Мене ме гледаа со вагинално, така што мислам дека ќе и треба. Туку сакав царици, да ве прашам резот после повеќе од два месеца ми е линија кафена. И кај вас ли беше таков? Од бетадинот ли е што се мачкав или не знам што е?!
Можно е да е од бетадинето. Кај мене беше црвена, па розева, сега (после 14 месеци) ми е две нијанси побела од мојот тен. Јас никогаш раната не ја мачкав со ништо. Ако не те боли, мислам не е ништо страшно.
Породена сум со царски рез и искуството си го опишав претходно. Но, едно од негативностите ме мачи и денес. Значи кога спијам (на грб или стомак), премногу ме болат половините, дури ако сакам да се свртам во сон, се будам од болка, па ептен внимателно се вртам. Така кога движам, работам ништо не ми е, како да не сум имала спинална анестезија и операција, но во лежечка положба ептен ми е тешко, посебно кога се задржувам така подолг период. Искуства? До кога би траело ова?
Мене па цело тело ме боли исто и јас полека се вртам, а 9 месеци како што сум породена.Сега поретко имам болки навечер а до пред месец ипол си имав скоро секоја вечер болки.
Исто и мене многу ме боли половината и 'рбетот и во лежењењ и во одење и во се, 2 и пол месеци има од царскиот, незнам до кога ќе боли ама здравје за второ ќе одам со општа, нема шанса спинална Иначе јас ништо не мачкав на раната
Јас бев со општа и ме боли. Додуша примив и спинал ама не ме фати. На почеток не ме болеше, но откако почна бебе повеќе да цица мислам дека ме боли од самата положба свиткана. Почнав да вежбам па ќе видам дали ќе се одздрвам.
Јас во положба за цицање сум можи 10 сати во денот, нон стоп цица дење на 2 сати, ноќе на 2-3 сати, не да ме боли... ако се наведнам неможам да се исправам, неможам да го капам уште бебево па и тежок е (пред недела беше 7600 сега можи има 8кг).
Јас бев со спинална и немам никакви болки ниту осетив нешто кога ме боцнаа. Ниту пак ме боли раната. Златни раце и Панчевски и анестезиологот Мицевски. Ама затоа уште ги осеќам местата каде што ми ги ставаа инекциите додека лежев. Поминати се речиси 2 месеци.
Кичмата не ве боли од спиналната, туку од самата бременост и доењето. Промена на тежина за 10 кг најмалку, прво ставање, па наеднаш симнување, е најчесто причината. А после тоа и доењето, кое често го правиме и во неприродна положба. Вежби за истегнување и малку физичка активност, ќе ги намалат болките.
Nemozam na kirilica da pisam... Mi rekoa deka konecot sam ke mi padne. Seuste ne mi e padnat, eden mesec minq otkako sum porodena. Od pred nekoj den me boli na stranata ksj sho e jazolceto. Sega vidov deka mi e zacrveno ne mnogu i e cvrsto toa mesto i me boli. Na dopir poveke.
Мене ми го извадија на 6 недели на контрола кога бев. Како сам ќе падне? Исто ме болеше на десната страна кај јазолчето,беше црвено и непријатно на допир. Ставав Бетадин и помина за некој ден, во консултација со гинеколог кој ме породи. Оди нека те ѕирнат за секој случај..
После околу 3 недели. Немав крварење, немав болки... бевме внимателни но помина без проблем. За природниот чекав одобрување од гинекологот при прегледот на околу 40 дена, тука не.
Имав јас така подолг период болки, повеќе од месец сигурно, конците сами си паѓаа, никој ништо не ми рече за ваѓање.
Внатрешно осеќаш болки? Си била на гинеколог после пораѓај? Јас имав болки ама не страшни, малку поспоро ми се собираше матката и затоа, а после па и за брзо добив (вториот месец одма), па може и затоа ме заболувало. До ден денес имам страшни овулации, после вториот пораѓај ми е вака и незнам зашто, толку многу ги осеќам овулациите, како ножеви да ме боцкаат... а после овулацијата имам доста течност позади матката. Скоро бев на гинеколог за таа течност (пред овулација), ја немаше... па рече 100% од овулацијата ти е тоа.