Царски рез

Дискусија во 'Бременост' започната од hrizantema007, 20 март 2012.

  1. PinkGirl*

    PinkGirl* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    431
    Допаѓања:
    655
    Пол:
    Женски
    Јас се опоравив многу брзо,многу се движев ,станував а со тоа и побрзо се заздравува.Веќе втората недела како нова бев.И без помош од никој.т.е. мм нормално помагаше но и на работа идеше па повеќе бев сама.
     
    На Martka и Makedonka007 им се допаѓа ова.
  2. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.184
    Допаѓања:
    124.689
    Ќе те придржува сестрата. Мене ми ги фати двете раце и ми рече да не мрдам и благо ме свитка нанапред. Јас мрднав и ме боцкаше пак. Ова исто ме болеше, сеа не е колење на живо :) ама мислам и оти анестезиологот не ми се погоди.
    Болката после царскиот исто ми беше јака, ама индивидуално е. Секој има различен праг на толеранција. Јас очекував да немам никакви болки може затоа болеше :)
    Од прва неможев да станам. Се ми беше тешко . Додуша оваму во ремедика штом ќе ме заболеше ги викав и ми даваа за болка,така да не се жалам многу
    Инаку, даваат инекции за контракција и потоа осеќаш болки кога се собира матката. И кога сњ местат цревата исто.
    Не се замарај ти. Секое искуство е различно. Ти посакувам лесен пораѓај
     
    На Martka и Софија 88 им се допаѓа ова.
  3. Makedonka007

    Makedonka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2017
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    2.468
    @nekoja85 @PinkGirl*
    Фала мамички.
    Исто и јас си велам ќе станувам и ќе бидам активна повеќе и побрзо ќе си се вратам во форма. За ручек, друго низ дома ќе имам помош од свекрвата. А за бебка сакам се јас и мм, нормално ако има потреба од некоја помош во даден момент секако ќе си побарам. Иначе сакам се јас со бебка.
     
    На nekoja85 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.184
    Допаѓања:
    124.689
    Јас цело време сама. Маж ми беше 2 нед. со мене само
     
    На Petra777 и Makedonka007 им се допаѓа ова.
  5. Makedonka007

    Makedonka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2017
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    2.468
    Супер мила. Но така ми се работите поставени. Дома сме со свекрва и сакаш нејќеш имаш помош, барем околу ручек чистење... Заедница..
     
    На nekoja85 и eli25 им се допаѓа ова.
  6. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Ај и јас да пробам да опишам, постапката ти ја објаснија, јас би рекла дека е напнато, од сабајлето во исчекување, на секое влегување во соба очекував фека тргам во сала, уствари не знам колку сестри и доктори поминаа со различни прашања, и чепче а не клизма во мојот случај. На крај и некоја вработена за да остави анкетен лист за оценка на услугата (за Ремедика пишувам) на тоа веќе скренав, си реков цел ден ќе чекам. Од влегување во сала, спинална и почнување на интервенцијата се трудев само да дишам зашто мислев ќе се изгубам, не дека е толку страшно ама не знаев што следи па си викав ќе издржам ли. Кога почна интервенцијта и видов дека болка не се осеќа се опуштив малку, дури и муабет направив со докторот. Многу брзо го вадат бебето, тоа е убаво, па откако ќе го видиш времето лета. Е сега шок соба... за мене најлошиот дел зашто не знаев како е бебето, и времето лежејќи ме уби, уште не болеше ама не ценев тогаш :). Болката кога ќе пушти анестезијата... не е како на живо да те сечат, туку баш како да те исекле па сошиле :). Имав осет дека телото на пола ми е пресечено, боли на накашлување, на поместување а тек на вртење и станување. Болка до раб на издржување за мене, двапати ми се слоши на станување. Ама веќе самодовербата ми беше поголема, јас на свет донесов бебе па и болките ќе ги издржам, така си викав. Кога ми ставаа лекче за болка во инфузијата поминуваше, ама кога ставаа од тоа за да се собере матката е тука беше забавно... Болките при станување ми беа големи додека не ми го извадија катетарот и отидов сама во тоалет, со секое станување после болеше помалку. Дома без залегнување и сите обврски со бебе и топ ќе бидеш. Со лесно!
     
