Јас бев со договорен царски и ми рече пред 38+ не пораѓа Др.Младен во Чаир.Чекав да влезам 39+ но се деси пад на стомак на улица и 38+1 се породив царски кај друг доктор што веќе беше запознаен со падот(беше дезурен таа сабота) и историјата моја.И без проблем ме породи со спинална бев.
Кај нас Охрид, ретко кога пораѓаат со спинална, сите со тотал. Ако ти се погоди докторот( анестезиологот) да те праша како сакаш. Мене првиот ми беше со тотал, вториот спинална, можам да кажам дека со спинална е подобро и помалку болки имав, а со тотална бев како баба рога и имав повеќе болки. Станав после 24 часа пошто така нареди анестезиологот, и главата несмеев да ја мрдам лево десно 24 часа. Благодарност до Др. Ристевски ( анестезиолог) од Битола и цел тим доктори во Охридската болница( тие што се останати).
Другите феминки кажаа како оди процесот. Ти препорачувам спинална, пособра е за опоравување . Ии јас ќе преминам на делот "Болка" Кога те носат во шок соба прсти мрдаш често и нозе, не креваш глава. Кога те носат всоба по 24ч добив препорака да не легнувм веднаш. Туку 2-3часа да седам, и повремено да станувам да шетам. Така и направив.. За болење боли не велам не. Ама јас бев единствена во собите која шеташе по 24ч сите лежеа неможеа да станат.. Моја препорака ти е тоа, после ќе си легниш... Ии да, следни 10дена ќе. Ти бидат со страшна болка во глава, од која нема потреба од апче бидејќи не поминува. Туку ќе гледаш да одмараш дури лежат бебињата јас го раскажав "Страшниот" дел ма да воопшто не е страшно, и десет да раѓам пак би родила царски. Откако видов како е
Мене докторот ми рече пред 39та нема шанса да те пораѓам. Ама заради покачен шеќер до 38ма мораше да завршм.38+2 се запознав со бебуш Зависи од историјата сепак. Што ќе вежбаш? Јас почнав да вртам орбитрек ама по 15 мин
Јас добив после година ипол, не ми препорачал до сега ни во двете бремености апчиња. Искрено првпат слушам за ова, која е причината ако може да знам баш ме заинтересира ? И каде ова прпорачуваат медикаменти во Македонија ли?
Како што кажав цели две години немав, се плашев дали воопшто ке добијам бидејки веке планиравме на второ и така гинекологот тука во Германија ми ги препиша таблетите незнам како се викаја, и за 5 до 6 дена добив, и нормално си имав додека не останав па бремена. Е сега ке видиме како ке биде, дали ке ми дојде тетками со црвена кола сама или пак ке треба таблети
Ајде со мене... И јас се канам и и пишав на таа доаѓам и никако да отидам, има часови и доцна што се 19,20ч и јас мислам тогаш да одам. Другарка имам со 3 деца, две близначиња 8м и она од кога почнала да вежба вика дека повеќе енергија има за во текот на денот... па и јас се надевам дека ке биде така и кај мене Малку ми е далеку, ама ке одиме со кола со золва ми.. па има место ајде со нас, пон, среда и петок
Мами до сега стрии не ми се направиа а кај да е ќе ме породат ама што после царскиот кога ќе почне да се собора кожата. Дали тогаш се негува со нешто?
Јас немам стрии. Ни во бременост ни сега. Додека бев бремена мачкав млеко за трудници. Сега обично млеко за тело.
Мене ми е склон организмот за стрии ама ете се изборив некако со шлапање се што ми дојде на памет по два пати на ден . Па си викам сега на крај да не зафркнам работа.
Јас имав стрии на "спојлерите" што ги викаме народски кажано на стомак немав ниедна но 2 недели пред пораѓај договорен царски страшно ме чешаше па и мр болеше околу папокот и 2 недели по порагај ми искочија некој 5-6 виолетови и еве сеуште си ги носам веќе 7м и цел живот Иако што се нр мачкав...ама склона сум си Со лесно нека ти е
Која недела си? Да не те разочарам ептен, со првото немав до 38ма недела стрии.. се породив 41+1 и тие последни недели стомакот ми се спушти, ме утепа од чешање и си испукав. После пораѓај бетер ми се познаваа.. но со тек на време избледија. Со втората бременост не испукав ич напред, малку само на спојлери.. но исто после пораѓајот па пак пострашно беше, а додека бев трудна не се познаваше дека сум испукала, нз зашто така и еве 7м по пораѓај си имам уште малку само на спојлерите црвени, но ке избледат знам колку толку. Со првото шлапав крема Риластил, а сега немам време да помислам на кремата, а не да мачкам Мислам дека и вака и така си бледеат, особено како слабеам така гледам ги снемува... дека си се собира кожата
Мене не ме чеша и уште мачкам ама значи последните недели најмногу се пука. 34 недела сум ама со близнаци и кај да е ќе ме породат ама ќе шлапам до последно па што биде. Безвезе е што е топло и од многу мачкање ми се прават бубулички па морам да паузирам да се исушат бубуличките ... А и шетањето беше болно претпоставувам ?
Дека боли, боли. Може повеќе/помалку, ама боли. Зависи и колку болка трпиш. Бидејќи си во систина, еден совет од мене (памти ко ќе си породена ). Станувај после боцкањето на инекцијата за контрахирање на матката. Таму има лек и против болка и ќе ти олесни многу, а ќе ти делува одлично психички оти ќе се куражиш дека не боли многу!