1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хип-хоп стил

Дискусија во 'Мода и стил' започната од blueeparadise, 16 август 2011.

  1. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.545
    Допаѓања:
    6.311
    Барав ваква тема ама не најдов, ако има слична слободно заклучете ја оваа. :)

    Како ви се допаѓа хип-хоп стилот, ете на пример што го фураат познатите рапери (Еминем, Лил Вејн, Дре, Баста Рајмс, 50 Сент..) Не мора и што го носат раперите, онака воопшто дали ви се допаѓа, дали така се облекувате или некогаш би се облекувале?

    Мислам дека хип-хоп стилот почнал да се развива во доцните седумдесетти и продолжил во осумдесетите и деведесетите па се до сега. Единствено не ми се допаѓаат женските рапери/ки , претежно заради нивниот стил. (мене баш ми е кул да видам некоја женска што сака да стане раперка) Сите се разголени, што се вика градите на тацна, шорцеви што им го откриваат целиот задник и слично. Мислам дека повеќето раперки што се, повеќе се промовираат со нивниот изглед отколку со нивниот глас, што за жал во повеќето случаеви и го немаат.. Сега, не велам дека треба да го фураат стилот исто како и машките иако мене тој многу ми се допаѓа :inlove: ама може да бидат доволно привлечни без да бидат целите голи. ;) Според мене, може да бидат и секси фурајќи го тој гангста стил.. што се однесува до мене, така се уште посекси. Сеуште не сум доволно навлезена во светот на хип-хопот/рапот ама од женскиве раперки ми се допаѓа Lady Sovereign.

    Од машките, бог ми е Еминем (и според лириките, музиката, чувствата ама и стилот за што е и темава.) :inlove: , всушност него и претежно го слушам, од останативе знам само песна-две.
    Моето мислење за хип-хоп стилот е дека е доста добар и урбан, широко прифатен од децата и младите низ целиот свет но сепак треба да се знае за мерка во се. Многу се нервирам кога ќе видам рапери со фармерки или тренерки спуштени до после г*з, и мене ми е интересно така спуштено, носам и јас ама тоа е веќе претерано. Или па кога ќе ги стават тие златните заби како Лил Вејн или сто дебели златни ланчиња и разно-разни пирсови веќе не ми личат на рапери него повеќе ми наликуваат на цигани, ептен ми се кичести. :fubar: Малку блинг-блинг секако дека не штети, ама некои ептен незнаат кога е за доста.

    Сега за сега, немам некое хип-хоп/раперско парче освен новите, впрочем и мои први спуштени фармерки и еден oversized дуксер од Ејсид. :inlove: Сеуште не го практикувам целосно овој стил, ама ми се допаѓа и мислам дека би можела да го фурам во иднина. 8)


    [​IMG] ^_^
     
    На CrazyGirl15 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.081
    Пол:
    Женски
    Јас го обожавам рап стилот иако не се облекувам така :|
    Од женските раперки немам идол но од машките Еминем ми е над сите останати 8)
    50% од денот го минувам слушајќи ги неговите песни :)
    ај да се надевам дека во иднина ќе си изградам рап стил на облекување :P :D
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  3. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Еј, дискутабилен е стилов.
    Во последно време ептен се претопува во кич-к*рвинско минималистички и што побизарни парчиња облека кои никој нормален не би ги облекол. Стилот е сам по себе специфичен и е обележје на хип хоп културата, а на денешно време се среќаваат секакви стегнати цурици и накитени шљамчовци а ла гранд продукција кои себеси се претставуваат како следбеници на стилот. Е да бе... -.-

    Пример.
    Ова Е хип хоп стил. Изгледа ганстерски и ненатрупано.
    [​IMG]

    Ова е чист сељачизам и очај за внимание без трошка талент:
    [​IMG]

    Исто важи и за женските.
    Скејтерки, широки (но не и прешироки) тренерки/фармерки, обична маичка, дукс/палтенце, качкет, може марама или некој додаток и тоа е тоа.

