадам праска и тоа со сила.
@Winter Lady Брусница ке си земам, многу сакам а и морам да ја конзумирам поради уринарни инфекции. Така да изгледа со брусница ке го поминам денот и со смудито што ми остана. Фала ти.
Девојки еден совет од вас. Денес овошен, ама го утнав. Каснав еден ред чоколадо за готвење, едно мало чоколатце (тие што се од 10 ден) и една мала сарма од лозов лист. Голем прекршок ли е? Да продолжам напред или да почнам од почеток?
Продолжи си со овошје или салата денес, па секако утре протеински ќе имаш. Во врска со грешењето, јас не грешев од причина што ако почнам ќе ми нема крај. И од ко ја прекинав (еден месец ја држев) се трудам да не мешам за ручек, а вечера полесно. Единствено за доручек не се придржувам, покрај овошје последниве дена јадам и житарици. И уште едно кило намалив. Кај мене најголема улога во слабеењето има што после 8-9 часот не јадам, а знаев штом заспие малиот да се најадам за цел ден и плус благо. А за групата на фб, ја има оригиналната книга во files, ама изгледа никој не ја чита. Скроб се меша само 1/4 со 3/4 соодност, плус во витамински може салата со оцет, малку масло, сол, бибер дури и рецепт со сенф има. А има и ужина меѓу доручек и ручек од уште едно овошје ако некој не може да издржи. Јас се водев по книгата.
Значи јас дефинитивно од јаглехидратите имам проблем со стомакот:од тоа парчето што го видовте се чувствувам подуена како балон.А обожавам да јадам тесто:месо и благо може ич да не каснам а без тестенини не можам.А тоа ме дебелее и подува
Девојки кажувајте како да се преживее овошниот. Не ми е проблем за ниту еден друг ден ама штом дојде овошен мене ми е смрт. Се плашам дека ќе ја утнам цела диета. Ич не сакам овошје.