1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Факултет за психологија

Дискусија во 'Образование' започната од k.broken, 6 јуни 2010.

  1. Ani.taa

    Ani.taa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    62
    Девојки би сакала да прашам дали има друг факултет освен филозофскиот во Скопје каде може да се студира псохологија? Инаку јас сакам да добијам само потврда дека со моите свидетелства и диплома можам да студирам на тој факултет пошто јас сум веке пријавена во Швајцарија на истиот меѓутоа ми треба потврда само. Од филозофсиот ми рекоа дека морам да се пријавам како да студирам на тој факултет а резултатите се објавуваат некаде околу септември мислам дека кажа.Тоа ке ми биде прекасно бидејки морам таа потврда да ја покажам на овој универзитет во Швајцарија. Ве молам ако некој знае повеќе околу тоа да ми каже.
    Фала однапред
     
  2. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Дали на институтот за Психологија може да се студира вонредно?
     
  3. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.807
    Се сложувам! Бубање и добри оцени, читање дополнителна литература- џабе е се тоа ако си немаш малку искуство. ;) Лично искуство! Си треба. Така уште подобро ќе го разбереш проблемот на другите. Или како ти што си кажала да се има она нешто. :lol:
    Јас сакам пак да се запишам на факултет, и сакам на психологија, па и мене ме интересира:
    :)
     
  4. Devojka20

    Devojka20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2012
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    53
    Психологија

    Вака значи, би ви била благодарна ако ми помогнете. Сакам да се запишам на Филозофски- Психологија, но немам никакви значи информации... Пишав на Уким, ми дадоа еден линк, но јас тоа што сакам да го прочитам таму го нема... Јас на крај земав Училишна матура, па би ви била благодарна доколку ме информирате нешто околу тоа, дали примаат со Училишна, колку предмети има, дали е тежок??
     
  5. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Мајка ми е 4та година на Психологија, ако ви треба нешто помош или сл, обратете ми се во ЛП :)
     
  6. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.542
    Допаѓања:
    6.308
    Ја обожавам најпрво психологијата, а потоа убави ми се и социологијата, педагогија, историја, одредени прашања од филозофијата и психијатријата (иако знам дека е многу посериозна од психологијата ама неможам да се запишам на Медицина зашто неможам да отварам трупови, ќе повратам :puke:)

    Инаку би сакала психологијата еден ден да биде моја професија и сакам да се запишам на Филозофски, ама мајка ми ми вика дека не е перспективна таа струка, што ќе бидам, кај ќе најдам работа |( и ме замара да одам на Филолошки зашто ми оделе јазици, а јас не сакам, ќе полудам од толку јазици, па уште и англиски пак ако го земам, смрт! Нема шанси. Да живеевме во Америка или во некоја друга држава, психолог би била поперспективна професија, ама тука да, стварно се нема работа.

    Инаку ги видов предметите за психологија, на страната на Филозофски и многу се интересни, има и генетика, медицинска психологија и уште еден предмет поврзан со биологијата што исто многу ја сакам, ама заборавив како се викаше.

    Во секој случај, скоро 90 проценти сум сигурна дека ќе се запишувам на психологија. :)
     
  7. Devojka20

    Devojka20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2012
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    53
    Мој совет, тоа што те влече таму да си се запишеш. Ти тоа ке го работиш понатака. Иначе, сум слушнала дека некаде 2014- 2016 излегува нов закон, ке има работа. Како матичните доктори шо се, така секој еден чоек треба да има и по еден Психијатар. Јас сигурно одам Психологија, не заради тоа што ке има работа, туку тоа сакам да станам од моја 10-год. возраст :)
     
    На aways му/ѝ се допаѓа ова.
  8. wwwbella

    wwwbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    8
    A зошто секој човек да има психијатар или мислеше психолог? а за ова дека ќе бидело таков закон во Македонија? И јас многу сакам да се запишан на психологија само ме кочи тоа што нема работа :worried:
     
  9. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350

    Нема работаа??
    Тука малку си грешка..
    А и едно е психолог,а друго психијатар...
     
  10. wwwbella

    wwwbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    8

    За понатаму и јас мислам дека можеби ќе има повеќе работа ќе се запознае подобро народот што е психолог а што психијатар. А за сега повеќе слушам коментари дека има многу и одамна дипломирани психолози без работа.
     
  11. Devojka20

    Devojka20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2012
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    53
    Мислев Психолог, пишав Психијатар. Грешка! И немој да ми се правите многу паметни :D
    Кажете ми сега дали можам да се запишам со Училишна Матура на Филозофски - Психологија ? :$
     
  12. 1-Lady-in-red

    1-Lady-in-red Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    44
    Преголема ми е желбата за овој факултет уште од многу мала читам строго психологија, во крв ми е психологијата, најголема желба ми е да ме примат на факултет и ако ме примат ветувам ни една деветка нема да си дозволам се десетки ќе се :D
    само да ве прашам колку ќе примат оваа година и дали е голема заентересираноста за психологија годинава? :)
    Благодарам однапред :)
     
  13. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.517
    Може, ама во приватна квота.

    Секоја година има заинтересираност. 20 на државна квота, а на приватна незнаам точно. Но голем беше бројот.
    Ако имаш двојно државјанство аплицирај си со другото, за националностите е поразлично :)
     
  14. 1-Lady-in-red

    1-Lady-in-red Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    44
    А ако има некоја повеќе информации околу факултетот ќе може ли да ме информира :D
    И девојки држете среќа да си имам среќа :lol: МОРА ДА СУМ ПСИХОЛОГ :P
     
  15. meow22

    meow22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    79
    И јас ќе одам на овој факултет, примаат 20 во државна квота и 80 во приватна (на УКИМ), а исто го има и на приватните МИТ и МСИ.

    Колку поени имаш вкупно лејди? :)
     
  16. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Женски, навистина ми треба помош...мајка ми е на факултет присхологија.. и има за дипломска за крај да брани на тема - ИНВИСТРО ОПЛОДУВАЊЕ, дали некоја од вас има можеби некои материјали.. али гледано од психолошка страна.. не од медицинска,ќе ви бидам благодарна :)
     
  17. Stephanie

    Stephanie Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    7

    Вака женска, пред 2 месеци имаше отворен ден на ФЗФ незнам дали беше, јас бев на штандот :) дававме корисни податоци за бруцошите и за нивната програма.
    Всушност од оваа година 2012/2013 ќе има менување на програмата е сега точно незнам за кој предмети и дали некој ќе се исфрла или ќе се додава, али како и да е оди на fzf.ukim.edu.mk и таму можеш да ги прегледаш предметите за сите 8 семестри.
    Ако те интересира нешто подетално пиши.

    Со среќа и добредојте во клубот ;)
     
  18. Stephanie

    Stephanie Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    7
    Неможеш да се запишеш со училишна матура, затоа што таа важи само за приватните факултети, факултет за ликовни уметности и мислам дека за музичко-балетен
     
  19. meow22

    meow22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    79
    Има некоја што утре ќе се запишува на психологија? :)
     
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.649
    Пол:
    Женски
    Има повеќе како што знам - Лукс, Примавера, Ема.Ск и уште некоја имаше, ги читав во темата за матура. :)
     
    На Ema.Sk, Lux и meow22 им се допаѓа ова.