^ Ако има сибир - студена зима, зошто да не. Наместо капа плус шалче, во ова се споени двете и нема непокриен простор. Само како што сум информирана, мислам дека хиџабот се носи откако ќе се јави првиот циклус на девојката. Така што, не верувам дека овде се работи за хиџаб туку за мода
Мене девојките ми се мн убави сите имаат прекрасно лице а и некои се гледа дека знаат да се дотераат и све,но ете мора да носат шамии или Хиџаб(јас незнаев дека има разлика сега дозав)тоа е дел од нивната култура и сигурно така и ги тераат... Не сваа=кам само што е поентата косата им е скриена но сепак лицето му се гледа шминка ставаат се дотерувааат све, иако морам да признам дека ретко ги гледам во фармерки,и да носат одозгора пак носат мантил долг...
Тоа е еден од принципите на тој исламски код на облекување, затоа ретко носат панталони. Но, ова се повеќе модни комбинации во кои се задржале одредени правила од религиозниот кодекс за да се задржи автентичноста. Зборувам ова затоа што, како што рече, на некои слики носат панталони, на други рацете над рачниот зглоб им се откриени и сл.
Иако хиџабот е дел од култура,и подразбира покривање на жената,мене конкретно ми се допаѓа начинот на кој го комбинираат и се носат со истиот.
Мене искрено не ми се допаѓа, а па уште кога ќе ги видам во лето опнале шамии преку цело лице, надвор 100 степени не се дише, можам да замислам