28 ден -3кг А само првата недела бев толку,и не сум мрднала. Океј,пред добивање сум, и веднаш после ручек се мерев вчера Ако, поарно 3- неголи 3+ до сега што ќе бев Битно 80ката се раситна.Супер Овошен денеска,немам многу овошје на репертоар..
@pufi-cufi Одлично е,како малку !! Види ме мене, само -3 Како го помина вчерашниот воден? Кажете ми кога почнуваше ТурбоУН? Ќе мора со тоа да пробам
што е ова турбо ун и како се држи , ке може да ми објаснете подетално ? и дали мора да се држи додека се држи диетата?
Вчера овошниот се претвори во #јадисештотиепредочи Завчера Јх ден на вечера бев-месо !!! Денес воден, грижа на совест до плафон. Да не треба јас од почеток да си почнам? И кажете ми како се справувате со гладот и стрвоста во пмс-от, јас сум страшна овие денови Не знам што да правам Инаку тоа со диспепсијата се среди, киселини и мачнини немам, правев крвна слика и е повеќе од одлична!! Тоа од здравствен аспект. ^Ами со слабеењево сега шу праиме?
Вчера почнав денес гравче Тука сум за морална поддршка вака ги читав впечатоците од сите што ја држеле и само позитивни работи слушам. Се мерев строго во обем пошто кила ме депримираат еве од денес и на аеробик почнувам ептен сум запната
5-ден протеински Д:1 јаболко Р: стек, супа и зелка салата, 1 парче црн леб и 1 кифла малце претерав ама кифлите беа тогаш печени. Што велите ептен е грешка? В: стек и зелка салата 6-ден скробен Д: 2 јаболка Р: ориз варен со тиква и 1 парче црн леб и салата зелка В: ориз варен со тиква и салата зелка
9-den proteinski D : 2 jabolka R : stek varen , morkov i edno parce leb V : stek varen i salata zimnica
Вчера јх ден,доручек скокнав, ручек јуфки потоа претерав со благото и после 4 не јадев ништо.Денес овошен ден прегладнета сум.Јадев помалку од 50гр непечени бадеми лешници, малку кикиритки печени,смути од jаболка,мандарина,банана,лажиче ленено семе и чиа семе,малку вода,малку суво грозје, после тоа повторно огладнев па каснав една мандарина и непечени лешници од 50те грама и не ги дојадов и повторно после овошен ќе си легнам гладна.
7-ден вчера јх Д: 2 јаболка Р: Пропржен вргањ на малку масло со сол, бибер и оригано. Се става томатело сос и откако ќе зоврие се исклучува ринглата и се додаваат претходно варени и посолени шпагети. В: 2 парчиња црн леб со ајвар и 1,5 ред чоколадо за готвење. 8-ден денес овошен Планирам 100 гр лешници и цел ден јаболка, мандарини...
pufi-cufi те молам кажи ми наскоро одам на гости и баш тогаш ми паѓа јх ден што да правам? Што да јадам? Или дента да јадам месо, или сарма и грав? Односно треба да ја прекршам и потоа да си продолжам од каде што застанав или од почеток 90 дена?
Вчера немаше воден ден А и нема да го држам тој ден. Прегладнета бев,вртоглавици,раце ми се тресеа. Cheat day бешетоа. Денес протеински Утрово го започнав со една чаша млака вода,лимон и лажиче ѓумбир Појадокот беше банана со едно лажиче 4мелени семиња, вода и кафе без шеќер За ручек имам пилешки џигер со кромидче и томатело сос Леб само бел имам,ќе размислам дали воопшто ќе го имам на менито Вечера-истото од ручекот. @lilo Се надевам не смета што јас ќе ти реплицирам. После прекршок оди си по истиот редослед, не почнувај од почеток. Еве јас, и кога грешам си продолжувам утредента со денот што ми следувал, не одам пак од почеток Па луѓе сме, грешки правиме
Ako veke moras da ja prekrsis , nemora da pocnuvas od novo prodolzisi so vitaminski samo ne se prejadvaj mnogu ma gosti