Нема проблем, сѐ дури не испадне проблем. Не треба ни гел, ни лак, исто така шминка и леќи не треба да се носат. За накитот сами ќе ти кажат да го извадиш.
Мајки ве болеше ли раната после една недела? Јас вчера бев само да ми сецнат две кончиња и сега ме боли на одење. Да ја мачкам со бетадин? Во болница ми рекоја само облоги борова вода ама не помага...
Една недела од пораѓај? Скроз нормално, уште те чепнале за конците и малку реагира. Никакви облоги не ставав ниту ја мачкав, на туширање не ја пипав туку само да помине вода на неа, така и ми кажаа во болница, да не ја иритираш со облогите? Не дека нешто ќе стане од нив ама ете да ја осеќаш пошто има залепено нешто. Ај пробај ништо да не ставаш, освен ако ти потенцирале, само тапкање после туш и широка облека
izvadi go gelot i za prirodno i za carski, sigurno ke ti kazat po bolnicite ako prasas. Nikade ne e dozvoleno
Zenski posle carski, kakvi gaki se prakticni da se nosat so visok ili nizok struk?? Mislam posle site tie tretmani, za doma?
Не може под рана, многу е ниско сечењето за царски, во ниво на горната линија на срамните влакна, се носат гаќи со раб над рана.
Која дијагноза треба да ја имате за да закаже доктор царски рез , освен нели кога не е итна ситуацијата?
Знам за очен притисок така нешто поврзано со очи да не смее напон да се дава. За друго незнам унапред
Високи, над рана. Јас така за во болница си зедов ниски како што и си носев претходно, па после од дома порачував да ми донесат високи, докторите ако видеа дека носиме ниски гаќи кои ја допираат раната не караа. И до ден денес практикувам високи, година после царскиот. Се' уште не се чувствувам удобно во ниски, како да ме гребат на раната. А ич не ги засакав овие високиве, бапски ми се
Ако носиш наочари со поголем диоптер, проблем со очен притисок, проблем со кичмата - пршлените, состојба на прееклампсија, бебе свртено карлично...
А пак таа што имала толку рано односи ептен е да ѝ завидуваат Добро е што не ѝ се отворила раната. Се знае, сите доктори кажуваат зошто постојат тие 40 дена, без разлика кој како родил, не е важна само вагината. Матката уште е спуштена и треба да заврши чистењето- крварењето. Посебно пак тие со цезареа им треба подолг период матката да се врати во нормала. Мојата епизиотимја беше зарасната за две недели и можев ако ми беше до секс, но баш поради причинава чекав месец и пол да помине.
И јас имав после 3 недели. Немав крвавење, немав болки,се осеќав добро, имав желба... После првиот и вториот пораѓај чекав амин од гинеколог на прегледот на 40 дена. Третиот пат не чекав.
Јас носам исти како порано, ниски, ама раната пак ми е доста под ластикот, дури чудно ми е што е толку ниско, а кога ќе читам вака си викам кај ли ме сечеле, како на сите да им е повисоко, не знам ни дали можам да доловам воопшто
и јас тоа сакав да го кажам,како под рана не разбирам,не ми изгледа логично. јас со првото бев на закажан царски бидејќи бебето беше високо не се спушташе и немаше шанси да се породам природно. Така уште 3 месеци можев да си го носам.