Со лесно мила! Јас ставам пола коцка за супа здробена во шоља за кафе и во микро на 2 мин. Можеш во лонче на рингла. Пола ти е доста за 250 мл вода
Јас варам пилешка обична супа (таа со петел) и си ставам само од течноста, а останатото го дојдадуваат моите дома.
@SexyLady ја ќе немам кој да ја дојаде. Ручекот ќе си го носам на работа и супата мислев во термос да ја носам. Затоа прашав мала количина како. Сеа ладна ќе биде, ама ќе ја пијам што да праам. Ма да, имам услови на работа да ја згреам. ♡BuBaLe♡ ја во електрично ѓезве мислам да ја праам. Утре почнувам. Доручек два лимона исцедени. Ручек две јајца и рендана салата од морков и цвекло. И супата. За вечера. Едно јајце со салатата. Ако има други еве ви во прилог табела ја потсредив за од први март да е. Па ќе си ги шкрткам деновите од утре.
Таман во гезве. А за ручек можеш 3 јајца а за вечера 1 ипол. Не се изгладнувај зошто брзо ќе се откажеш.
А видов во една верзија 3 јајца, а мислев дека е грешка. Искрено, еве може ќе сварам 3, ама не знам дали ќе ги изедам. Јајца многу ме најадуваат. Сум ја држела диетава и порано, затоа знам. И енергија имам, затоа и со јајца почнувам од утре прв ден. А дајте идеја дур сум на работа од кај да купувам за друг протеински ден, месо? Имам веро, ама таму го пржат. Од вили, освен стек, не знам што друго има. А сакам да го избегавам стекот. Малце ми е срам да носам туна на работа, ама сеа ќе бидам упорна и ќе носам и туна. Ќе издржат малце мирис, топло доаѓа ќе се луфтира. Секогаш спремате? Не купувате на работа? Во план ми е од веро, скробен кога е да купувам компир/грав/ориз. Тие се печени. А јагленихидрати некое посно од пекариве околни. Ова за кога сум на работа, за викенди немам гајле.
Извини не сум јас од Скопје да ти кажам за од кај да купуваш месо. А за туна можеш од дома во пластично со капак да си носиш и на работа да си додадеш масло и сол и лимон. За јх можеш и ајвар и маслинки да си носиш од дома.
Не јадам ајвар. А не знам ни како се вклопува во диетава, знаејќи како се прави. А туната ќе си ја носам затворена во лименка, па тука ќе ја отворам, ако ја отворам од дома уште - леле леле миризба ќе биде ко ќе го тргнам капакот. Оцет користите? Јас нема шанси без оцет салатите. Јаболков користам. Ако е тоа грешка, нека е. Не можам без кисело. А ко ќе искочат поубави патлиџани и краставици (поефтини) ќе го исфрлам оцетот.
Јас ориз/компир/туна салата купувам од тинекс, за јх ден интегрални стапчиња или веге пица од специјал,супата си ја правам од тие инстант со врела вода ама искрено ја заборавам многу пати. Од дома спремам за протеински у главно, јајца или месо, или пак носам интегрални варени макарони со маслинки и доматен сос ( не се убави ладни али шта чеш). Овошен ми е раат кога сум на работа. Инаку 44/90 Овошен 2 банани и круша сега за сега и 50 гр бадеми. Јас стојам, намалив 5 кг, ми фалат уште 5, запната сум да дојдам до 60 кг Се надевам турбото ќе помогне.
@mimiiiii Исто, подолу од -5 никако да мрднам, се надевам турбото ќе помогне @VACA Протеински Скробен Овошен Протеински Јаглехидратен Овошен Протеински Скробен Овошен Протеински Јаглехидратен Овошен Воден
@Chanell* @mimiiiii исто и јас , до -5 и толку, сакав и јас турбо ама се одлучив ај една недела пост и така се пости сега , па после да видиме.
Девојки, мерете се во обем, тие се побитни од тоа што вагата покажува. И јас сум со вас. Лани ја држев месец и пол и тогаш симнав околу 6кг. Вратив кило две, ама тоа само јас приметувам и ги осеќам, па би сакала пак да се дисциплинирам и да намалам уште некој кг Денес ми е втор, скробен ден. Слабо бев креативна со јадењето денес, и некако овој ми е најнеомилен ден.
@VACA 3 пати во текот на диетата, на 17, 46 или на 75 ден, но само доколку стагнираш повеќе од една недела. @Viktorijaaa5 Јади почесто и прави си смути, јас па со душа го чекам овошниот за смутис да пијам