Јас конечно од денес сакам да ја започнам. Имам околу 6 кила кои ги сметам за вишок кои се во стомакот а тој ми е таков лабав, обесен дали ке го изгубам незнам. Останува да видам па со среќа нека ми е
По незнам кој пат, Здраво! Скоро ви пишав,ама не ја почнав,сакав месец дена да поминат барем. Епа до денес-месец, и си стартувам конечно! 72кг, со 64/65 ќе се препородам чинам 1/90 доручек:смути од цреши и чиа ручек:3 јајца пржени, супа и шопска салата (без сирење) вечера:1 или 2 јајца со салата Вежбам 30мин дневно, и пијам 3-4л вода.Искрено се надевам на одлични резултати пошо минатиот пат не вежбав и стварно правев киксови. Од како ми се вратија проблемите со гасовите и подуеноста, знам дека мора од корен да се смени мојот начин на исхрана. И тоа,се дружиме наредни 3 месеца
42/90 Протеински Доручек : цреши Ручек: Печена риба, тонус леб, марула салата, маслинки и печурки. Кога може да се почне турбо Ун ?
На 46ти ден Јас место јајца имав шопска салата,јогурт леб и Дукат намаз за ручек,пошо немав струја Вечера шопска
Колку имаш намалено? Стрикно се придржуваш? Морам да ве прашам дали е важна количината, досега на сите ун шо ги имам најдено на интернет освен за протеински за ништо друго не е нагласено мора толку и толку исто и јх шо е наведено шо може и која количина. Пример јадам макарони колку смеам? Јадам компири колку смеам 1, 2, 3, 4!? Тенк ју )) Едит: сега видов дека не е за тебе ова него за @Гејј сори.
@TheEkaterina Па прв ден ми е уште До пред еден месец коа ја држев 10кг намалив, со милион прекршоци и многу количински јадење,уствари гнетење. Си вратив 3кг до сега ама ич не внимавав. Е овој пат сум на ДИЕТА, во мали количини и успат броење калории.
10кг за 90 дена е малку. Намали многу во обем? Или имаш малку за слабеење? Јас за да си ја постигнам саканата тежина треба да ослабам едно 30кг ама и со 20кг минус сум океј. Денес ми беше скробен ден и некако се осеќам подуено во стомакот мада шо треба и да добијам за ден два можи и од то да ми е не знам.. затоа прашав за колочините. Знам имаше некоја на форумов шо ослабе 30кг со диетава ама не знам која беше.
Јас не се ограничувам, пример за скробен ден, сигурно 400-500 грама ориз (од тинекс, готвено) со цвекло салата јадам, ама не јадам леб. Јаглехидратен, ќе си спеглам комотно една голема вегетаријанска пица. Се придржавам, освен завчера што кикснав па пак држев овошен ден. Мене апсолутно најтежок ми е јаглехидратниот ден,
А досега колку си минус? Повеќе се слабре во кг или обем? Мене ми е 6ти ден затоа си прашувам да се информирам.
@TheEkaterina Не ми беа баш малку,бев и повеќе од задоволна со тие изгубени килограми. Идеална тежина (според бми) ми е 69кг. Почнав со 79 зимоска, и бев таман. Немам некој голем вишок,не изгледам дебело воопшто. Во обем намалив, во струкот најмногу се приметував. Од XL во M влегов, моментално и тие ми се широки во струкот Ама сакам да си ја дотерам фигурата,затоа пак почнувам. Овој пат стомак рамен сакам да видам
WoW од хл во м не да не е малку туку е премногу. Значи диетава е супер. Ем јаден ем слаб. Браво за твоите резултати.
@TheEkaterina Ти штом имаш повеќе вишок,верувам за брзо време ќе си приметиш разлика. Само обавезно вежбај или барем движи се во текот на денот уште повеќе резултат ќе имаш. Другарка моја 5кг ослабе само, ама во обем ептен многу ко друга личност да е
2/90 Смути од јагоди и чиа Варени компири и салата Пола од компирите со многу салата Утре ми е јх, ми се јаде овесна каша Дали смее наместо пици и макарони?
Мене вчера ми беше прв ден 1/90 Јаболко, круша Ориз печен (оризник ) на дијалект кажано Пак ориз и една риба ослич
Ќе биди ајде. Моја пријателка почна со 96кг за 90 дена намали 15кг ама со прекршоци. Диетава ветува од 18 до 25 зависно од вишок изгледа пошо сите слабеат скоро 18кг. Јас се надевам на -20 па ќе видиме. Денес 7ми ден јаглехидратен. Банана за доручек. Ручек макарони потпечени со кромид и доматен сос. Вечера не знам сеуште, не ми се јади благо некако ќе видам покасно..
Јас стартувам со 95. Цел ден сум "активна" со децата од 7 до 2 по полноќ. Пешачам едно 30 минути со туркање количка. Денот ми почнува задолжително со топла вода лажиче ѓумбир пола цеден лимон и пола лажиче мед колку за вкус, а и љуто ми е многу а јас љуто не поднесувам, со истото ми завршува денот го пијам чајот и после пола сат в кревет. Леб не јадам, благо за јх гледам да не го јадам или само тоа за готвење ќе изедам и тоа е. И јадам салата многу. Се надевам дека после 10ти ден ќе имам некое намалување плус од тоа -1 шо го скинав за три дена.