И тоа ок. Ама ако утре истава таа жена ќерката ја учи на истото, ондак бира да упропасти следна генерација место да го прекине кругот со нејзе.
И ова е точно. Зато и секогаш сакам кога имаме јавни дискусии на вакви теми зошто често некое девојче не можи да стигни до овие информации и размислувања дома. Знам дека многу од работите кои ги знам/ сакам/ застапувам идат од онлајн просторот во кој растев.
Еве еднаш да не можам да се сложам со тебе. Те сфаќам од кај поаѓаш ама мислам дека време е и да збориме како жените го поддржуваат патријархатот - свесно. Не се сите обесправени па да не можат да размислуваат малку подлабоко. Еве пример членката тука е доволно писмена да сфати за што се зборува ама одбира да го сведе феминизмот на кој моча стоечки. А во последно време секојдневно слушам жени моја генерација, од мојата бранша или на слично образовно ниво кои толку редуцирачки зборуваат за машко-женски релации, што стварно мислам дека треба повеќе да се осудуваат жени кои се однесуваат како принцези на патријархатот.
Зубозарно и вакви деној треба да има. Јас скроз разбирам шо велиш и сметам дека е така. Само шо не можам да исклучам гласот at the back of my head кој ми вели дека јебига, жал ми е. На свесно ниво - 100% се согласувам. Ама не можам да контролирам шо осеќам (засега).
Членот гарантирам дека не е жена, маж е и тука на форум продава глупи муабети демек од жена. Шанси нема жена вака да размислува, освен ако живее угнетувана па сама себе уствари пробува да се убеди дека тоа е океј. Како можеш да бидеш подобар или полош во пуштање машина за алишта, фор фак сејк?! Или за возење?? Побогу или знаеш да возиш и ти дале возачка, или не знаеш! А шо па мажот по дифолт пошо има пенис, мора да знае да кречи или да мести туш кабина, или што год и да е? Зошто мажот мора да крева нешто, еве шо праиме ако не може, има здраствен проблем? Зборуваме за секојдневни работи што секој еден нормален возрасен човек ги прави првенство за себе. Средношколци знаат да живеат сами и да се грижат за себе, ама женетите не биле доволно талентирани машина за алишта да пуштат.
Мис не знам што се чудите и ти и други. Имаш жени и жени. Па зар не познавате ниедна во живо што вака мисли? Мене една теткица ми има речено оти мажот ако требало на сила ќе ми направел дете, немало сакам неќам тоа у брак. Со други зборови, она ќе си ја прчи и ако нејзина ќерка мажот ја силува. За патријархални улоги ич не мора да ја прашаш што мисли. И дома не ми било поарно, не би да зборам ама мислам голем дел сме израснати со такви родители, во помал или поголем степен патријархално воспитани. И оние што коментираат оти сама си го барала мислиш децата ги милуваат дома? Си ги учат ќерките на самостојност и гордост? Јок. Буквално околу нас се, и мажи и жени вакви. Замисли имаш ќерка, си ја израснала од бебе во девојче во жена и ѝ велиш да му служи на мажот, да трпи, да не те боли кога неа ја боли. И вакви жени се чиста злоба и лицемерие и за жал не се ретки. И тука најмногу се гледа која е присилена АМА свесна дека не е во ред, а која го поддржува патријархот. Баш преку воспитување на децата. Ти ќе трпиш, ама нема да дозволиш твое дете да трпи, по ниедна цена.
Процентуално поголемиот дел од фаталните сообраќајки се од мажи. Ама да, после ние жените сме тие кои не знаеме да возиме. Инаку ние ко жени секад сме имале и ќе имаме поголеми обврски, како сакаш сврти го. И биолошкиот терет дури ни е поголем. Само што разликата денес е што имаме слобода и избор. И тоа го ценам, мирот си го поштувам. Ниту ми е тешко да перам, чистам, готвам, ниту ми е тешко да работам и да заработувам и да имам поголеми обврски од маж. Она што психички би ме утепало е некој си таму да ми кажува како да живеам, да сум му робинка, само оти така требало и дека се "супериорен" пол.
