Ти благодарам на позитивните мисли но најверојатно хотрмоните си го прават своето . Мојот царски беше пред двеипол години, а и после тоа година дена ако работев нешто повеќе или ако пешачев подолго ја осеќав раната како ме боли и морав да легнам 30 мин да ми се смири. Тоа ми има останато како најголем страв и ми се врти се тоа што ако пак биде исто а веќе имам дома двеипол годишно дете плус сама . Битно на крај нека биде се како што треба
Нормално ,хормоните си го прават своето. И покрај тоа што имав едно природно породување после прв царски,во третата бременост пак мисли ме тепаа Лично јас настојував за природно породување во втората бременост бидејќи знаевме дека ќе сакаме плус дечиња,а не бевме сигурни колку па... Бидејќи после втор царски третиот 99%е пак царски. Вака сега и 4то да си посакаме пак имам избор Со лесно бременоста како и да се породиш не е толко важно,најважно е која опција е побезбедна согласно ситуацијата по проценка на специјалистот . Искуството го споделив само за да знаеш дека е можно нормално природно породување после царски
Мајки породени пред 3 месеци, каква ви е бојата на резот? Мене ми е темно црвена, се прашувам дали е тоа нормално...
Колку што ме држи памет бидејќи 1деценија помина,нормално е и знам дека мачкав некоја маст на база на лук за лузната Со тек на време ќе избледи и ќе биде мала тенка бела линија.
Контратубекс ама слабо делуваше кај мене. @Филотеа Искрено најмногу ми избледи од мелемот на Скендер. Ова кажувам ако е од естетско значење, а ако те секира друго околу раната да те види доктор.
Нормално е, и мене ми беше таква. Сега е тенка линија, претенка, не се познава. Не мачкав апдолутно ништо.
@eli.karameli царски, да Досадна бев при прием и дур ме спремаа во сала. Знаев што се како следи и само гледав околу. Во сала малку така ме фати збунка кога видов мн луѓе, па и милион прашања ми поставуваа. Баш тогаш најдоа некој прашалник за пријава на бебе - кога е роден мм, датум на брак, а една пред мене брои ли брои инструменти. Спиналот не бил толку језив иако сакав анестезиологот повеќе да ми објаснува што да очекувам. Со епидуралот прошлиот пат, се ми објаснуваше и полесно ми беше. Вака јас само прашував, така треба, добро е така... Притисок ми падна, па и за тоа се жалев. Викам мн ми се повраќа, ми падна притисокот многу. Па ај ставаа нешто и се крена за час. Вадење на бебе исто поинаку го доживеав. Не бев измалтретирана, па знаев кога да гледам и каде да видам кога ја извадија. Бебе плачеше ептен јако. Стуткано, па ко се размрда Колку е малецка, сум заборавила дека се џивџанчиња мали Станата сум уште по сабајле. Не дека не боли, ама некако повеќе знаев како и што да очекувам и се окуражив. Се туширав одма. Не се поднесував како мирисав. Гасови овој пат некако побрзо почнаа да искачаат и немав језиво "пуцкање" и болки низ цревата. Прашај што друго те интересира Пс. Во интензивна кратко бев. Нозете почнав брзо да ги виткат и за 1ч сиктер на одделение
Леле супер си прошла, ти помина гајлето ова е баш мотивирачка приказна. Боли ли многу брисот за корона? И дали сопругот го пуштија да дојде кај тебе во соба да го видите бебето?
Воопшто не боли. Џабе паниките. Првиот ден кога сака, по пораѓај, прават исклучок, а после со маска во приемно време 10-12.
Ми кажа и докторот, а и јас гледам, баш на резот се преклопува кожата и се зголемуваат шансите за инфекција. Сега за сега со бетадин ја третирам ама пак осеќам дека се поти местото па мислев ако има некој да сподели како ја третирале
Јас имав цел стомак свиснат врз раната (уште пред бременост имав стомак како резултат на тоа што сум дебела). Ништо не ставав од спрејови и креми, ама првите денови ставав од истите влошки што се за долу и на раната на стомакот (стомакот ми ги држеше) после туширање, за да не останува влага и да не ми се направи проблем. И првиот пат (иако тогаш имав помал стомак) и вториот немав мака никаква со раната.