1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Уредби со законска сила на Владата за време на короната

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Cka, 15 мај 2020.

  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.193
    Допаѓања:
    123.819
    За сите правници, периодов е уживање.
    Темава е за да има траг, некогаш, некаде, кога и какви уредби се носеле во овој период.

    По закон, уредбата со законска сила се носи од владата само во време на воена и вонредна состојба, кога собранието не може да се состане. Помеѓу законите и уредбите, има знак на еднаквост.

    Собранието не ги потврдува овие акти по состанувањето.

    Добри страни - мора да има вакви акти, иначе нема да може да се функционира законски.
    Лоша страна - актите не се донесени со претходна проверка на Секретаријатот за законодавство, не се разлгедани на соодветни комисии во собрание, немаат анализа која се прави за остнатите закони, нема транспарентност при донесувањето, нема прво бторо читање, можност за амандмани...

    Видовме добри но и ужасни уредби, најголем ден спротивни на други закони, но и такви кои се дискриминаторски, а и такви кои воопшто не се итни и нема потреба да се носат во вонредна состојба. Видовме и уредби кои Уставен суд ги поништи, а наскоро заради нив ќе треба државата да плаќа надоместок.

    Сите уредби се објавени на следниот линк https://www.pravdiko.mk/uredbi-so-zakonska-sila/
    како и на страната на службен весник.

    Повелете на дискусија, на пример, да почнеме од најктуелната денес, уредбата со заонска сила која вика дека децата и лицата над 67 гдини имаат поинаков полициски час ос останатиоте. Уставниот суд смета дека е дискриминаторска одлука, па сега сите казнети поради оваа незаконска уредба ќе можат да бараат надоместок и да им се врати платеното (ако платиле).

    Или пример, уредбата за одморите и породилната. На пример, уредбата за породилната трае додека трае вонредната состојба, но таа завршува за 2 недели, а градинките не работат.

    Пример трет, уредбата за платите на фукнционерите, поништена од Уставен суд, која беше донесена за да биде падната.
     
    На Victorian, *Amethyst*, Dust и 4 други им се допаѓа ова.
  2. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.842
    Пол:
    Женски
    Ако можи превод за нас кои не сме правници.
    Дали ова значи дека владата си игра к*р-ташак и си прави БУКВАЛНО што сака?
     
    На GirlLove, SummerGirl и jasbi им се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.109
    Допаѓања:
    164.721
    Исто како и претходно:D

    Не сум правник, само случаен минувач.
    Ме изненади уставен иначе, уствари не уставен сам по себе, туку што некој поднесол барање до уставен. За мерките за пензионерите зборам.
     
    На SummerGirl, fana и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  4. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.378
    Допаѓања:
    34.165
    Пол:
    Женски
    Јас колку што знам уставен може да реагира и без поднесено барање.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.193
    Допаѓања:
    123.819
    Владата е Собрание сега. Може да донесе каква сака Уредба со законска сила ко да е собрание.

    Ејјјј, имаше еден, Бог да го прости, на ден по 5 иницијативи имаше и уставен постапуваше по нив. Сега брзо умре, пред некој месец.

    У случајов мислам дека е по барање на друг, не по сопствена иницијатива.

    Ова е интересно, нова уредба од вчера, неќна
    http://www.slvesnik.com.mk/Issues/eabcb0b9741b45d4b64c6e990b42a360.pdf

    Уредбата е за тоа дека функционерите можат да одат надвор од границите на РМ, за разлика од смртниците. Исто, нема да одат у карантин како другите у хотел, туку ке се држат на 2 метри од другите.
    Според мене, и оваа уредба ќе падне на Уставен.
     
    На kukla21, *Amethyst*, Biljarkata и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.207
    Допаѓања:
    30.903
    Пол:
    Женски
    Јасно е дека не ги заболе за здравјето и доброто на народот како што се правдаат. Бандата ја пролонгира вонредната баш заради тоа да си прават што сакаат и да си носат одлуки во своја корист. Битно од вонредна и полициски, право на избори ќе одиме за да може да се прогураат на брзина во матното.
     
    На prominent му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.193
    Допаѓања:
    123.819
    искрено, јас сметам дека мораше да се донесе вонредна, бидејќи немамвме собрание, и немаше како да се спроведе се законски.
    Владата мораше ова да го направи, НО!