Абе кога бев на пракса преку една организација, тинејџери и млади дечки со посебни потреби делеа алишта на светли и темни и сами пуштаа машина, си ги чистеа и пребришуваа собите сами и ми кажуваа дека тоа го прават зошто сакаат да им биде чисто и не сакаат да седат во валкана соба. И они знаеле и умееле да поделат алишта на светла и темна машина и да си го одржуваат чист просторот, ама Митре наш голем маШ не може, не знае, абе не го бива едноставно за тие "женски" работи. А коа ќе видиш дека уствари тие "женски" работи се секојдневни работи што треба (за жал ) да се прават цело време, тие мажи пред да се земат со жена им што правеле? Не живееле ли ни ден сами, па да треба да си ги вршат овие работи? Уствари што зборам и јас, до 30 години мамичка им готви, пере и смука, од 30 жена им, и така. Совршен ред во космосот.
Такви забегани муабети лично ми немаат кажано, и верувам дека постојат, ама сè си мислам дека доаѓаат од некои постари и поизолирани генерации? Мада гледам од околу мене, горе-долу жените пак повеќето секојдневни работи ги праат, ама очигледно е дека мажите не се до толку фатени у рацете ко шо некои ги праат. Башка да не праиме муабет што денес на мал милион начини можеш да си ги олесниш работите, имаш машини скоро па за сè, на секој чекор можеш какво сакаш јадење да купиш, имаш услуги од перење теписи до кречење до мењање на гуми. Какви се тие заостанати муабет од времето на Гоце Делчев?? Денес да работиш земјоделство е сериозна одлука што нема врска со мажи/жени, и ретко кој се нафаќа таков живот да живее. Праиме муабет за современ живот, мнозинството што го живее.
Точно форумот многу помага, барем мене многу ми помогна.. Јас сум така растена дека женското дете мора се, а машкото е само дете.. Форумот почнав да го читам тинејџер кога бев и видов дека многу работи не се баш така и не мора да е се така црно..
За првиот пасос-вооружена некомпетентност- еден пост под твојот. За другото- ние не треба и не може да бидеме еднакво способни во се , на пример во извршување физички интензивни работи. Ама, денес живееме во општества (бар ние што имаме пристап до интернет) во кои физички интензивните работи се се помалку и помалку. Мислам, ич немам амбиција да бидам ковач или рудар. Проблемот е што денес рудари и ковачи веќе не постојат, а во месарата подеднакво добро ќе исече месо и жена. Традиционално, откако на жени им е дозволено да се образуваат, постигнуваат подобри резултати (еве, нека е и општествено условено, I don't care). И сега, имаме пазар на труд кајшто перформансите не зависат од ексклузивната машка физичка сила. Па доаѓаме до мантрата-феминизмот е зло, ни ја украде улогата на бред винер, не можам среќно да бидам рудар, или ковач и да се понашам ко бог, а оваа сега место да дреми дома, се занесува дека требало машина за перење да пуштам, пошто исто работиме, на каса во супермаркет по 8 саати. Шмрц.
Од постари да, ама за жал и помлади. Оти од дома ги учеле така и нели, она класичното еве така ме воспитувале па не ми фали ништо, не се трудат да погледнат подалеку и да сменат нешто, па го применуваат истото на нивни деца. Оти чим твоите дома те учеле, во право се, боже сачувај да речеш моите не беа во право, јас ќе бидам поразличен.
