Здраво женски, До сабота ја држев вкупно 41 ден, и досега имам намалено 5 кг. Од недела до вчера паузирав, бидејќи јадев свашта, и нема како да ги бројам тие три дена. Од денес почнувам пак, и ќе држам уште 16 дена. За разлика од првиот месец, сега зголемив физичка активност, така да се надевам на резултати и од тоа. Како и да е, очекував уште 1-2кг минус досега, ама сепак кога се гледам во огледало сум задоволна. Стомак речиси и да немам, нозете ми се намалени, спојлерите исто. Денес протеински Д:1 и пол круша Р: 3 варени јајца и марула В: 2 варени јајца и марула
Јас на вага не сум се качила.ама и нозе и стомак сало половина се е стопено намалено.уште 20 дена имам од диетата.многу сум задоволна.
Zdravo, Dali e dozvoleno na skroben den, tikvicki ili modar patlidjan na skara kako prilog namesto leb?
37/90 Денес овошен, помина одлично. За појадок банана, а до 6 изедов и 2 портокали, уште една банана и 100 гр. непечени бадеми. Во овој втор месец од диетата не ни помислувам да правам грешки, некако се навикнав и ако ми се пријаде нешто, само си велам ке јадам кога ми е денот и готово. Не се мерам, не сакам да се демотивирам
88/90 Овошен . Искрено некако ми се смачи овој овошен ден Вчера демек отидов да си купам нешто разновидно ама ништо не најдов ..
Јас две недели се немам прибрано дома, нити измерено. Праев катастрофални грешки, така е кога не си дома да си имаш ред и контрола. Утре ќе се измерам и ќе видам дали има нешто резултати. Вчера јх ден: Д: 2 круши Р: шпагети со кечап В: 3 големки парчиња наполитанка + 3 коцки црно чоколадо Денес на мени овошје и зеленчук. Изедов една круша и една банана, за остатокот од денот ќе видиме.
89/90 Протеин Д.круша Р.два стека +салата краставици+2 печени пиперки +едно парче тонус В.Еден стек +салата . Стекот ке пробам да го камуфлирам со салата.Уште еднаш се убедив дека месо не можам да јадам .
38/90 протеински П: 2 портокали Р: 2 пржени јајца и леб В: 1 пржено јајце 39/90 П: сок од 2 портокали Р: ориз В: пола од ручек @VedaG10 Колкав е минусот?
Овошен ден:2 киви,3 смокви,грст лешници до сега.Планирам уште една банана и вечер салата од смрзната царска мешавина, (карфиол,брокула,морков). Се навлеков на оваа саата во диета.
Повеќе има кои кажуваат дека во обем намалуваат а кг исто.Јас првите 10 ина дена намалив 2 кг и сега стагнирам,дури 1 кг вратив,ама направив два дена грешки и плус сум во пмс.Во обем не сум се мерела ам не и гледа да сум намалила... И олус јас не сум мерило за успех во било која диета зашто општо тешко слабеам.Можеби зашто немам многу за симнување а и вишокот ми се распределни само во стомак и струк.Мене ми треба вежбање ама немам воља за тоа ...
Да прашам за јх дали смее да се меша за вечера на пример да изедип 1 топка сладолед и пола парче торта и сл
90/90 Не ми се верува дека ја издржав диетава до крај . Горда на себе заличив на човек @makedonce20 -12 кг. Скоро 13 Последниов месец правев повеке грешки и затоа стагнирав во намалување на кг . Првите 2 месеци не ни правев грешки. Во овем сум стопена. Фармерки од 48 сега носам 44 Буквално кога одам, старите фармерки ми пагаат надоле Тука не застанувам ,ке продолжам пак со ун само што овошниот ден нема да го држам стално . Ке дуплирам денови . И најважно,циклусот ми се среди . Срекно девојки . Немој да се откажувате. Диетава (повеке е режим) е магична . Пак ке си пишувам тука без разлика што веке официјално завршив
@VedaG10 браво за упорноста и успехот. Вчера овошниот го поминав супер без ниедна грешка Денес протеински месо на мени,ама вечер сум на роденден во игротека и може нешто ќе се огрешам
Нема!! не смееш од старт со ваков 'програм' да го започнеш денот. Во игротеката уживај во чинот, дружи се ..но терај си ја твојата шема. Ако се нуди мевце, саламче...к'сни ако веќе толку иштаф те фати. Но најдобро - оди вечерана! Дволитарски сладолед ми е во рака со децава постојано. Не го ни забележувам. Колач во фрижидер,чипс во рафт, кифли во рерна...но си се 'држам' до колбасите Добра вежба за самоконтрола е диетава. После 6 години на режимов, гледам - се' било навика