    [​IMG]


    А не овие кичерајски „дотерани“ кокошки што само фрцкаат со газот на мутав ритам што нема врска од хип-хоп.
    Да не ставам ептен минималистички слики, и оваа е доволно глупа.
    [​IMG]

    Искрено, порано бев следбеник на стилов, не ептен да се опседнувам да изигравам хардкор, туку едноставно ми е удобен а и си ја сакам музиката (ама онаа вистинската!) па знаев да се избацам со некоја комбинација. Сега пораснав па ми помина меракот. :D
     
    На TS-310 и blueeparadise им се допаѓа ова.
  4. AnGel.fire

    AnGel.fire Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    222
    Па прво што би прокоментирала е дека blueeparadise малце го измеша рап и хип хоп стилот, мислам дека е тоа малце различно иако не е едниствена што ги меша тие два ’да кажам’ поима! Слични се не за др. :lol:
    Нема везе.. Иначе го сакам стилот на облекување, ми се свиѓа и музиката посебно би го издвоила Еминем. Порано се „дивев“ на спуштени фармерки и широки блузи и дуксери (може да се рече дека се уште е така во одредени сличаи). Сега, паа, секако дека не ми смета да слушам таква музика т.е. може да се рече дека слушам СКОРО се, али незнам дали заради друштвото или поради нешто друго се одалечувам од таквиот стил и музика. НО, секако дека сеуште го поштувам хип-хопот, а и рапот :)
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    2.092
    Пол:
    Женски
    Еве што вели Вики за рапот:

    Рап е вид на музика во која се рецитира и мора да содржи рими. Постои андерграунд и комерцијален рап. Во комерцијалниот рап спаѓаат оние артисти кои го прават за пари, слава, публицитет. Aндерграундот се прави чисто од љубов кон музиката. Артистот ја презентира вистината, своето животно патешествие, инспириран од неисцрпните патеки на животот.

    Поимот РАП доаѓа како кратенка од Rhythm And Poetry (Ритам и Поезија). Како што кажува самата кратенка, оваа музика се состои од две клучни работи, поезија која се искажува врз ритам. Уште пред да ја добие својата светска експанзија, оваа култура почна да се развива и кај нас, на почетокот изразена преку застрашувачки мал број артисти, но денес самата Хип Хоп култура (чии начела се најдобро опишани преку овој музички правец) ја доживува својата врвна популарност. Сепак, може да се заклучи дека прилично голем број на луѓе во Македонија, ја прифатиле само модната линија на оваа култура, не знаејќи ја всушност вистинската слика за животот која таа ја носи, како и нејзините принципи и квалитети.

    Мажи: 2PAC, Biggie Smalls, Nas, Busta, Ice Cube
    Жени: Eve, Missy Eliot, Ciara, Aaliyah, Lil Kim.

    Пред 7 години беше мода да се носиш смкнато. Сеедно дали слушаш рап или не. Памтам продавниците од типот на Токсик се напунија со кеш. Се смеевме кога ќе видиме некој кремац, како што се смееме денес ако видиме дечко со марама на глава , капче и спуштени панталони. Имиџот на одреден тип музика го креираат истите тие кои ја прават таа музика. Џастинчо реши дека кремски спуштени панталончиња со разврзана вратоврска и обична маица е нешто кое што е добро за комбинирање. Го виде тоа широката маса и го поприми. 50 Cent стави во спот салести гзиња и маживе кои ја слушаат таа музика преферираат жени со облини, со големи облини.
    Жените што ја слушаат музикава, знаат да бидат агресивни и неженствени ако премногу се соживеат со неа. Тоа е исто како да се соживееш со песна од Ice Cube, да убиеш чоек и да си певнеш Gangsta Rap Made Me Do It.
    Самите манири, гестакулации, начин на зборување допринисуваат да луѓето кои што слушаат рап да се распознаваат меѓусебно, без притоа да ја носат најшарената марама на чело.

    [​IMG]
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  6. EffyPink

    EffyPink Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    12
    Јас мислам дека ти си измешала малце. Хип хопот е култура а рап е музика која спаѓа во неа. :)
     
    На antonina му/ѝ се допаѓа ова.
  7. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.545
    Допаѓања:
    6.311
    ^ Јас мислам дека постои и рап и хип-хоп музика, а стилот се вика хип-хоп. Баш проверив нешто на википедија и таму ги пишуваше одделно карактеристиките на рап и на хип-хоп музиката. Да, слични се, но сепак не се сосем исти.

    Како и да е, не е толку тоа важно па сега да се фаќаме за тоа. :) Инаку, се согласувам со мислењето на Калиопе. Имам и уште нешто да додадам, ама ајде другпат, ме мрзи сега. :wasntme:
     
  8. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    Ми се свиѓа раперскиот стил искрено панталончината и патичината и една блузичка на прерамки и терај многу ми се допаѓа иако немам ни едно парѓе таква облека.
     
