Леле Chocolate.me колку се јаки хеланкиве, дефинитивно А случајно, ама баш случајно да не знаеш дали вакви има во Мк-Скопје воопшто??? поздрав
хеланкии! ги обожавам и мое секојдневие се неможам без нив ни ден,без разлика дали носам по дома,или надвор
Ги сакам хеланките но не сум секогаш во нив... некако мислам дека превише ми го оцртуваат г*зето и гледам да не ги носам често...
Ретко ги носам, но кога ги носам гледам секогаш задникот да ми биде покриен. Не ми изгледаат убаво хеланки да се носат како панталони, со кратки маички. Обично ги носам со туники и подолги блузички. Најчесто во зима со чизми и туника убаво изгледаат. Нешто слично на ова
ги носам ама многу ретко да не кажам еднаш два пати максимум годишно и тоа како хулахопки односно секогаш задникот да ми е покриен бидејќи се чувствувам неудобно како недооблечена да сум излегла од дома ако ги носам само така, и ова се хеланки не панталони. многу невкусно ми изгледа кога ке видам девојка со вишок килограми натегната само во хеланки и кратка маичка Е сеа си барам вакви хеланчиња ако некој видел нека ме извести
Ги носам доста често, кога не е многу студено. Имам црни, сиви, во план ми е бели да си купам сега. И да, ги носам секогаш со туника или кошулка, така да, газето ми е покриено. Немам против некоја да шета така, но јас сепак не се осеќам најпријатно.
Порано повеќе носев а сега почесто сум во фармерки.Но планирам да си купам,ми се допаѓа како стојат на некоја туника или некоја зимска суќничка.Црните ми станаа малку досадни па можно е да си купам во некоја поотворена боја.
Ги имам во сите бои и дезени.Ми се свиѓаат и сакам да ги носам.И во секојдневни комбинации и за ночни провод. Со туники,долги кошулчиња,ептен кратки фустанчња..Периодов највеќе ги носам,најпогодени ми се за сега. Некако многу поубаво ми стојат со чизма,него ли со балетанка ,сандала.. И сакав да кажам дека и скајните ми се убави,онака диви.Али баш скајни тие дебелите,а не оние као најлон што се,тие па ептен се фуј.
Апсолутно луда по хеланки. Носам речиси секој ден. Имам преку 10 пара и искрено, убаво ми стојат и уживам да ги носам. Најлесни ми се за облекување/соблекување и многу лесно се комбинираат со било кое друго парче облека. Започнав да ги носам уште од мојот 18ти роденден, до душа... тогаш и баш и да немаше хеланки кај нас, а очајно ги барав и оттогаш ми станаа омилен дел од гардеробата. Единствено место каде најдов тогаш беше бутикот Уна. И ден-денес ги имам, мислам дека им нема смрт Покрај тоа, денес ги има сегде, во сите бои и дезени што човек тешко може да им одолее