По критериумите на диетава кои јас ги знам, костенот, како и секое овошје, се јаде во овошен ден, но од друга страна па овошниот подразбира растителни намирници кои се јадат сирови а костенот мора термички да се обработи Ако детално ги анализираме нутритивните вредности на овошјата и зеленчуците ќе видиме дека тие се микс и од јх и од скроб и од протеин и од витамини... Костени јадам 2-3 пати годишно кога доаѓам во Ск и пред гтц мора да купам едит - сега и во групата на фб разрошкав - во скробен ги јадат
Тогаш и тиквата би требало во скробен Не ми прави вака, се најадов печена тиква денес ко да ми е последно И те чекам пред ГТЦ на костени во скробен ден
8/90 Овошен Почнав со јаболко и грозје . Ке се јаде и тиква, банана. и пак јаболко , грозје ... Ке видам и некој непечен баден и ораси ако не можам да се исконтролирам Во пмс сум ама ок е сеа за сеа @NarCis@ ми се свиѓа како го организираш овошниот ден .И си ветив дека од нареден и јас ке бидам поорганизирана и нема да ме фака криза А бе ајде костени скробен ?? не ми иде некако . Едит: еднаш имам држено воден и веке никогаш не се осудувам на такво нешто. Минатиот пат кога бев на оваа диета(пред 3 месеци) -15 без воден .
@VedaG10 смутито е превкусно, а и држи. Урми најдов без шеќер, па испадна уште подобро. За нареден овошен ден планирам да вметнам и суви сливи. Супер е вака што пишуваме, и мене ми доаѓаат некои идеи 13/90 протеински ден, 67кг Да кажам дека се мерам после секој завршен циклус, значи наутро пред да јадам и пијам на протеински ден. Килажата ми е иста како минатиот циклус, ама дефинитивно има забележителна промена. Изгледам и се осеќам "слизнато", а и гардеробата не ми е кнап. Д.- 1 банана и турско; Р.- свински ребра (одолеав на мрсното ), варено цвекло, чорба со кромид, лук, шампињони, морков, модар патлиџан, тиквичка и сето тоа блендирано, пола ѓеврече. Вечера ќе биде малку ребра и свежа салата од зелка, морков, краставица и варено цвекло.
14/90 скробен ден Д.- 2 круши, турско; Р.- Зеленчукова чорба од вчера ми остана, ми беше жал да ја фрлам. Без скробни зеленчуци Компир салата со кромид и свежа блитва, ладно цедено сончогледово, оцет балсамико и сол. Зелка, морков и брокула, ладно цедено сончогледово масло, оцет балсамико и сол. Домат, краставица, кромид, блитва, ладно цедено маслиново масло и сол. Варено цвекло. Вечера ќе биде исто, но без чорбата и компир салата пола доза
15/90 јаглени хидрати ден Д.- неколку суви урми, турско; Р.- 2 домашни варени ѓевречиња, малку домашен ајвар (не одолеав ) У.- 1 домашно варено ѓеврече (ручекот ми беше во 12.30ч., па морав уште едно ѓеврече до вечера) В.- 1 кроасана
Јас денес напраив куп грешки. Во моја одбрана, бев 4 дена болна и бев во главно на супа по цел ден и денес ми беше подобро и ми се врати апетитот и се набутав ептен, сега криво ми е Инаку требаше денес да биде скробен, 10ти ден, почна ок, продолжи ужасно. Само се плашам да не се откажам после денов, пошто тоа баш личи на мене Инаку целта ми е -10 кг, ама без брзање, полека и на здрав начин. Стартот е 74 кг, мерењето треба да биде во петок, па ќе видиме. Се надевам дека барем малце ќе мрдне вагата, за да не се разочарам и да изедам се што ќе излезе пред мене
вчера 1 ден ..сабајле јадев мандарини и круша..ручек месо и салата ..вечерата ја скокнав. денес 2 ден- сабајле сок од портокал и две круши, ручек зелена салата и пченка. дали правам голема грешка дека мешам овошје ??(неможам да издржам со две овошки до ручек)
16/90 овошен ден Д.- смути од јагоди, малини, капини, боровница, рибизла; У.- неколку суви урми и смокви; Р.- 1 банана и 1 круша; В.- 2 банани и 1 јаболко. @tulip-K Знам дека само малини, капини и таков вид овошје смее да се мешаат. Јас за да ме држи подолго јадам на пр. 1 јаболко, пијам кафе, вода, па уште едно јаболко. Или јадам суво овошје уз кафе и ме држи 3 саати сигурно, со многу пиење вода и чај измеѓу. Јас која морав да се најадам со четврт бурек за доручек за да ме држи барем 1 саат
17/90 протеински ден, 66.1кг Д.- 1банана, турско; Р.- пилешки стек со зеленчук- кромид, морков, шампињони, модар патлиџан, тиквичка, брокула, карфиол. Едно парче овчо сирење. Салата- зелка, морков, цвекло, марула, домат, краставица и маслинки. В.- истото од ручек на пола.
Ја имам држено диетава 2 пати до сега и сум имала резултати после 12-3 ден опад на килажа постепен до крај на диетата до 18кг (од тие подебелките сум 120кг "само" ). Сега ја држам неполн месец и немам кило ослабено! Да, намалувам во обем се осекјам така подобро ама не и во килажа. Варира тука горе доле околу таа килажа. Да додадам дека вежбав секој ден со тежини по некое кило но и генерално кардио (да не е до ова проблемот па да додава на некоја мускулна маса?!) Стварно не сум при памет више :/ Ваше мислење?
Друштво ме фати стомачниот вирус што кружи . Најлош до сега . Така да и да сакам не можам да јадам Се вракам на диетава кога ќе помине .
18/90, скробен ден. Д.- 1 банана; У.- многу малку динстан зеленчук без скроб; Р.- црвена леќа, салата од зелка, марула, морков, цвекло и брокула, и 1 парче леб; В.- исто како ручек, само на пола и без леб. Некој ако може да ми каже дали можам да каснам нешто благо во овие денови, затоа што имам мензис и осеќам шеќерот ми паѓа. Баш осеќам потреба, ама не знам дали и што е дозволено. @LaDyDoLl @♡BuBaLe♡
@NarCis@ Според правилата на диетата,благо е дозволено само во јх вечера 125гр. Ова се мисли без грешки упорно Ама, ако веќе не можеш да издржиш касни овошка или суво овошје( мислам е подобра опција од слатко-благо )
Се огрешив со малку чоколада Првпат во цела диета, ама многу ми беше лошо, со вртоглавици и малаксаност. Од утре пак се враќам дисциплинирано
Ништо нема да ти биде од еднаш само немој многу да се опуштиш Инаку,девојки од утре пак ќе ве дружам(инаку,мал совет за другите откако ќе ослабете немојте да се нафрлате на нездрава храна инаку...ќе мора како мене пак на диета) Инаку сакам да ја прашам VedaG10 зошто пак си на диета(пошто во претходите постови паметам бајаги ослабна?)