  9. Arris

    Arris Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    22
    Не ми се свиѓа! :^)
    Ни хип-хоп музиката, ни хип-хоп стилот. Ништо. Не викам дека не вреди или дека нема поента, само едноствавно не е мој стил и неможам да навлезам во цел тој хип-хоп фазон.
    Златни ланци, златни заби...?? :puke:
     
  10. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.545
    Допаѓања:
    6.311
    ^ Ок сега, и јас реков дека не ми се допаѓаат тие златните ланци и забите.. тоа веќе почнува да се претопува во нешто кичесто што навистина не ми се допаѓа. Штета што во последно се појавија многу квази рапери/хип-хопери кои го упропастија и стилот и музиката. Но, среќа што сеуште има некои што доследно си го негуваат овој стил и не претеруваат во китење па да заличат на новогодишни елки. Како што велат, помалку е повеќе. :)
     
  11. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    Фурав до некаде ваков стил, но повеќе во начинот на однесување, зборување, и се дружев со такви луѓе, mah homiez. 8) :lol:
    Кога ставив протези пред речиси 3 години, за да заборавам дека сите ќе ме исмејат, си слушав http://www.youtube.com/watch?v=8fijggq5R6w&ob=av2e (знам дека протезите не се нешто грилз, дури и погрди се, ама барем научив да се насмеам со протези). :angel:
    Ама пак си слушам рап, и андерграунд, и комерцијален. :)
     
  12. unhappyy

    unhappyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    147
    Стилов ми е нај нај за школо се облекувам нешто слично на oва,нејкам многу пренаџинџурени..како елки..не носам ланчиња,прстени,и белегзии..освен две црни бројаници..и пирсевите што ги имам друго јок
     

    Прикачени фајлови:

  13. SexyTeenGirl

    SexyTeenGirl Активен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    3
    Слушам рап претежно ТОНИ ЗЕН пошо чоеков е ѕвер, најбољи у секоја смисла на зборот :) Многу ми се свиѓа неговиот стил и иам разговарано со него неколку пати и топ е ;) А за облакањето имам многу хип хоп облека, али зависи од пригодата за тоа кај ги носам. Иначе тука се и дечките од ТОКСИКОЛОГИЈА кои имаат многу јаки траки :)
     
  14. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Хммм незнаев дека Тони Зен е рАПер .... М 8) хм
     
    На MarchelineAmaru, Azriel1, swrcii и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. DreamAngel

    DreamAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    353
    Го сакам хип хопот, тој ми е хоби и непресушна страст.. а и стилот ми се допаѓа, онака широки панталони, широки маици.. капите ги обожавам.. ама не сакам кога се претерува со тие ланци, синџири и глупости.
    Најчесто кога настапуваме негде групата се облекуваме во ваков стил, а инаку за вака за изегување не преферирам.. или освен ако има некоја хип хоп журка негде. :)
     
    На beached му/ѝ се допаѓа ова.
  16. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Мене Били Ѕвер ми е идол..најјак рапер е, траки абе у пичку матер!
    Па сеа од фурање хип-хоп стил, до контакт со Тони Зен и супертраките на Токсика..

    Инаку, thumbs up за темава и стилот, ме густа.
     
  17. Cence

    Cence Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    757
    Пол:
    Женски
    И јас бев следбеник на овој стил ама со годините ми помина меракот за овој начин на облекување. Татко ми ми се чудеше, па често расправиите ни беа токму поради овој стил, но никогаш немав срам од тоа како се носев. Застапени ми беа широките фармерки, дресови, широки маици, стегачи, војнички плочки, капи и бидејќи премногу душа давав за Nelly присутен беше и фластерот во одредени моменти зависно од тоа со какво друштво бев излезена. Премногу бев навлезена во овој стил и бев многу среќна тој период и се би дала повторно да ми се вратат тие години. Сега не го практикувам овој стил, но музиката и понатаму си ја слушам кога ќе сакам да се потсетам на старите денови :)
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  18. kosmodiks

    kosmodiks Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    Во нашиот град, сите машки се облечени така, а од девојките .. можеш да ги изброиш на прсти. Една од таквите сум јас, и имам респект од сите заради тоа. Ме носат и на журки и на секакви такви работи!
    Интересно е.
    Има некои што ми се смеат заради тоа, и мајка ми не се согласува, ама не се замарам.
    Тоа сум јас!:)
     
    На MarchelineAmaru и Lallly им се допаѓа ова.
  19. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Јас имав доста изграден хип-хоп стил кој го терав неколку години.
    Иако музиката од никогаш нити сум ја слушала нити сум ја сакала. Чисто стилот страшно ме привлекуваше, бидејќи пораснав како машко и се однесував како машко.
    Бубачките сега ми поминаја, пораснав. Ама сепак сеуште се случува да се облечам така, од ќејф или за журка.

    Како и да е стилот ми се допаѓа и ги подржувам тие кои го фураат ;) :up:
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Не овој стил ми малку не го скам и обожувам.