Јас мислам дека не. Можеби препорачуваат, т.е. сигурно советуваат да не дојде до 4ти царски рез. Ретко кој доктор би ср нафатил да направи 4ти царски рез. Мора да потпишеш документ дека си согласна да ги подврзат и операцијата трае подолго.
Планирано беше да забремениш после само 3 месеци? И што ти викаат докторите за новата бременост после ссмо 3 месеци од царски?
Не беше планирано само се случи. А лекарите општо да избегнувам нервози стресови кревање тежина повеќе витамини овошје зеленчук и ме препишаа некаков чај од хибискус да го пијам преку целиот ден. Поздрав Убав ден.
Ти благодарам, само убавини да ти се враќаат Мене ме породуваше Башким Исмаили и Арта Исмаили беше присутна и презадоволна сум. Резот ми е мн прав Арта го правеше шиењето ги учеше специјализантите. Цела сала милион доктори хаха. Побарај си го нег, вообичаено во ординација е во петок од 12h и отиди мн е фин и опуштен мене два пати ме прегледуваше без да знае која сум. Искрено ќе ти кажам имав и минимални врски преку негов бивши колега ама јас се претставив дури после некој преглед ми беше срам хаха знам знам будала сум туку муабетот ми е немора да значи дека кај него мора и со врски, имаше жени во шок соба што беа кај него без врски им се паднал на преглед и третманот беше исти. Види персоналот е топ во Чаир и мн се фини сите почни од интензивна до одд и неонатологија. Јас бев во соба со уште една женичка и ептен се помагавме. Јас искрено мислам дека во Чаир персоналот и докторите се топ али има пациенти што се катастрофа и тоа боље не гледај по 4-5 дена си дома ако сте во ред немаш потреба толку да фрлаш пари по приватните. Ќе ти пишам јас се што ти треба во лп и ќе поминеш топ немај гајле... требаше уште на некој да му пишам ама бев во фрка тогаш млекото ми дојде и имав проблеми со градите па не успеав да пишам
И јас баш ова сакав да го искоментирам. Само нашиве доктори ти се мешаат во правото колку деца да имаш Во Америка жени раѓаат по 5-6 деца со царски зафат, но само кај нас неможе повеќе од 3. Јасно како ден е дека со секој последователен оперативен процес шансите за компликации се сѐ поголеми но ако жената решила да раѓа, тоа е само нејзино право, макар и по здравје, и треба да добие медицинска поддршка и нега. А кај нас веднаш ти нудат подврзување на јајцеводи. Еве на другарка ѝ понудија после втор царски да ѝ ги подврзат. Мислам дека е неетички.
Да баш е така. На другарка моја пред 3от царски и се појавиле со документот еве тука потпиши дека ги подврзуваме. Чекајте малце другари не сакам да ме осакатите. Барем она си сметаше дека ке биде осакатена доколку без нејзино барање биде подврзана. Може нема да сака 4то дете но психата е друга ако си знае дека нејзините јајници ја немат повејќе таа функција. А и јас би била. Може спирала ке си ставам зошто без мое барање да бидам неплодна. Сите на свој грб си ги носиме нашите одлуки. Нивно е да предложат а не да настојуваат. Има некои после првиот род си се одлучуваат но нивно право си е тоа нели. Само кај нас е мислам вака безвезно.
Сите царски? Браво што се нафатила. Во Америка раѓаат и комбинирано царски и природно. Кај нас не сакаат ни да пробаат. Ама па ни условите не ни се исти како во Америка. Сепак мислам дека повеќе од 3 деца со царски е навистина премногу ризично.
Убаво би било да предложат подврзување на јајцеводи, да ти ги објаснат ризиците од четврти царски, не секоја жена знае кои се опциите. Ама подврзување на јајцеводи без знаење на родилката не само што е неетички туку според мене е криминал. Пак ќе речам не знам дали е така ама некаде прочитав.
