Од десната страна ме наболува малку повеќе, тоа ми е на мисла. Следен месец сум на контрола, ќе видам што ќе ми каже. А за кичмата да не зборам. Ако постојам наведната, потоа ми требаат 10 минути да се исправам.
Додека да заздрави, додека да биде кафена линија, ја лепев со газа а потоа само неа ја миев со купка од синко. Јас и ден денес над ги носам. Така и ке остане, езивко ми е нешто да го допира резот. Можно е. И можно е да не исчезне таа болка. Јас прашав дали е нормално да боли на секоја промена на време, ми кажа да, и не се знае до кога ке боли. Можеби и засекогаш.
Од неколку аптеки мм купи лепенки, сите ми се вадеа при контакт со вода, така да јас од прв ден ја мокрев. Најбитно е да е сува после миење. Ја мачкав со Пронтосан и презадовола сум. Гаќите не треба да ти се на самата рана.
Дури сабајлево собрав храброст и се истуширав, три дена после операција. Неверојатно ми беше како не осетив ништо. Внимавав да не нанесам гел за туширање во близина на раната. Внимавав и при бришење - ја поминав само со тапкање како што ми кажавте. И мрежести гаќи ми дадоа од болница, до кај папок негде доаѓаат. Му нарачав на мм да ми купи за дома исти. Фала ви на сите за советите, прв царски рез, прва операција општо, па бев малку уфуфкана
Ја отварам оваа тема за тие што биле породени царски да ја споделат причината за царскиот, и тие што се воспоставила во текот на активно породување и тие со однапред закажани царски породувања.
Аууу ама кажи чувството кога ќе се истушираш после царски Уште памтам колку ми беше убаво. @caka93 Требаше природно да се породам ама не се отворив, а контракции јаки имав цела ноќ и отидов на царски.
Има ли некоја искуство за втор природен после прв царски? Ми остана желба за природно породување, децата на 23 месеци ќе ми се разлика... Првиот беше итен царски, бебе се кали горе и никако не се спушташе, тонови изгуби и папочната врвца му беше 2 пати околу врат замотана. Пробувавме природно скоро два дена, некои 6 7 часа на бокс скроз отворена не можев да се породам. Сега сум 5 месец па на природно размислувам пак.
Се зависи од ситуацијата скоро секогаш има опција за природно и јас ќе се породев природно и многу лесно али за жал матката ми била поместена ради друга операција од слепо црево и неправилни контракции и сега ако пак останам бремена ќе си биде по природен пат осврн нели као се случи некоја икс ситуација качено горе бебе,папочна околу врат итн итн
Veke 20 den a uste imam bolki na ranata i nad nea,skoro do papokot koga se dopiram. Ranata onaka e ok. Normalno funkcioniram,so site domasni obvrski osven diganje tesko. Sto mislite,ok li e takva bolka
Бебе ептен клоца и знае да ме заклоца скоро 4 месеци е и сеуште ме боли така треба време да заздрави убаво
Барем 6месеци епрепорачливо но има секакво искуства така да најдобро консултација со гинеколог за процена на состојба и препорака.
Мене ми кажаа година ипол до две, ама ќе барам второ мислење. Во секој случај гинеколог ти е најстручен да ти каже.
Јас мислам дека секој случај сме различен.Мислам дека гинекологот што те следи ќе ти даде најдобар одговор. Мене заради комплициран царски ми рекоа да не планирам во нареди 2 години бременост. Прашав тогаш што ако во некој случај останам пред тие 2 години ми рече ќе видиме отом потом ама мој совет ти е да не остануваш.