Царски рез

Дискусија во 'Бременост' започната од hrizantema007, 20 март 2012.

  1. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.880
    Допаѓања:
    18.758
    Пол:
    Женски
    Има разлика како поточно е наместено бебето. Карлично е, ама дали со газе надоле или раце. Плус дали е крупен или ситен плод, дали жената има широка карлиџа или не.
    Огромна улога игра и спремноста на докторот и неговата самоувереност.
     
    На Butterfly1107 и GolemaMala им се допаѓа ова.
  2. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.266
    Допаѓања:
    118.959
    Пол:
    Женски
    Ноџиња надоле. Како да стоеше исправено со ноџињата врз родилниот канал.
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. GolemaMala

    GolemaMala Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2020
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    788
    Пол:
    Женски
    Се согласувам. Првото го родив карлично, природно. Не беше крупно бебе и беше со газето надолу. Имам широка карлица. Е за второво, бидејќи беше покрупно со тешко срце се согласив на царски. И да бирам пак, би одбрала природно, нема споредба.
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Браво жено за храброста. Јас кога би имала избор не верувам дека би можела карлично бебе да раѓам природно.
     
    На Butterfly1107, fana, Kolors и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. GolemaMala

    GolemaMala Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2020
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    788
    Пол:
    Женски
    Единствена разлика кај породувањето со карлично поставено бебе е што отварањето оди поспоро. Другото е ваљда исто како кај нормално поставено бебе. 25 саати имав болки, ама после породувањето, станав, се истуширав и функционирав нормално и ништо не ме болеше.
    Еве денес, 3 недели од царскиот, уште ме заболува одвреме.
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.880
    Допаѓања:
    18.758
    Пол:
    Женски
    Ете, како ке излезе бебе со нозе прво? Иако знам бебе родено така ама пред некои 60 години. :|
    Со газе многу доктори даваат шанса, ама најчесто ако е поситен плод.
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  7. GolemaMala

    GolemaMala Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2020
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    788
    Пол:
    Женски
    Па ете, со ноџиња ќе излезе прво :) Моја пријателка пред некоја година се породи на ГАК со така поставено бебе-со ноџињата прво. Најбитна е стручноста и искуството на докторот. Не знам зошто толку сте уплашени од тоа. Мене царскиот ми е далеку пострашен :D
     
    На fana и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  8. Kolors

    Kolors Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2020
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    67
    Пол:
    Женски
    Има големи ризици за бебето при природни карлични пораѓања. Јас не би сакала да си го ризикувам здравјето и животот на моето бебе само зашо јас ќе поминам природно полесно после порагај. Сакам само тоа да е добро, а искуството на докторот не ми игра улога некогаш во процена греши и најискусниот затоа што и они се луѓе
     
    На dromka, ocicka2014, ..barbie.. и 5 други им се допаѓа ова.
  9. GolemaMala

    GolemaMala Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2020
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    788
    Пол:
    Женски
    Ризици има и при царски и кога е бебето нормално поставено.
    Не сум ни прва, ни последна што се породила карлично. Сепак е тоа природен процес, телото е спремно, макар и карлично да е поставено.
     
  10. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.266
    Допаѓања:
    118.959
    Пол:
    Женски
    Ризикот за раѓање на кралично бебе по природен пат е огромен. И не во никој случај не е ни приближно ист како при раѓање нормално и раѓање со царски рез.
    Карлична поставеност прво и основно не е нормална позиција, разбираш?
     
    На Kolors му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.880
    Допаѓања:
    18.758
    Пол:
    Женски
    Не е баш наивно таквото излегување. Штом доктор не се нафаќа да породи жена со карлично бебе со нозе напред, значи поголем е ризикот од ризикот од царски. :)
    Мислам дека само кај нас царскиот се смета за рутинска операција и често е прв избор за раѓање.
     
    На Kolors и fana им се допаѓа ова.
  12. GolemaMala

    GolemaMala Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2020
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    788
    Пол:
    Женски
    Не разбирам. Просветли ме.
    4% од бебињата се карлично поставени. Нема тука ништо ненормално и неприродно. Знам најмалку 4-5 случаи на карлично родени бебиња, здрави, прави. Карлична поставеност не е индикација за царски. Тоа ќе ти го каже секој постручен и поспособен доктор.
    Не разбирам што толку фама, паника и страв. |(
     
    На Yowannty и Annath им се допаѓа ова.
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.923
    Допаѓања:
    203.178
    Пол:
    Женски
    Точно, карлично поставено бебе не е индикација за царски, па порано повеќето што биле карлично поставени ги пораѓале природно, а биле поголеми бебиња. Дури може докторот и да го сврти бебето главично уште додека е во матката. Трансверзално поставено бебе е секогаш индикација за царски.
     
