Темава е .. Носење или не носење на Хиџаб, дали некоја е покриен или не е, не треба никого да го интересира!! Зашто да ми смета дека некоја жена носи Хиџаб? Што тоа мене тука има да ме иритира? Глупости живи.
Немам. Немаш чуено дека во минатото жени биле окарактеризирани како вештерки затоа што имале долга коса? Затоа што убаво готвеле или ,,се правеле премногу паметни"? Тој податок на интернет со среќа ако го најдеш. Мене ми е научен антропологија, немам потреба да гуглам. Црквата до 18ти век ловеше вештерки и палеше на клада for fun.
Која црква? Фор фан или фор интерес не знам, ама не сум чула за никакви вештерки на балканот. Среќа во несреќа- пусто турско.
Да се работеше за христијанска традиција немаше вака да зборуваш и ќе се изнапишеше колку е забегано некоја да биде толку религиозна и покорна. Ау колку само се работи за тоа дали си жена или не.Секогаш се работи за дали си жена или не.Си видела да биде побарано од маж да се покрие за да не привлекува внимание? Од маж да биде побарано да е попристоен?Не, никогаш не се случило.Не релативизирајте нешто што е многу очигледно. На темава- Слободен избор...не постои такво нешто.Коренот на носење хиџаб е во тоа жената да се покрие бидејќи нејзиното тело не смее да биде видено од светот, што е сексистичко во самата основа.Без разлика дали некоја си мисли дека го носи зашто она сака, секогаш постои тој невидлив притисок што може да влијае. Искрено порано мислев дека хиџабот е врв на женската опресија, сега не толку.Пак не го сметам за нешто најдобро, ама малку помалку осудувам.Зошто? Бидејќи сфатив дека нашите "полиберални" средини кои го сексуализираниот женското тело на секој можен начин не се ништо подобри. Фала богу, пре би го избрала либералниот свет отколку традиционалниот, но сметам дека сепак има и друга перспектива.
Утре ќе почнат да ги затвораат по дома и пак жени да не убедуваат: ама тоа е наш избор и почит кон верата. Жените тешко стекнале основни права како образование, право да гласа, да вози кола и наместо уште повеќе да се бориме за нив ние ќе се покоруваме пред религиозни догми. Цело време викате што ве боли вас ако некоја така избрала. 10 годишни девојчиња сигурно не го бираат тоа. Не сте виделе мајки пред Рајчица како плачат по 16 годишни ќерки кои се замонашиле. Вас ако ви е нормално тоа, мене не ми е. И можете да го пакувате како вера, религија или избор, ама не е.
Ах. Google, јасно ми е. Ок, јас обично пред да тврдам, проверувам факти. Јас дома го имам Куранот. Не ја учам религии од нет. Правете разлика меѓу избор и секта. Ако не знаете информирајте се. Ако не сакате да одвоите доволно време да е информирате или не ви е доволно интересно да одвоите време за тоа, не знам зошто осеќате потреба да коментирате на таква тема. Тие што земаат пари се секта, создадена не толку одамна. Вехабизам, а они се вехабисти.
аман бре жено и јас сум христијанка па им се дивам на жениве како им стои Хиџабот. И јас сум ставила Хиџаб, со марама сум се покрила, па не ми падна круната од глава. Тоа што има ексремисти ги има секаде. И тоа нема врска со мода и стил!! За вакви муабети иди таму во религија и проповедај слобода, или не. https://www.herculture.org/blog/2017/2/7/hijab-styles-across-the-globe
Јас не поддржувам носење хиџаб, мислам не дека од мене се бара дозвола, ама да е до мене не би се носело.Сметам дека секој може да носи што сака, џабе монтирање и се`, некоја ако сака да шврља, ќе шврља. Од ова поекстремистичко ми е фереџето, е тоа со Устав би го забранила. Во Арапските земји има тоолку убави жени, што од тие материјали не може да дојде до израз нивното убаво лице и кожа.
Не, не е тоа муабетот. Едит. Не сум прочитала дека цитатот е за прељуба. Не го читав штом видов дека е извадок. Што има веза ебе*ето со шамија тука?
А бе ако сака некоја да има прв секс во брак што ти е тебе гајле? Прв секс после брак е религија, покажување крвава постелнина на свекрвата е традиција, треба да научиш кои работи потекнуваат од религија, кои од традиција за да разликуваш. И кој ислам, и во христијанство е забранет предбрачен секс.
Пак ќе кажам како сакаш спакувај го, одвратно е и како стил, и како мода, иако е апсурдно да го сместувате во вакви теми.
Да се работеше за традиција ќе напишев, ама за религија се работи. Никогаш не сум напишала колку е забегано некој да биде религиозен.
Ама не гледам никој да те тера тебе да носиш нели? Мене еве одвратно ми е може широка панталона ама тоа е тоа. Не ги хејтам жениве што ги сакаат.