луѓе вчера ме убоде оса, и одма го измив местото, ставив синопен и се напив лоратадин. местото ми е отечено и црвено, ме чеша, сега ставам мраз, имате ли некој друг лек ми е страв да не ми се прошири кажете ми чаре. ве молааааам
убод од оса, што да се прави? треба да подржиш босилок..или со ракија да го измиеш нема да ти се прошири доколку не си алергична/алергичен.... инаку ќе чеша и некое време ќе е отечено..нема зошто да се тровеш со апчиња може и кал да ставиш...и со обратната страна од ножот да постругаш тоа е отприлика се што знам
убод од оса, што да се прави? Јас имам слушнато дека треба оцет да се стави на убоденото место, исто така и за босилок знам
убод од оса, што да се прави? луѓе фала ви многу, ми помина за два дена, ставив кал, после се мачкав со синопен и ставав мраз и ми помина
убод од оса, што да се прави? Ставете босилек на каснатото место. Мене пред неколку недели ме касна и се намачкав со босилек го подржав 10тина минути и готово!
убод од оса, што да се прави? Синопен помага јас кога бев малечка имав осило и не давав 5 дена да ми го извадат па на спиење мама ми го извадила
Тоа со калта заборавете го - може гадна инфекција да си добиете. 3то одделение бев, на одмор ме касна оса, доаѓа наставничката чекај со кал да пробаме - и после ме носеа во болница да примам тетанус инекција. (битно не идев во школо една недела ). Измијте се со вода, мраз се става за да се смали отокот и ставете некоја маст. Ќе ви помине за ден-два ако не сте алергични (инаку искрено не сум слушнала за алергија на оси, ама ако некој ме праша јас сум алергична - не можам да ја поднесам болката - и стално сум се вадела со алергијата ).