Тоа е. Во тој момент не мислев на мене, туку само што ги слушнав ризиците се помирив дека ќе одам царски во ноќните часови, оправдано или не,се случи. Се нервирав после тоа, ама не може да се смени ништо, само сум среќна што сме добри и јас и син ми. За тоа сум благодарна.
Тоа се подразбира, коментирам за начинот и третманот на жената. Се сече и таму каде што не треба. Тебе те ставиле на непотребен ризик за пари и тоа е нечовечно и одвратно. И јас сум со царски ама двајца доктори кажаа дека нема опција природно.
Што знам може и стварно мислеле дека ќе има проблем ако бебето било големо и немало да помине па да се испостави дека е мал, да е грешка во мерките, како и да е тоа е моето искуство со Ремедика. Цимерката исто беше царски ради мала глава на бебето што заостанувала недела ипол во развојот, колку е и тоа индикација за царски не знам, ама по се изгледа по приватнате болници стварно се форсира царскиот за пари ли е за што ли е не знам. Пари ќе се заработат и ќе се потрошат ама да се подложуваат трудниците на сечење ради профит е неприфатливо.
Мене исто ми препорачуваат царски поради голема глава на бебето исто дека можело да заглави... не знам што да правам гледам мерките не се точни на ехо и на раѓање ама пак си велам што ако се точни... па цел живот да се јадам што не сум прифатила....
Јас планирам да се јавам да закажам. Поминаа 6 недели но немаше термин да одам. Па сега од понеделник да се јавам...
Се породив пред 48h со царски рез. Уште не сум го видела бебето. Дали мислите дека ќе имам проблем со доењето затоа што веќе поминаа 2 дена?
Барај да го видиш, освен ако не е во инкубатор. Нема да има проблем, со царски обично подоцна доаѓа млеко.
Zdravo devojki bremena sum veke 38 nedela cela bremenost custvuvam vina deka nemozam da se spremam psihicki za priroden porogaj. A site mi velat deka posle carski rez poveke maka ke imam ne znam kade mi e glavata