Мислам дека без согласност не смеат, барем така би требало да е. Во соба бев со родилка на која и беше трет царски и докторката и рече никако да не раѓа уште едно бидејќи едвај ја сошиле и би било ептен ризично. Така да мислам дека не превземаат ништо без знаење на родилката. Инаку мене друго ме мачи па ќе се надоврзам тука. Како се одлучивте за второ дете после царски рез? Искрено не ми е толку страв од царски и имам желба сега барем за уште едно, ама кога ќе се сетам како поминав ептен страв ме фаќа. Не сум се консултирала со доктор и не знам дали би имала избор за раѓање, а искрено и не би сакала да пробувам природно зошто многу се измачив првиот пат и пак завршив царски. А од друга страна не знам колку ќе бидам способна за да се грижам за две деца после породување со царски. Не можам да се одлучам никако а конечно ми се јави желба да чувам уште едно бебе, иначе решена бев дека ќе останеме со едно дете.
Немам уште родено, 36 недела сум со прв царски и трауматичен пораѓај. Исто, мислев нема да сакам уште еднаш да поминам преку тоа, преисплашена сум и сега ама ме води мислата дека ќе имам уште едно злато покрај себе, уште две очиња ќе ме радуваат и така терам. Нема ни 2 години да се разлика децата а јас се надевам дека ќе можам и природно да пробам, од доктор ми е одобрено бидејќи немам индикација за царски, првиот беше итен бебе преизмачено беше со папочна врвца околу врат, не сакаше да се симне од провокации. Незнам, ја гледам позитивната страна и така се одлучив. И да биде пак царски, едноставно ќе помине за некој ден и болка и се, мм е 24/7 тука за помош и поддршка па затоа и се решив. Можда некогаш би пробала и трето, здравје само. Многу сакам дечиња општо, обожавам да сум со нив и околу нив, се друго се заборава.
За едно 40% полесно операцијата ја поминав и првото станување А опоравена бев деновите во болница. 5от ден дома го кренав 18месечно бебе веднаш и функционирав како и денес
Јас немав некои тешкотии и со раната немав никаков проблем фала Богу освен многу јаки главоболки, ми требаше два месеци да се 'освестам'. Е сега најмногу ме мачи што не можев некако да се поврзам со бебето веднаш, кога го видов прв пат после не знам од прилика 17 часа после породување не чувствував ништо посебно. Некако го испуштив тој период и би сакала да го доживеам тоа чувство, многу ми е криво што беше така. Бебето не го чувствував за свое, имав премногу јаки главоболки и целиот тој процес пред и после операција и престојот во болница ми беше доста трауматичен а и пост породилната депресија си го направи своето. Сега веќе кога го поминав се тоа и детето ми е 2 години и 5 месеци би сакала уште едно бебе. Мислам и се надевам дека втор пат, по можност царски рез, би поминала подобро.
Сега вака Денес осеќам малку боцкање од едната страна на резот и баш пред малку се видов како по црвено е ? Дали тоа е нормално ? Тек заутре сум на контрола, се плашам да не е некоја инфекција ?
Како што знам јас не би требало да е некаква инфекција оти кога има инфекција болело така имам слушнато колку е точно незнам.
Одржувај го суво местото. Особено ако ти се преклопува кожа. Не е дтрашно ама штом е црвено иритирсно не. Не грижи се само суво да е стално
Мене матичниот прво ми се запна да одам на трето машко, а откако му кажав дека баш се радувам што и второво ќе е девојче ми понуди после царскиот да ми ставел спирала. Значи од каде право да ми коментира за полот на децата, или да ми нуди спирала, а не па подврзување на јајцеводи после 2 царски кој сеуште и не се случил. Ризиците и сама ги знам за секој нареден царски, ама не сакам едноставно да ми коментира како демек ако не сакаш трето машко дај да ставиме спирала. Ептен без веза муабет.
Леее ама се палам на ваков идиотски муабет. Значи ако е машко ајде вреди ризикот, а ако е женско не...Божем сме петти век