    На nekoja85, Martka и Makedonka007 им се допаѓа ова.
  7. Makedonka007

    Makedonka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2017
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    2.468
    Браво мами. Сите да сме така храбри. Јас ќе бидам со целосна најверојатно, но таа е постапка шо со разлика после спинална боли од кога ќе се одздрви долниот дел од телото, а по целосна одма кога ќе се разбудиш.
    Господ да е со сите нас, сила да имаме во тие моменти.
     
    На Flower123123, Autumn_, nekoja85 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.049
    Пол:
    Женски
    Жива вистина! Кога ќе ми речеше маж седи на стол, нема анестезија за заб, треба да се јачаш да раѓаш, сега гледам на што мислел. :D
    Од заб сум била пред онесвестување, ете до толку ме болело.
    Дури мислам и менструални болки ми биле појаки од раната.
    Не да тешам други, јас бар така го доживеав.
    Ама затоа катетерот у сеќавање ќе ми остане. :D
    @Makedonka007 ќе се снајдеш верувај. Јас откако станав после 12h не седнав. Дома само што стасав, вечерта излегов пак во болница да си го видам бебушот и така едно 8дена во болница, по продавници...
    Перев, пеглав... Маж имаше само 5дена одмор, помагаше колку што може.
    Ќе функционираш најнормално.
    Повеќе мака видов со прв циклус, залегнав 2 дена и винкнав помош зошто стварно немав сила.
     
    На Autumn_, Skorpija25 и Makedonka007 им се допаѓа ова.
  9. Makedonka007

    Makedonka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2017
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    2.468
    Фала мила
    И јас мислам ќе е така. Брза сум и активна, освен при голем умор ама се ќе си биде. Ден два и веќе се навикнуваш и со поставуваш некое темпо.. Барем така мислам
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.917
    Допаѓања:
    203.156
    Пол:
    Женски
    Види, не е дека не боли. Боли, стварно боли, не можеш да се свртиш, да се накашлаш, да станеш одма... ама поминува. Лековите против болка секако помагаат. А колку повеќе се движиш и си активна, побрзо се опоравуваш, факт. Е сега, за мене болката од воспалени мускули не е баш мала болка, мене тоа ме боли. Затоа ја споредив со болка од царскиот рез.
    Јас поминав низ две цезареи... двете со општа анестезија. Првата полесна, побрза, пократко траеше, крварев на породување прилично, ама добро поминав. Помлада бев :D
    Втората ми беше потешка. Пет и пол години после првата. Пробаа прво да ме боцнат за спинална, не успеаја, 'рбетот ми беше како перниче за игли од толку обиди. После ме успаа, операцијата траеше подолго, крварев многу повеќе од првиот пат, одвај ме закрпија. Затоа и потешко се опоравив, имав отоци, на грбот кај што ме боцкаа, на нозете, раната ми протече... малку покомплицирано беше, ама помина. Станав брзо и двата пати, првиот пат со помош на сестра, вториот пат земјотрес ме дигна екстра брзо. Затоа ќе ти кажам, не се оптоварувај, секој случај е приказна за себе, најбитно е се да се заврши добро. Поминува и тоа.
    Имав помош, не дека не, ама обврските околу бебето беа мои.
     
    На Autumn_, nekoja85, TeddyGrey и 3 други им се допаѓа ова.
  11. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Женски
    Зошто крвареше толку?
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.917
    Допаѓања:
    203.156
    Пол:
    Женски
    Не знам. Имам хронична анемија со години, можеби од тоа. Не ми кажаа ништо, а искрено, не ни прашував.
     
    На srekice му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.205
    Пол:
    Женски
    Софи јас ќе ти кажам најреално мене клизма не ми ставија не јадев ништо од 6 поручекта после тоа сабајлето во 5 часот ме фатија болките мислев оти се лажни и др кога ме стави на цтг покажа оти имам болки и одма ме спрема за царски рез како што бевме и договорени за царски рез и три 4 пати ме боцкаа од што неможеа да погодат да ме боцнат како што треба
     
