Со протеински се почнува со вежбање сигурно ќе симнеш 5кг.за месец може и повеќе. Јас денес 8 ден овошен до сега -1.4кг
Само уште нешто да прашам после 4 дена пак се повторува од првиот ден после ? И кој ден треба да биде само на вода ? И јас само малку ми треба да ја држам диетата затоа што немам многу стомак ама сакам да ми е рамен без сало без ништо. Кога држев диета последниот пат мене стомакот ми се навикна да не прима премногу храна и до денес не јадам премногу, ама си поткаснував нешто мрсно, хамбургери, торти такви работи. Инаку смее да се јаде по едно топче сладолед во јаглехидратниот ден ?
Би ти препорачала да вежбаш на сабајле после појадокот, првите недела - две додека да ти се навикне организмот ќе немаш воопшто енергија.
Почнав јас со првиот ден. 1/90 протеински ден 2 банани за ручек 1 јајце варено со 1 парче леб, салата и сирење вечера, пак 1 јајце, 1 парче леб, сирење и 2 парчиња пилешко месо. Можам ли пилешко месо да јадам?
Мој совет пред да се мачиш е да ги прочиташ правилата на диетата. Не се јадат по две банани, не се меша јајце и месо, се пие супа... Итн. Поздрав
Едно од најглавните правила е вечерата пола од ручекот а тебе ти е дупла.Имаш и многу протеински нсмирници измешано.Мој предлог доколку се одлучиш за јајца 3 јајца,салата,едно парче леб и супа за ручек а за вечера салата и 2 јајца. Доколку се одлучиш за сирење можеш да направиш топено сирење но не да го мешаш со месо или јајца и обавезно после сирењето една чаша јогурт. Иначе да можеш пилешко (печено-варено) со некоја салата и супа. Супа се јади во протеински ден и брз резанци. Пробај почни денес од почеток. Иначе денес 10/90 скробен,планирам за ручек да потпечам грашак и ориз а вечера салата.Може тоа? Да се мешаат две скробни намирници или исто како протеини не? Грешка грешка моја,се поправам одма сега видов дека не се мешаат ќе биде сепак ориз потпечен со печурки и салата!!!
Вчера овошниот го издржав некако денес 9/90 П.2 праски Р.туна со салата и супа леб В.пола без супа и леб После овошниот -2.1кг
Ја имам држано 2-3 пати, но никогаш до крај за жал. Резултати сум имала, но не знам зошто ја прекинувам. Од УТРЕ ја почнувам пак ако има некој да ме дружи повелете .
Вчерашниот ден и повеќе од успешен. Денес 3 ден, јх За доручек пола банана не можев повеќе За ручек сакав шпагети, ама мајка ми прави пропржен кромид со месо и ме фати стрв. Ќе мацнам од кромидот со лепче. За вечера ќе биде овесна каша со чоколадо. Едвај ја чекам вечерата
Аеробикот ми е среда и петок од 20 часот, немам услови за вежбање сабајле. Засега добро ми оди само што постојано чувствувам глад А да прашам дали можеш некогаш да го менувам редоследот на денови, пример кога ќе треба овошен да го сменам со скробен и сл?
Почнав од почеток и денес ми е трет ден. 3/90 ј.х ден Појадок: 2 праски 1 банана Ручек: интегрални шпагети со кечап Вечера: 2 реда темно чоколадо За ручек може да се јаде шпагети со болоњезе? Или обични шпагети, не интегрални?
Јуле едно прашање околу твоето искуство со ун диета.Дали доколку се јаде повеќе овошје одсабајле и се мешаат протеини се слабее.мислам дека ти вака ја држиш.поздрав
3/90 овошен ден П.Овошно смути, каша со јаткасти плодови Р. 3 кајсии В. Кикиритки непечени и несолени Ве молам да ми кажете ако грешам некаде. И 4-ти ден ми е утре треба пак со протеински ден да продолжам ? И дали смеам кафе да пијам, нескафе на пример ?