Во Систина, бебето е карлично поставено и тешко дека ќе се сврти.... Ама па и не се знае Јас цело време мислев газот ми го трти под градите, тоа главата му била
Тегнењето се осеќа и со спинална. Со другарка баш зборевме и истото што ми го кажуваше анестезиологот и го кажувал и неа
Штом си во Систина скоро и ништо не ти треба. Несесер еден со козметика, полнач за тел и високи гаќи за искачање од болница. Евентуалниот страв и стрес остави ги дома зашто треба да се концентрираш како побрзо да добиеш млеко. Кога ти е терминот?
Пробавме прво природно со провокација, дека пет и пол години поминати беа од првиот царски. Изгледа имало руптура на матка, па ме крпеа. На гинеколог кога ми прават ехо дури и јас ја гледам лузната на матката каде што е сечено. Имам сега и адхезии, и јајниците ми се поместени малку нагоре поради нив. Тоа е, помина.
Дефинитивно зависи од тоа како ќе поминеш. Макар и за природно и за царски да се работи. Првиот пат поминав "по книга" но ми требаше време да се прилагодам на тоа дека сум сечена. Мислам дека живеев со чувство ко да сум пресно со сатар акната под стомакот. Местото на стомакот над раната ми беше отрпнато и никогаш не ми се врати осетот таму. Вториот царски беше скоро "по книга" со малку повеќе губиток на крв и мал хематом на горниот дел над раната заради брцање погрубо за да го фатат бебчо што им избега нагоре. Сето тоа го осеќав. Ама од аспект на чувство потоа - ми беше речиси исто. Раната ме болеше, особено хематомот, ама чувството со сатар акната беше исто. Еве после 8 месеци уште имам некои благи болки на силен допир, особено и кога лежам на стомак, и сега уште поголем дел од стомакот над раната не го осеќам. Можеби е само на психичка база, демек првиот пат не знаев што ме чека, па некако пострашно ми изгледало.
@Kaetana јас после 3 ипол години од прв пород не си го осеќам местото кај што ме сечеле. Ме испоисплашивте со муабетиве ептен да ви кажам...
Нема страв, таман работа. Мислете на убавите моменти. Иако да бидам искрена вториот пат повеќе се плашев од првиот. И баш кога се заврши, како да ми падна камен, па дадов сѐ од себе да се вратам во нормала што побрзо. Да не сме многу офф, би рекла уште дека секое породување е различно и нема врска дали е прво или второ, важно да помине во најдобар ред. Инаку на исто место сум сечена, децата се разлика 4 години и 8 месеци. Читнете во тема царски рез, има таму доста инфо за сѐ.
Леле а јас разлика ке бидам 18 месеци од еден до друг царски. Со првиот поминав може да сс каже и повејќе од одлично,следното утро на нозе. И секој ден се повејќе и повејќе се движев. Местото после 6месеци почнав да го чувстувам не ми беше отрпнато... Ајде @LadyC ке преживееме. Јас ептен убаво се сејќавам како беше што беше... и искрено додека ми фати анестезијата језа ме јадеше и тоа тегнење и тргање
Мене уште "далечно" ми се чини. Мене ми се врати чувството на местото на раната по некој месец, воопшто не ми е утрнато. Некако со раната немав мака и си се тешам овој пат исто ќе е. Само не го сакам чувството на прво станување.
Ве читам со @kukla21 и се допирам кај раната. Не ми е целосно нечуствителна, го осеќам местото ама шубе ми е, не знам како да кажам. И страв ме фаќа сега. Пак истиот страв што го поминав со Константин. И мене ми е шубе од прво станување, ми текнува се тегнев за едно јаже од креветот. Верувам сите сме станале првиот ден, ама ние си знаеме како било. Ај нека е со лесно, вие две сте ѕверки што се решивте брзо на второ. Да ми е овој памет одма ќе идев на второ. Одма после годината. Детето ќе имаше другарче сега. Шта је ту је.
Станав и гравитација ме влечеше. Ајде се подвиткав под мишка ме држи сестрата ситни чекори ми вика прави... Со тоа папучите шлап шлап ,подгрбавена и паметам ми истаде сестрата катетарот ајде во wc. Се туширав и мишки бричев. Ајде полка полека шлап шлап наназад. И кога седнав препотена бев. Џабе тушот
Најдолгите 10ина метри во живот ми беа тие со првото станување. Ме однесоа до едно лавабо демек лице да измијам, кога се видов во огледало се исплашив. Туку и после 14 месеци јас немам осет над раната и ми е како подувано над неа. За второ мислам поголем страв ќе имам, знам што ме чека.
Роди две, па ќе видиш Ни шиење не те спасува Да видиш како накриво влева хахаххахахахахјааа за срамота , се извинувам од напред