Хиџаб

Дискусија во 'Мода и стил' започната од RIRIFENTY, 27 октомври 2013.

  1. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    Се бара и од мажи.
    Си видела маж да влезе во манастир по шорц?
    Ти напишав, има и машки фустани и посветени верници мажи ги носат.
    А кој е тој што нема да ти дозволи да практикуваш религија? Има муслиманки што носат, има муслиманки што не носат па пак практикуваат.
    Целиот муабет е да е твој сопствен избор, а не наметнат, ако е твој избор што е проблемот?
    И болдираното ич не ти е во ред.
    Нема ништо ненормално во носење хиџаб (facepalm)
     
  2. OmilenataZaNego

    OmilenataZaNego Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2015
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    789
    Пол:
    Женски
    Според мене не се работи за тоа дали е жена или не. Не е убаво во такви свети места да бидеш облечена исто како да одиш на плажа, невкусно е и може да го одвлече вниманието на останатите. Мора да бидат сите покриени првенствено од почит и за да се сметаат еднакви помеѓу себе.
    Што се однесува до Hijab мене ми е многу интересен моден детаљ и секоја чест за тие жени тука што го носат пред се поради љубовта кон Алах и не ги интересираат другите мислења.
     
  3. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Сега треба да се сите покриени од почит и за да се еднакви или само жените за да не го одвлечат вниманието?:?:
    И чиво внимание да одвлечат не ми е јасно на иконите, на поповите, на мажите со кои идат? Или некои други ќе бидат подложени на одвлечено внимание, а и кои и да се тие нели од почит треба да се однесуваат културно и коректно во верски објект а да не зјапаат во жени.
    За тоа не се иде во црква или пак на венчавка е допуштено кога сите зјапаат во невестата?
     
    На mode-kristina, Izaabella, Astrum.Obtutus и 3 други им се допаѓа ова.
  4. OmilenataZaNego

    OmilenataZaNego Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2015
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    789
    Пол:
    Женски
    Жените имаат долги коси повеќето и затоа се носат тие за да ја покријат косата. Вниманието можат да го одвлечат на сите, и на другите мажи и на поповите. За почитта и културата тие и понатаму би се однесувале коректно, но поентата е вниманието.
    Венчавките се друго и не траат толку долго колку литургиите што се одржуваат и почесто.
     
  5. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    О мојата венчавка да знаеш колку траеше а ако се долизгав по скалите може и уште подолго ќе седевме таму додека дочекаме брза помош, мн.сум несмасна:(
    А косата не може во репче или во пунџа да ја носат да не одвлекува внимание?
    Чекај сега пак читам на поповите:o ама нели поповите се верски лица и духовно предадени на религијата и црквата како смеат да дозволат да им се одвлече внимението од една женска коса?
     
    На mode-kristina и Mikha4 им се допаѓа ова.
  6. Ordinary

    Ordinary Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.909
    Допаѓања:
    81.530
    ili taka ili pokriena so marama
     
  7. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    Ова нема врска, не се покрива косата за да не му се одвлече внимание на попот. :sweat:
    Од вакви не доволни разбирања настануваат предрасуди.
    Од жена со хиџаб вака имам разбрано.
    Хиџабот го носи за да се потсеќа самата дека е во ислам секој момент.
    Го носи за да не ја троши енергијата и времето на физичкиот изглед, нејќе да се фарба, шминка и дотерува, секој слободен момент го користи во молитва и хиџабот и помага да не паѓа во искушението да му се посветува премногу на физичкото тело.
    И го носи за да знаат другите дека е муслиманка. Ништо не шири за пари :^)
    Во секоја религија ги има нештава само во различни форми, особено во абрахамски религии, но и во будизам има практикувања со слична цел.
    Се дури не е наметнато, секој има право да си носи што сака, никако не ве повредува.
    Едно е да ти рече, Те силуваше зошто така беше облечена, друго е да сака да носи хиџаб пошто е религиозна. (fingers) Треба да се знае кај да се повлече линија.
     
    На minne992 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.968
    И крвавата постелнина не е наметната, невестата си знае дека тоа следува и доброволно влегува во брак, нели?
     
    На Lavender4, Astrum.Obtutus, christinnn и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    Знаеш да правиш разлика меѓу традиција и религија?
     
  10. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.968
    Исламот предвидува казна за предбрачен секс, не знам за каква традиција зборуваш.
     
    На mode-kristina, Izaabella, Lavender4 и 6 други им се допаѓа ова.
  11. OmilenataZaNego

    OmilenataZaNego Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2015
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    789
    Пол:
    Женски
    Немаш разбрано убаво зашто го пишав тоа. Се надоврзав на друго мислење за манастирите.
     