Ние можеме да мочаме стоејќи, само нејќеме оти одбираме да сме културни. Ти не можеш да ги товараш гумите, но има жени кои можат. Една моја (покојна) наставничка често самата си ја носеше колата на мајстор (дека маж ѝ ради професијата често беше на терен) и доволно си ја познаваше за му објасни што треба да се среди. Деца од различна тежина ги дигаше без мака иако изгледаше како да не можеше да помери ни пердув. Кога ја прашаа за маж ѝ, рече дека учествувал во сè кога бил дома. Значи често не е до неможење туку до неволност. Мажите можат да бидат подеднакво добри во грижа за децата и домаќинството. Само е до нивното воспитување и волја. На пример, еден од средно. Имаше и мајка и татко, но мајка му работеше во странство и целиот товар паѓаше врз таткото. Соучеников цело време зборуваше дека е поблизок со татко му оти он повеќе води сметка за него. Беше мирен и одлично ја знаеше границата помеѓу навреда и шега. Татко му присуствуваше на родителски и се интересираше што му прави детето. Не треба мажите да се третираат како неспособни, туку да се мотивираат и учат да станат способни. Во темана „Испукајте се од мажот“ многу членки несвесно или полусвесно премногу им допуштаат на мажите (кои очигледно ги сметаат за слугинки, а не сопруги) иако однесувањето на мажите вришти од црвени знамиња кои требало да ги воочат на време и ради кои раскин или развод е валидно решение доколку мажите не се коригираат во однесувањето. Се смеат кога некоја девојка/жена (воспитана и свесна да обрнува внимание на знамињата кај /дечкото/мажот пред да направи сериозен чекор со него) советува друга да отвори очи. А, токму таа свесност ни е створена благодарение на добрите страни на феминизмот. Ни кажуваат дека не мораме да бидеме со кретени и дека можеме да спречиме појава на такви кретени.
Ти пак не разбираш. Колку пати годишно менувате зимски гуми? И сега бидејќи еднаш некогаш годинава ти ги кренал гумите, ти треба до другата се останато од домаќинство да правиш. Браво, секоја чест каква жена има маж ти. Не знам само што правдаш, себе или што? Јас иако стојам цврсто врз тоа дека во првата година од животот на бебето, мајката има огромна улога, меѓутоа додека мајката ја имаа таа огромна улога, за пелени менување не треба само мајка, може и татко, за готвење ручек, може и татко, за да раскрене хаосот по дома, може и татко. Тоа е брак и заедница, надополнување на секојдневието, а не мерење кои обврски биле машки, кои женски и стриктно кон тоа да се водиме. И после ова ме боли, она ме боли, а него газот го боли од квачење на шоља. Ама еднаш кренал гуми у гепек. Па нормално ќе крене, јас ќе направам ручек за тоа време. Ама утредента што?
Да си женско и против феминизмот или озбилно немаш поим кои се придобивките од него или пак си неспособна да пловиш во водите на современиот и независен живот и свесно избираш да живееш ко Амишите, а сите способни и самореализирани жени ти стануваат ќерки на Сатаната. Сум имала контакт, нажалост со вакви амишовидни жени кои кога ќе се соберат во чопор тешко на тебе ако сакаш да им отвориш очи, ама мислам таквите свесно се прават при очи слепи и за мое разочарување огромен процент се декларираат како стопроцентни христијанки (не велам дека ги нема припаднички и на други религии, јас ова сум го приметила од лични средби) според кои мажот е стопанот и за се тој да се информира и праша. Жалосно па кога сум налетувала на екстремно високо едуцирани жени жртви на ваквите свои заостанати размисли и промисли за позицијата на жените, феминизмот итн.итн. кои кога ќе си ги откриеш своите спротивни размислувања од нив како да ги активираш да те превоспитуваат и просветлуваат со нивните средновековни догми.
Зашто некоја би сакала помалку права? као wtf, rip logics xD И никогаш не треба да престане борбата за правата пошто мала опуштеност одма машкиве ќе ја искористат и ќе ја вратат жената неколку векови уназад a тоа веќе го има во некои држави за жал. А ако сакате за секоја ваша одлука машка фигура да мора да прашувате и да добивате или не добивате дозвола go on хејтате феминистки.