Искрено, фан сум на Хари Потер уште од самиот почеток, чувството кога го гледав 1 пат на кино беше супер, како и минатата недела последниот дел.. Обожавам филмови со овој жанр и мислам дека ХП има многу фанови тука во МК.. па кажете сега вие што мислите за Хари
Хари Потер(Harry Potter)[1998-2010] последниот дел хари потер веќе стана хорор,и затоа ми се допаѓа.веќе го нема толку малото детенце кое учи магија.супер филм,немам за белешки.кога ќе испадне 8 дел? едвај чекам
Хари Потер(Harry Potter)[1998-2010] Не е 8 дел, туку втор дел од седмиот филм. Како и да е, филмовите не ми се ништо посебно... иако кастингот е одличен, за нив немам замерки. Сепак, книгите се далеку подобри, што е сосема нормално и очекувано. Јас се' уште го немам гледано првиов дел од последниов филм, кај да е, ќе го гледам
Хари Потер(Harry Potter)[1998-2010] И јас го имам гледано секој дел од овој филм, и книгите ги имам прочитано. Немам некаква замерка. Интересно е. Ама книгите се далеку подобро. Филмот за 6тиот дел се беше само натрупано и неповрзано,без никаква приказна. Среќа што ја знаев содржината а брат ми и татко ми ме побудалеа да им ги разјаснувам деловите. е првиов дел од 7цава го достигна врвот. Иако неколку пати срцето ми застана гледајќи го. Стварно убав. И веќе едвај го чекам и последниот. Инаку вториот дел од седмицата ке излезе во јуни.
Хари Потер(Harry Potter)[1998-2010] Еден од омилените филмови ми е. Како мала бев побудалена буквално, сите исечоци од весници за филмов и за актерите ги собирав НИКОГАШ нема да ми здосади.
Хари Потер(Harry Potter)[1998-2010] Дефинитивно филм кој најмногу уживам додека го гледам и книги кои обожавам да ги читам иако јас ги читав книгите на англиски јазик.Ми беше порано многу интересно кога испадна првиот дел од филмот се смеевме со другарките дека имам белег на челото баш на истата страна што го има и Хари и често пати знаеја да се пошегуваат со мене за таа сличност.... камо да се вратат тие времиња...
Хари Потер(Harry Potter)[1998-2010] И јас сум фан на Хари.Уште се сеќавам на првиот дел во кино го гледав,паметам и како се чувствував во моментот.... колку бев возбудена и внесена.Од тогаш само што излезе нов дел, недела по премиерата јас веќе сум го гледала.А за книгите се согласувам далеку се подобри од филмот мислам секогаш преферирам книга воопшто.Мене омилен ми е првиот дел,значи со него почна таа приказна и затоа си го гледам почестно никогаш нема да ми скисне од него.А дел кој ме разочара е Х.П. и волшебникот од Азкабан,не ми се допадна.Првиот дел од седмицата ме остави без зборови,многу ми се допадна одвај чекам крајот да го видам,мада ме е жал што веќе нема нови делови и нема да бидам во исчекување.А ианку нема многу од луѓето што ги знам да го сакаат,дури и ми се смеат што толку сум внесена во него ама си го сакам бе заљубена бев во Даниел .Шалата настрана ми се допаѓа целата приказна како е осмислена,внимавано е на секој детал и не е како другите филмови со продолженија,како после првиот дел се губи онаа магија,убавината...другите делови ги расипуваат и првиот.Овој филм е нешто посебно за мене,иако кажав дека не би го сместила во најдобри на сите времиња,сепак е одличен.
Хари Потер(Harry Potter)[1998-2010] Го обожавам филмот, уживам да го гледам, ги имам гледано сите делови и едвај чекам да видам како ќе заврши, а од книгите имам прочитано неколку и стварно се подобри од филмот и многу појасни за разбирање
Хари Потер(Harry Potter)[1998-2010] Неспоредливо подобри (според мене) се книгите, во филмот има испуштено еден куп сцени. Искрено, ме пука носталгија за времињата кога се возбудував за излагањето на нов дел. Хари Потер фор лајф .
Хари Потер(Harry Potter)[1998-2010] Го обожавам филмот исто како и книгите. Како што кажа thatsmysecret - навистина неспоредливо НАЈДОБАР. И мене многу ми е криво што пропуштени се многу работи, многу смешни сцени со Фред и Џорџ на кои сум се утепувала од смеење читајќи ја книгата. Филмовите и книгите ги имам прочитано над 0394802934890238403 пати и пак не ми се здосадуваат. Едвај чекам да излезе 2от дел од Хари Потер и даровите на смртта. Ууу јас повеќе го сакам Рон - Руперт Гринт. Ни мене! НИКОГАШ!
Хари Потер(Harry Potter)[1998-2010] Уште кога го погледнав првиот дел, станав зависна од филмовите, никогаш нема да ми здосадат, иако книгите ги доживеав многу подобро, сепак филмовите се одлични!
Хари Потер(Harry Potter)[1998-2010] Dali nekoj znae kade da ja najdam chetvrtata kniga na makedonski i kolku pari e?
Хари Потер(Harry Potter)[1998-2010] јас ја зедов од библиотека „хари потер и огнениот пехар“ иначе филмот е едноставно легенда, но сепак мене книгите ми будат повеќе чувства
Хари Потер(Harry Potter)[1998-2010] Пораснав со овој филм. Како актерите растеа така и јас. Побудалена сум по филмот. Сум го гледала 100 пати и уште толку и ке го гледам
Хари Потер(Harry Potter)[1998-2010] И јас го обожавам Хари Потер , како книгите, така и филмовите...а книгите ги имам сите купено иако последноит дел ми е на српски (иначе на саем на книга видов има и на мк, 990бесе) и книгите ги купував со 80% проценти попуст од книжарата Култура, на плоштад што е...не ми се сфиѓаат само ради магијата, туку едноставно стилот со кој се писувани, прекрасната глума, деталниот расплет, се се вклопува како идеална сложувалка. Го имам процитано седмиот дел цел и сега останува само да си го цекам 2ката од последниот(7от) дел HARRI POTTER!!!
Хари Потер(Harry Potter)[1998-2010] И јас го обожавам Хари Потер сите филмови досега ги имам гледано....стварно многу е убав филмот....
Хари Потер(Harry Potter)[1998-2010] Хари Потер!Само да почнам негде да работам од прва плата сите книги ќе си ги купам <3
Хари Потер(Harry Potter)[1998-2010] И јас го обожавам Хари потер И сега јачитам последната книга односно Седмиот дел (првиот и вториот дел од седмиот дел-се надевам ме разбравте шо сакам да ви кажам) и едвај чекам да ја процитам да видам шо како кје се дешава али знам дека не е исто ко во книгата .. Иначе многу ми се свиѓа Драко малфојј али кога беше помал негде до 5ти-от дел сеа е ко гроб..хДхД
Хари Потер(Harry Potter)[1998-2010] го обожзавам, Хари потер, ги сакам сите филмови, одвај чекам, да го гледам последниот дел, бидејќи ги имам прочитано сите книги , и баш ме ионтересира како ќе го претстават крајот на оваа приказна со која пораснав, на филмското платно