Индивидуално е. Во ремедика после 2-3 саати си во соба на интензивна си додека пушти анестезијата. Под седативи нормално. Прво станување боли да,но секој има различен праг на толеранција,и природно на гз не се седнува и тоа подолго време некои гајле немаат. Јас првото станување се бањав ме болеа чекорите но додека се раздвижев секој ден е полесен доколку се станува често. Затоа пишувам дека лесно поминав а не сум јака женска заб со анестезија правам но тука мотивот е голем.
Во државните болници нема процедура за царски рез, освен доколку има медицински индикации за тоа, се чека до последно за природен пораѓај,па доколку не може да се изведе тоа се преминува на царски рез.. додека во приватна клиника мислам дека е по желба
Јас би избрала природно за порагај во царскиот рез нема ништо царско ама имав медицински индикации и мораше да ме пораѓаат со царски рез
Поради благо зголемување на плодова вода и напредно бебе 2 недели,можно е да одам на закажан царски.. Ве молам за ваше мислење и искуство.. Иначе сум 35 недела
Проблем е водата да се намалува а зголемена не е ништо(другарка беше со многу вода и огромен стомак поради тоа ,се породи природно на термин).Бебето супер што си е напредно тоа не е причина за царски.И моето беше понапред па се породив 41недела но бев со намалена вода скоро и да ја немаше на крај, јас воопшто не се отворив и мораше царски
Одлично поминав на царскиот. Зафатот како зафат е тој, но ништо не осеќаш секако. После боли, да, ама кога ќе размислам дека и од природниот со недели и месеци не можев ниту да седнам на газот ниту да се наведнам/исправам ниту дете да зедам во раце, би рекла ништо страшно ниту опоравувањето од царскиот. За другото, индикации за царски и слично, не знам., Најважно е да имаш доверба во докторот кој те советувал.
Ако докторот ти кажал дека ради овие две причини нај добро е со царски тогаш царски нека биде, моите две ќерки ми се со царски родени, со големата сум породена 2 недели (38 недела) пред време поради покачен шеќер во бременост а со малата бев 3 недели (37 недела) пред време породена ради висок притисок, малата исто како и во твојот случај беше 2 недели по напред но тоа воопшто не е проблем и е доста чест случај, за тоа со плодовата вода немам искуство и не знам што да ти кажам, во секој случај докторот знае нај добро. Не се плаши од пораѓајот зошто ама ич не е страшно, баш напротив е многу возбудливо и убаво искуство, и закрепнувањето не е страшно 2-3 дена и ќе бидеш како нова. Ваљда си и по млада жена и по брзо ќе закрепнеш, јас точно пред година го имав вториот царски и не сум/бев во цутот на младоста 36 години бев и пак се помина во нај добар ред. Ти држам среќа
Колку охрабрува кога ке прочитам вакво нешто! Имам закажан царски во понеделник кај Димчев во Систина , полна 39та недела. Имам уплав од природен порагај, не ни помислував од сам старт да се порагам природно. Едно време дозволив да ме убедат за природно (се познавам себе си, толеранција за болка 0, забен камен ми чистат со анестезија), на последниот преглед откако ме прегледа вагинално ,ми се слоши од болка и еве денес официјално закажав. Малце ми фуфка ,ама знам дека неможам да одам против себе и незнаеш колку е убаво кога ке прочиташ позитивно искуство. Фала ти!
Ајде со лесно, и обавезно да споделиш како си поминала и да охрабриш други трудници кои се плашат. Стравот си е дел од цела процедура , нормална работа си е Мене ми беше страв од спиналната, не се плаши не е страшно ни болно но мене лично ми беше језиво чувството но тоа трае многу кратко. После тоа се е лесно како песна. Good luck
Здраво дали со ивф се препорачува царски или нема правило?... Некоја со искуство ако може да ми каже..
Нема правило, јас сум со ивф треба да се породам крај на август, докторот инсистира за природно освен ако не искрсне нешто па да се смени планот.
Колку време после царски се зема у предвид и природно породување, какви примери имаме во темава. Здравје Боже, кај мене би поминале 2 години и 2-3 месеци од првиот пораѓај
Да споделам и мое искуство за царскиот. Се породив во систина и сум презадоволна. Прием направив во 7ипол сабајлето, ме примија , одма клизма за прочистување , инфузија и ме спремија за во сала. Бев со спинална , моментот на ставање на анестезијата е скроз безболен, јас не осетив ништо, никаква болка при ставањето, ниту пак за време на операцијата. По неколку минути ја извадија мојава маца и ми ја дадоа да ја видам и бацам ❤❤❤ откако заврши се ме ставија во соба за будење да пушти анестезијата , ме пушти после саат ,два и немав некои јаки неиздржливи болки како што очекував,болкиве беа како менструални болки (нормално малку појаки). Јас не сум тип што трпи болка,напротив , многу сум кенкава и лигава , тоа и беше причината за царски, несакав да помислам на природно и верувам дека штом јсс можев , може секој. Не е толку страшно ко што слушав, јас очекував да умирам од болки, издржливи се. Денес ми е прв ден од царскиот станав 5-6 пати, се туширав и прошетав низ ходник, на секое станување е се подобро и подобро, башка кога ке си го видиш бебето забораваш буквално на се Нормално,секое искуство е различно и секој различно проага и трпи болка , мегутоа за мене пострашно нешто од природен порагај не постоеше и затоа одма закажав царски. Откако се породив и родив дете од 4кила докторот ми рече дека нема шанси да родев дете толкаво природно , ја сум ситна а бебе големо така да не се каам уопште уште 10 би ги родила вака Ве советувам сите што се каните царски ,или нормално мора царски од здравствени причини да не се плашите ,одете со позитивна мисла и се ке биде во ред. Боли првиот ден , со движење ке ви биде подобро , и пијте мноооогу течности.
Jas posle 1 inf se porodiv so carski iako barav prirodno ne mi dozvolija sega sum pak bremena so inf mi rekoa sigurno carski bidejki imam i placenta previja