Мајки 16 дена после царски примав клексани, до вчера, денес испитував д димери 1000 ми се а толку во бременост ми беа. Утре сум на матичен ама до тогаш во паники сум зашто така да се покачени..
Скоро два месеци после царски се боцкав. Прекинав кога дојдоа на 560. Правев пред некој ден и паднале на 300. И мене ме фаќаа паники, имав огромни отоци, значи еден глужд ми беше како два споени. Лице издеформирано, огромен стомак, отоци и на раце. За 10 дена, полни 4 месеци од пораѓај и полека почнувам да се враќам во нормала. Никако не можам да се помирам со моменталниов изглед, едвај чекам да поминат 6 месеци да почнам со вежбање.
Има. Ти ставаат клизма и одма трчаш во тоалет Мене ми веше незгодно уште пред да ми стават, и и реков на сестрата “морам во тоалет” Ми беше срам бе,ццц, ко да сум единствена Не боли,само е непријатно.
Заборавив да напоменам што ми беше нааајнепријатно. Додека бев 2 часа на интензивна кога попушташе анрстезијата ме чешаше цело тело до лудило. Ми кажаа дека нормално и често се случувало. Да не се плашите. Катетар ми ставија додека бев под анестезија значи ништо не чуствуваш,а ми го извадија другиот ден,исправена брв и само повлече сестрата,секунда нелагодност
Мајки за тие што се породени во болница Чаир дали конците ги оставаат на вас или треба да ви ги извадат ? Секој што сум прашала различно кажува , а таму никој ништо не ми кажа само колешката што беше со мене во соба рече дека сами ќе си паднат е сега колку е вистина тоа незнам
Мене веќе ми падна едниот конец од едната страна, а од другата пола падна и уште пола е тука па и тоа ќе си падне сигурно.
секунда нелагодност за ваѓање ама фала богу што не знаеш каква е нелагодноста за ставање. Мене во припремна соба пред сала ми ставија катетер понезгодно е катерет да ти стават него ли ко ќе ти прават вагинален преглед со рака.
Катетер мене ми ставија пред анестезија, убаво се сеќавам баш од таа собичката каде ми ставија катетер сама сосе него враце одев до родилна за да ми стават анестезија. Не се сеќавам дека нешто особено многу ме болело. Но, вагиналниот преглед што го имав во 7ми месец, никогаш нема да го заборавам.
женички кои се породивте скоро со царски,да споделите искуство ќе може? Кај нас до септември нема анестезиолог. Денес на преглед докторот ми рече дека имам тесна карлица така да вероватно џабе се надевам на природно. Па да видам да слушнам каде и какви услови нудат по другиве градови.
Јас во ноември се породив. Контракции на 10 минути константно 3 дена, од кои 2 ги поминав во болница. Инфузии, инекции џабе, никаква промена. Контракции на 10, 7, 8, 6 минути. Ми го пукнаа водењакот, ми ставија катетер на цтг и итно во сала. Ми ставија спинална но се осеќаше па брзо ми ставија маска на лице и ме успаа. Се разбудив кога завршуваа, прашав за бебе бидејќи го пропуштив моментот да го видам . Ноќта ја поминав на хируршко, сабајле ме однесоа во соба пред визита. Прво станување ме болеше после не многу. Со рана немав никакви проблеми фала Богу, после една недела од како излегов бев да ми ги извадат конците и така. Тоа е моето искуство со царски. Некако предосеќав цела бременост дека ќе завршам со царски. Иначе ова во ку во болница, иако сум од тука требаше врски да бараме за да ме породат а водењак ми бил заматен уште кога ме примиле во болница и тие чекале а што не ми е јасно. После бебе ми примаше терапија бидејќи се напило плодова вода но тоа е друга тема. Зависи како ти се погоди персонал. На една жена многу и викаа, ја навредуваа додека беше на бокс. Катастрофа Ај да не забегувам многу ако размислуваш за овде пиши лп.
да се прашувам јас воопшто не сакам по болници во други градови. Единствено скопје ради што имам фамилија или некаде западна македонија каде што ми е поблиску
Јас се породив со царски пред 12 дена. Добар е бебуш. Добра и јас само имам оток на левата страна од резот, поточно кај конците. Некој со слично искуство?
Site imaat ne se sekiraj, ne e toa otok. Mi rekoa ke se povlece so tek na vreme ama i posle godina i pol, mi stoi. Navodno tamu podvrzuvale za pogolema zastita od kila.