1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Училишен социолог

Дискусија во 'Психологија' започната од lions, 10 септември 2015.

  1. lions

    lions Активен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2015
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Машки
    Потребен ми е разговор со социолог дали некој има разговарано со школски социолог во моето училиште нема психолог веројатно истата функција ја има и социолог колку е разговорот со социолог дискретен и како да го победам срамот да се обратам кај социологот
     
    Последна измена: 10 септември 2015
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.644
    Допаѓања:
    95.696
    Пол:
    Женски
    Социолог! Ј нема тука ;)

    Функцијата на социологот е да ти помогне во социализацијата, со другарчињата, во новата средина, со професорите, додека пак психологот треба да ти помогне доколку имаш некој проблем, стрикно стравот треба да ти го надмине. Ако можеме тука сме ќе помогнеме ;)
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Не работам како школски социолог меѓутоа имам дипломирано како социолог. Незнам зошто во твоето училиште нема психолог, мене дури и чудно ми е што има социолог, ретко кое школо има.
    Сега незнам каков проблем имаш, меѓутоа не треба да ти е страм, тој за тоа е платен да ти помогне во секоја ситуација, да ти даде совет.
    Ако сакаш прати ми лп ќе ми го кажеш проблемот па ако можам ќе ти помогнам :)
     
    На lions и daylight им се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.425
    Пол:
    Женски
    Штета голема е што не се знае и не се сфаќа вистинската функција на социолозите во училиштата... ги вработиле само во канцеларија да седат и да се сликаат за на табло да ги има како социолози... штета голема... само на разговор кај психолози ги праќаат учениците... а можеби и тие (социолозите) самите не сакаат да се ангажираат и си работат по принципот нишај врата-земај плата... ако еден ден бидам училишен социолог, бидејќи тоа студирам, нема да ги оставам такви работите...