    Мислев дека ќе бидат уредби кои ќе се однесуваат на вонредната состојба, не и уредби за ниви со марихуана, нови/стари нотари, сертификати за дијаманти, ставање северна на парите.... мнооогу одлуки кои апсолутно требаше да се одлука на Собранието, не сеникако поврзани со ковидот, ама владата реши додека има моќ, да прави што сака.
     
    На *Amethyst*, Ева33, Amelia и 5 други им се допаѓа ова.
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    @Cka и надвор од уредбиве, законот за антидискриминација вчера беше поништен на уставен цела година по донесувањето затоа што бил направен превид, и тоа и во службата на претседателот на собранието, и во службата на претседателот на државата.
    Курташак да си играат. Битно газот во фотелја им е, другото помалку битно.
     
    На *Amethyst*, cresa-jagoda и Cka им се допаѓа ова.
  9. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.193
    Допаѓања:
    123.819
    Види, тоа е друга тема, изборот на претседателот, промената на името... се е надвор од законите. И овој закон е исто, надвор од корона.

    НО темата е за уредбите. Мислам да се задржиме на нив.
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  10. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.386
    Поднесено е барање до уставен од една жена, правничка. Ја читав на фејсбук баш пишуваше за тоа.
     
    На cresa-jagoda, An-na и Cka им се допаѓа ова.
  11. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.378
    Допаѓања:
    34.165
    Пол:
    Женски
    Фала. Муабетот ми беше дека не секогаш мора да има поднесено барање, некогаш реагираат и без.
     
    На cresa-jagoda и Biljarkata им се допаѓа ова.
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.193
    Допаѓања:
    123.819
    Реагираат и без, на пример за веронаука у училиштата само одлучија.

    Кажете ми, дали со Уредба решија Бобо на Радмила Шекеринска да може да се лекува у Грција? Каде е таа уредба кога може граѓанин да оди заради лекување у странство заради болест? Мислам дека со уредбата за забрана на движење немаше таков исклучок, а исклуччок сега напраија за функционерите, а он колку што знам не е функционер.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.109
    Допаѓања:
    164.721
    Ако напраиле уредба само за Бобо, врв на генијалноста се(facepalm).
    Ама ништо сензационално не е исклучок лекување во странство, кајшто живеам јас за цело време на рестрикции, патување заради лекување во странство беше дозволено, останати патувања беа суспендирани.
     
  14. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    2.991
    Допаѓања:
    4.800
    Пол:
    Женски
    Со уредба, машала...каде се кријат сите што од Тамара (детенцето што почина) правеа тешка злоупотреба, а уште колку такви случаи има ама сега нема помпа, шта то би ?
     
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.193
    Допаѓања:
    123.819
  16. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.798
  17. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.193
    Допаѓања:
    123.819
    Ова значи дека се пто е донесено како Уредба со законска сила веќе не важи.
    Тоа што е донесено со одлуки и решенија на министерствата, важи.

    Овие рекоа дека се ќе важи :))) немаат правници у Влада. Значи, на пример, со уреба донеле дека родител треба да седи дома... работодавецот вика ќе идеш. Ти идбиваш и ти дава отказ. Пред судот, он е у право.

    За жал, поради тоа што не ги изменаџираа работите ќе има многу последици, правни и финансиски.
     
    На veteruska му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.109
    Допаѓања:
    164.721
    Пошто живеам во држава кајшто има правници, да ви кажам, нема вонредна ама анти-ковид мерки важат. Пошто правнички беше укината вонредната состојба како противзаконска или нешто.
    Трагедија во неколку чина е тоа во мк(facepalm)
     
  19. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.069
    Допаѓања:
    14.178
    Пол:
    Женски
    Каде може да најдам кои се моите права како вработена во фирма што добива поддршка од државата за време на КОВИД-19?
    Гледам на правдико има само
    УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ФОРМИРАЊЕ ФОНД ЗА ПОМОШ И ПОДДРШКА ЗА СПРАВУВАЊЕ СО КРИЗАТА ПРЕДИЗВИКАНА ОД КОРОНАВИРУСОТ COVID-19.
    Не можам да најдам права и обврски на работодавачот и работникот.
     
  20. JonyBravo

    JonyBravo Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2015
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    2.141
    Пол:
    Машки
    Ги имаш истите права како и претходно :)
    Фирмата во која што работиш треба да го задржи ИСТИОТ БРОЈ на работници ( со одредени исклучоци) до крај на јули ( мала „привилегија“ дека нема да те избркаат од работа уште некој месец)
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.