  14. elegant

    elegant Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2011
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    38
    Да го споделам и јас моето искуство со царскиот рез. Значи 9 дена после термин ни б од болки немав(бебе абер немаше за излегување), кога отидов сабајле во болница ме ставија на цтг и покажа дека има контракции, меѓутоа јас ништо не осеќав а не бев и воопшто отворена, ми ставија провокација, два часа лежев на цтг(се укочив цела)но отчукувањата на срценцето на бебето почнаа да опаѓаат, згора на се ми се замати и плодовата вода и докторката одлучи да ме спремаат веднаш за во операциона сала. Ме испрашуваа 100 прашања во врска со бременоста па до дата на стапување во брак, матичен број на маж ми и бла бла бла... Ме прашаа дали сум јадена, имав изедено еден кроасан. Отидовме во вц со болничарката и ми стави клизма (не боли но непријатно е) и ми рече сега избриши си ја шолјата и седи ( во таа состојба требаше и шолја да бришам, ама тоа е, државна болница) после тоа одма во сала, седнав на маса и ми ставија инекција во грбот( спинална анестезија) не знам зошто ама не ме прашаа каква анестезија сакам. Си легнувам на масата и мислејки дека е целосна анестезијата чекам да заспијам една сестра во тој момент почна да ми објаснува како ништо нема да осетам и веднаш ке си го видам бебето, тогаш ми светна сијаличката дека не е целосна анестезијата, па една паника кога ме фати по што притисокот ми се качи 190 со 100( 5 дена после тоа пиев таблети за притисок), бебето го извадија за 5мин. јас го видов најпрекрасното нешто на светот, потоа веднаш го однесоа. Ме шиеја јас осеќав само тегнење на стомакот и цело време се тресев не знам дали од ладно или од возбуда. Ме изнесоа од сала надвор ме чекаше маж ми не можев ништо да му кажам гласот ми трепереше, го викнаа да го види бебето а мене ме однесоа во шок соба. Мислам дека таму се смирив малку, почнав да си ги осекам нозете но не осеќав болка освен ако се мрднам. После 4 часа ме однесоа во соба и ми го донесоа бебенце то( верувајте, го држев нештото што ме направи најсреќната жена во светот, не се опишува чувството) после го земаа пак првата вечер не беше кај мене. Наредниот ден попладнето рекоа ајде мораш да станеш, ми го извадија катетарот и следуваше најтешкиот. момент. Успеав некако да се извлечатм и да седнам со помош на сестрата но кога се исправив на нозе снемав воздух, болеше мноооогу болеше( ете не ги запознав породилните болки но овие убаво ги осетив) болеше и вториот и третиот пат и секој пат кога станував првите три дена ама беше се полесно, колку почесто стануваш и се движиш се полесно е. После една недела не осеќав ништо.
    Тоа беше моето искуство, се извинувам на долгиот пост се надевам некому ке помогнам да се запознае со процесот на царски рез.
    Со лесно на сите кои допрва ке го доживеат ова, и запаметете, царскиот рез не е полесниот начин на породување.
    И верувајте, вреди за секоја преживеана болка.
     
    На Someday, Autumn_, Martka и 2 други им се допаѓа ова.
  15. marija24

    marija24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2010
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    4
    Porodena so carski posle kolku vreme smee da se ostane bremena
     
  16. Viki tonci

    Viki tonci Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2018
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    804
    Пол:
    Женски
    Најдобро две години, се што е порано може да има ризик од пукање на предходен рез
     
  17. PinkGirl*

    PinkGirl* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    431
    Допаѓања:
    655
    Пол:
    Женски
    Се препорачува после 2години.Јас останав после година и 1месец,сега сум 5ти месец и се е во ред.
     
  18. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    После една година, порано беше после две години
     
  19. Малечкоxxx

    Малечкоxxx Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Женски
    Мамички како иде процедурата за царски? Мн ми е страв од природен па сакам со царски му спомнав еднаш на лексрот што ме води рече нема шанси природно си е природно
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Someday

    Someday Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    1.773
    Пол:
    Женски
    Па и мој совет ти е дека е подобро природно, а ке ти кажам и зошто. Истиот стрес го минеш, само што на пример тие што се породија природно во ист ден со мене, третиот ден кога си одеа од болница можеа да трчаат шо би се рекло, додека мене тек тогаш ме префлаа од интезивна.. нога за нога.. и покрај тоа што јас брзо се кренав сватив дека во царскиот уствари нема ништо царско и дека е многу полесно природно. Немаш болки за време на операцијата, но затоа после тоа.. опоравувањето трае многу подолго.
    Клизма и вака и така ке ти стават. За мене тоа беше најнепријатен дел. Најболен првото станување, а станав 6часа по операцијата едвај до креветот само. Наредно станување ми беше наредното утро. Првите неколку дена секое станување е болно.
    Едино позитивно е што не го осетив фамозниот преглед со рака и пукањето, а искрено од нив се плашев најмногу.
     
    На Makedonka007, fana, lackygirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.