Наташа беше мислам , висока црна до рамена коса со шишки. Нит и реков , сама ме истушира Си мислев на сите така
И мене ме тушираа и тоа две сестри може дека голема, а сите таму беа поситни од мене.. да не се струполев врз некоја..
ако треба помош помагаат да. Многу е фина таа. За доење ја изнамачиив. Сите пози ми ги покажа. Иначе она има близначиња.
Најупорна беше. Ми го форсираше стално бебуш на града. Од 2 ден. Некогаш ми се идеше да и речам жено олабави
познато ми е она и една со виткана коса смеѓа. Таа дури запна колку Добра мајка сум била еднаш кога се утепав од плачење (повеќе од хормони неголи од некоја голема причина ми надоаѓаше млеко) женава мислам да не беше ќе збудалев..
@danichap Мене ме станаја вториот ден не ме болеше многу ме однесоја да се измија лице и ме вратија до кревет,и цел ден си шеткав.Но наредното утро не можев сама да станам и викнав сестра да ми помогни многу повеќе ме болеше.Но со тек на времето се намалува болката. За туширање немаше "услови"топла вода во 7 навечер кога имаше посета и бебушите ни ги носеа тогаш.И страв ми беше да се тиширам и дома ко си дојдов се туширав седната на сточче..
@danichap нека е живо и здраво малото и само радости да ви носи. Првите 3-4 денови се најголемите болки. Јас се туширав сама првиот ден кога ме станаа, а денот кога излегував од болница (петти ден), се избањав дури и се исфенирав во болница и гајле немав. Освен болките, единствено приметив дека се заморував многу и брзо се задишував. Движи се колку можеш повеќе, полесно ќе ти биде. Јас шетав како Балтазар лево, десно низ соба.
Фала @stevemila , се породив пред 10 дена. Вчера ми побудалеа хормоните и му издраматизирав на маж ми. Се што собирав последниот месец мислам ми излезе. Мене ми понудија да ме средат ама ништо не сакав, не ме интересираше . Само да се врати старата јас.
Majki kako se odi na carski? Primer koga ke te spremat za vo sala veke dali skros goal treba ili nesto obleceno?
Јас после царскиот станав утредента, ме оперираа во 14 ч. попладне, утредента во 8 сабајле станав. Многу болеше првиот пат, мислев ќе се онесвестам, ама понатака со секое станување се полесно беше. Не можев да се исправам убаво со денови, згрбавена одев, ама упорна бев што почесто да станувам. После 4 дена кога дојдов дома само ептен малку ме болеше раната. Ми даваа инекции за болка во болница, ама болеше и покрај нив. Инаку се истуширав одма после првото станување, болничарка стоеше до мене да ме гледа, ама сама се истуширав, и коса измив дури За некој ден ќе бидеш како нова, првите неколку дена се најтешки. Мидер ми рекоа после вадење на конецот, што кај мене беше после 10 дена од царскиот. Носам по дома нон стоп и не ми пречи, а стомакот ми се израмни уште во болница, сега сум и послаба 2 кг од пред бременоста, не очекував вака да биде, мислeв ќе се мачам @danichap
Кај нас во болница оди вака, викат анестезиолог за разговор за твојата здравствена состојба и да одлучите за анестезија. Во меѓувреме ти прават крвна слика, ти тече инфузија и ти ставаат катетар. Ти дават спвача од болница(многу се лоши) ама по протокол мора да си во нивна додека те оперираат. Одоздола гола. Другиот ден кога ме станаа, ми ја облекоа мојата спавача.
Во државната битолска болница ти даваат нивна спавача, а под неа си гола додека те припремаат и ставаат катетер и примаш инфузии. Не се сеќавам дали на операцијата ја носев или бев гола ама мислам ја носев.
Дупки имам од настанот ама сега се сетив дека бев гола. Ме бунеше то шо имам слика од интензивна со спавачата од болница мислев ја носев цело време оти нема кога да ја облечам (нели докторите не креваат со чаршав и не префрлаат на кревет) ама ми текна дека со спавачата сум само покриена кај градите, а не ми е облечена. Гола бев скроз, да