    На elena.mak, Yowannty, Kaetana и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    5.454
    Пол:
    Женски
    Моето бебе беше карлично поставено со нозете во каналот. Чим почна да покажува контракции докторот одма рече да не чекаме да пукне водењакот и следниот ден правев царски. Докторот спомна дека ако почне да излегува со нозете имало опасност од не знам што, не го слушнав убаво. И рече може да чекаме ако сакам да пукне водењакот ама ризикот е голем и царскиот после тоа може да биде ризичен и комплициран, подобро да реагираме со време.
    И јас знам дека на ГАК пораѓаат природно ама сите ми рекоа дека тоа е преголем ризик.
     
    На Kolors, fana, MilaSs12 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Kikiccc

    Kikiccc Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2017
    Пораки:
    1.181
    Допаѓања:
    1.053
    Пол:
    Женски
    Сакам нешто да ве прашам до мајките кои имаат искуство..
    Ја не сум мажена, се уште сум млада но сакам да научам повеќе работи се што е поврзано..

    Имам една другарка се породила со царски рез и бебето не беше нешто во ред но фала богу се е добро но вика една година ипол се уште нема менструација, која е причината?
     
  16. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.266
    Допаѓања:
    118.959
    Пол:
    Женски
    Епа може и не можеш да разбереш, не знам.
    Вагинално породување во секоја книга е опишано со главата надолу, нормална позиција за породување е со главата надолу. Е сега ако запниш ќе го родиш и карлично природно со ризик поголем отколку ако го родиш со царски рез.
    https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/ar... your baby is in,make future births less safe.
    Еве ти научен труд можи ќе ти стане појасно за ризиците.
     
    На Kolors му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.392
    Пол:
    Женски
    Не знаеме, на доктор нека појде.

    Инаку за карлично бебе, јас знам за студија во Холандија спроведена која дошла до заклучок дека бебињата раѓани карлично биле на околу 30 посто поголем ризик за повреди одколку тие со планиран царски.
    Со искусен доктор и здрава бременост и јас би се одлучила природно, иако тоа најдобро го проценува доктор. Ама некогаш нема зошто да се ризикува и подобро е да се оди на царски.
     
    На Izzy_0504, Coco31, Kolors и 5 други им се допаѓа ова.
  18. CareTee

    CareTee Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    3.779
    Пол:
    Женски
    Јас имам пишано мислам, пред околу 30 години мајками ме има родено карлично, природно на гак. Со газот имам излезено среќа мало бебе околу 2500 кг. И тоа второ сум мислела полесно ќе помине со мене ахаа. Знам дека ми има кажано господ го видела од болки, и многу искрварела. И мм слична година роден исто карлично иста кг, исто второ дете првото природно го родила свекрвами него царски исто на гак.

    Значи нема правила, најмногу зависи од докторот и од поставеноста на бебето ваљда.

    И фали и дел од едната усничка ја имаат исечено, е сеа тоа дали било поради карлично што сум била или докторите незнам. Знам само знае да каже сум ја распарчила во буквална смисла.
     
    На GolemaMala му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Баш си ја распарчила, јака и душа на жената. Тоа се херои за мене. Е во ваков случај не знам како царскиот е потежок. Со две раце ќе потпишам одма на царски да одам.
     
    На Izzy_0504, ocicka2014, Kolors и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. GolemaMala

    GolemaMala Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2020
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    788
    Пол:
    Женски
    Пошто и двете ми беа карлично до сам крај, првото го родив природно, без никакви последици ни за бебето ни за мене, а второво царски. Да ми каже сега некој бирај, ќе одберам природно. Болките се јаки, ама кога ќе се породиш, толку е, не боли веќе ништо. А ова царскиов, не конкретно самата операција, туку она што следува после, многу потешко ми дојде. Да не беше покрупно бебе, немаше да прифатам царски.