  12. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    40.115
    Пол:
    Женски
    Еве како муслиманка можам да ти кажам дека има многу жени кои ставиле хиџаб по своја желба, а има и многу на кои им се наметнати.

    Каква казна предвидува Исламот?
     
  13. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Секој може да тврди што сака, своја волја е да, ама откако ќе ја ставиш нема вадење, и знаат дека немаат избор. Ако е затоа што они така сакаат значи ќе можат и да ја носат кога сакаат. И во Куранот никаде не пишува дека жените мора секогаш да бидат покриени, туку дека треба и мажите и жените да се облекуваат скромно. Така да, кога слушам "по своја волја" или заради "почит кон религијата" ми се крева коса од лицемерие.

    @Biljarkata по многу од манастирите овде жените се покриваат и на главите последните 2-3 години. Не зборувам јас за да се оди по кратки сукњи туку за појави кои до скоро ги немаше, сигурно не им текнало на сите ај од денес ќе си ги мотаме главите.
     
    На Astrum.Obtutus му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    40.115
    Пол:
    Женски
    Зошто да нема вадење? Така се вели. Инаку кој ќе им забрани да извадат? Во моја околина, нрколку жени ставија па извадија. Го сфаќам како фаза.
    А за тоа дека е глупост дека го прават ради религијата, се сложувам со тебе.
    Но, ако некој решил да стави хиџаб зошто така сака, не знам зошто на светот и еве на членки тука, тоа им смета.
    Јас ако сакам ќе носам деколте или ролка, јакна или мантил, beanie или хиџаб... Зошто на тебе или на Петра тоа ни ви сметало што носам јас на моја глава?
    Се што е своеволно, не е ничиј проблем.
    Наметнатото е проблем. Но, пак ќе кажам, знам многу жени албанки, турчинки, босанки што сакале сами да стават. Некои на 20, некои на 50 години.
    Едит. Во однос на тоа со религијата. На крај краева, кога подобро ќе размислам, ако на некого му е тоа начин да покаже почит према религијата, тогаш ок. Гледам чесните сестри никој не ги спомнува, зарем не си ја покриваат косата и телото ради религијата? Дали им е наметнато? Или тоа е поинаку, се работи за Христијанство?
     
  15. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    @Mikha4 @Emotional123 за истото зборите и двете, има фамилии во кои е наметнато носењето и ете лоцирано е како проблем, нема ништо спорно во тоа. Ама има и жени кои своеволно стваат или оставаат да носат или вадат, фаза, мода или имаат некои други нивни лични причини.
    Многу е порелаксирано се тоа во модерно време, ама и покрај ова има случаи кои лоциравме дека се проблематични кога, претежно на младите девојки, им е наметнато.
     
    На mode-kristina и Mikha4 им се допаѓа ова.
  16. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.491
    Пол:
    Женски
    Никогаш не е по ваша желба.
    Тоа е како резултат на вашата религиска индоктринација.
    Улогата на хиџабот е да ја истакне женската скромност, конзервативизам и да сублимира покорност.
    Секако, примарно да го покрие вашето тело чие разголување е предмет на блуд.
    Оние од вас кои го бираат тој начин на облекување е поради домашното воспитување за кое вие не сте никако криви.
    Жал ми е што некои од вас немаат избор...
     
    Последна измена: 5 ноември 2021
    На mode-kristina, crimson, Lavender4 и 11 други им се допаѓа ова.
  17. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    40.115
    Пол:
    Женски
    И мене ми е жал за вас што сте толку ограничени да не знаете да почитувате туѓ избор.
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.491
    Пол:
    Женски
    Хиџабот не е моден додаток за да биде избор.
    Хиџабот со себе носи религиска идеологија со историја на субмисивност.
     
    На mode-kristina, crimson, Izaabella и 11 други им се допаѓа ова.
  19. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.491
    Пол:
    Женски
    До XVI век носењето долга коса бива гледано како вештерска работа.
    Според тогашните сфаќања само вештерките имале долга бујна коса, и затоа добивале наредби да бидат палени на клада од страна на вишата црковна патријаршија.
    Тие верувања сеуште постојат?
     
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.276
    Допаѓања:
    189.736
    Ќе да имаш историографска фалинка во оваа теорија:smirk:
    Ме мрзи да барам, ама сигурно не е до должината на косата, нешто друго ќе да било:?:.

    Башка, за каква патријаршија збориш? Во православието немало палење вештерки.
     
    На sonuvana му/ѝ се допаѓа ова.